Уште едно успешно гостување оваа сезона
Иако имавме долг пат направивме брзо да ни помине Tргнавме во средата околку 12,нормално со големи количини алкохол и недозволени средства за релаксација
На пат кон Гумерсбах немаше поголеми контроли на граничните премини.На некоја патарина(не се сеќавам точно каде) во србија се сретнавме со гробари,5 автобуси,2-3 комбиња и 10тина коли,но не се случи ништо(излегоа 3ца гробари кои беа вратени од големиот број на џандари кои ги пратеа).Само неколку часа по оваа случка почнаа да ни стигаат пораки мислеиќи дека имало неколку наши повредени при „инцидентите“.Низ хрватска не се случи ништо посебно освен што беа испразнети неколку фрижидери од бензинските Да се напомене дека во Марибор се приклучи еден стар член на Комити кои доста добро не забавуваше во автобусот.И ете стигнавме во Германија,возачите може слободно да кажам дека беа ретардирани бидејќи користеа GPS,гледаа на табли и го утнаа патот 2-3 пати..Во гумерсбах стигнавме 3 часа пред натпреварот,а браќата од УГЕ заедно со Комити Дизелдорф веќе не чекаа таму.Пиејќи во центарот на градот бевме испровоцирани од еден грк кои бараше тепачка 3на3 или 30на30(не сум сигурен пошто кога се случувало ова не бев таму).Дечкото го добил тоа што го барал и притоа беше уапсен еден наш член,но ослободен по пола саат.
Дојде време за натпреварот,влеговме во салата,атмосферата слична на онаа од романија,стари луѓе со свирки,тапани,вувузели но овој пат без звучници.Како гумерсбах ја зголемуваше предноста,така ние бевме погласни и погласни.Дел од играчите треба да се засрамат бидејќи им пеевме и пола саат по завршувањето на натрепварот а дојдоа да не поздрават само 5-6 играчи.После тоа тргнавме накај Гелзенкирхен во канцаларијата на УГЕ.После 2-3 часа забава беше време да тргнеме за Скопје.По пат истите глупости кака за натаму.За назад уште еднаш се покажа глупавоста на возачите кои не купиле маркици за патарините во ЕУ.Поради тоа јадеа казна и после тоа немаа пари за нафта.После тоа префрлање од банки,wester union и такви глупости..Друго за назад нема што да се кажува освен чекањето на хрватско-српската граница.Тоа е тоа...повеќе и да сакам неможам да пишам пошто сум преморен..
П.С Секоја чест за Матес кој навиваше повеќе од некои наши членови
П.П.С Се надевам дека во четврток достојно ке ги испратиме играчите,и дај боже да го пречекаме Вујо како старо-нов тренер,па од наредната сезона барем да го повториме овој успех