Фан клуб - РК Вардар

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Не пишувај глупости зоте ...Секогаш кога ќе изгуби некој крив е судијата ..еве ако правиме збор за ова дерби судиите се интернационални ракометни судии така да сигурно ЕХФ не рангира секој со таква значка и знаат дека тие се достојни да судат во европските натпреварувања ... А што се однесува до натпреварот мн е јасно ...Разликата не е во класи туку е во Наумче ..Едноставно екипата каде што игра Наумче секогааш го освојува шампионатот ...Наумче има докажано дека заслужува да игра и за поголеми екипи и може да се носи со секој играч рамо до рамо..Секоја чест за него и сите треба да бидеме горди што го имаме како репрезентаивец..Затоа не зборувајте само навивачке гледајте ги работите објективно..
Не не, никаде не напишав дека судијата е крив, ама се виде вчера, бев во сала дека наши судии за оваков натпревар со големи тензии, да не речам како да се игра фудбал во втора трета селска лига, не може да суди некој што нема авторитет. Далеку од тоа и не навлагам дека судиите влиаеле над резултатот (знам ти ги браниш дека беа битолчани) вардар промаши три или четири зицери што ќе влиаеа на резултато и ако ги погодеше можеше да бисе спротивно овде и тогаш никој немаше да пишува глупости соред мене дека металург е класа појак од вардар. тренерто червар е класа - освоени златни медаљи, наумче е класа, другите играчи на металург се на исто рамниште со вардар. стручњаците ќе видат која била причината за поразот, ама сигурно нее дека металург е посилен од вардар.
 
Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547

Моментално ако зборуваме за класи Металург е една класа понапред од Вардар со тоа што Металург ги има Наумче и Червар ... Судиите не ги бранам затоа што беа од Битола туку затоа што знам за какви судии станува збор и ретко кој се жали од нив ..Сигурно ако не беа добри немаше да му дадат неколку пати да го судат моментално најголемото ракометно дерби во македонија ...
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Добри беа судиите вчера...и одлично си ја завршија работата...
Не оштетија ниедна од екипите...
Зоте,немој да мислиш дека ако се млади овие судии и неискусни дека немаат авторитет врз играчите..
Не знам дали го гледаше првиот меч,пред 2 месеци во Автокоманда...тогаш судеа интернационалните судии Николовски и Колевски,судии со поголемо искуство,посебно Ацо Николовски...
Па какво тргачење им удрија играчите...чудо нешто,дресовите им ги искинаа.
Вчера судиите не дозволија таква работа....
Е сега никој не им е крив на играчите на Вардар шо наместо да се концентрираат на играта тие покажуваа средни прстови ,плукаат,се закануваат и си довикуваат со некој од играчите на Металург,или со клупата..
Тоа ракометари се?Професионалци?
Го гледам Надовеза вчера...чоекот урла..даде 2 гола,нон-стоп беше накурчен,потроши 10 топки,направи две без врска ислучувања....
Учинок никаков...
Но друга работа...крив е и тренерот,наместо да ги смири играчите,тој ги остава тие да делат своја правда...
На другата страна сосема различна ситуација,го глеам Червар...авторитет...а некој станеше од клупата на Металург одма ќе го седнеше на место....
Се знае кој е THE BOSS..
Во Вардар ја немаат таа дисциплина....и резултатот е овај...
Да мислеа на играта,не на тоа кој е поголем тепач,и кој знае подобро да испровоцира противнички играч,сигурно ќе дадеа повеќе од 15 гола...ако не беа контрите немаше ни 10 гола да дадат....

И на крај.,,,Pelister 2008 точно ја долови суштината..
Екипата која го има Наумче е со едната рака на трофеите...едноставно дечкото е звер...алфа и омега....убедливо најдобар играч...ги заслужува парите....асистира..шутира..повлекува играчи...тој да не е....Металург нема да знаат кај тераат....
За улогата на Червар спомнав во претходните постови....
Тука е разликата...двете екипи инвестираат...во едната екипа има дисцилпина,секој си ја знае работата...во другата нема таква работа......
 
П

Паспарту

Гостин
Не не, никаде не напишав дека судијата е крив, ама се виде вчера, бев во сала дека наши судии за оваков натпревар со големи тензии, да не речам како да се игра фудбал во втора трета селска лига, не може да суди некој што нема авторитет. Далеку од тоа и не навлагам дека судиите влиаеле над резултатот (знам ти ги браниш дека беа битолчани) вардар промаши три или четири зицери што ќе влиаеа на резултато и ако ги погодеше можеше да бисе спротивно овде и тогаш никој немаше да пишува глупости соред мене дека металург е класа појак од вардар. тренерто червар е класа - освоени златни медаљи, наумче е класа, другите играчи на металург се на исто рамниште со вардар. стручњаците ќе видат која била причината за поразот, ама сигурно нее дека металург е посилен од вардар.
Зоте, не тропај зелени... Судиите си ја завршија работата сосема коректно. Батали го зицерот на Араповиќ, ние освен ПОРАЗ ништо друго не заслуживме... Тој зицер сфати го како капак на очајната игра на Вардар, а не како шанса за поволен резултат. Металург го има Номче, а ние за жал немаме таков 'класа' играч во нашиот тим. Далеку од тоа дека тимот на Вардар е слаб, Маркичевиќ, Надовеза и Продановиќ се одлични играчи, дури и се многу подобри од повеќето од играчите на Металург, но затоа пак колективната игра на Металург е три пати подобра од онаа на Вардар каде што секоја сезона доаѓаат по 10 нови играчи. И на крај, може сите да серат против Лино, но човекот е ТРЕНЕРИШТЕ! Ја прочита играта на Вардар во сите досегашни натпревари како што првооделенец ја чита 'Касни-порасни'...
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Добро секој има право на свое мислење. Јас нема д априфаам дека металург е појак од вардар и ќе видиме што ќе се случува понатаму.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.057
Епа понатаму не чека дуел со Тинекс Пролет. Кој сака во четврток ќе присуствуваме организирано и на овој меч. Конечно после долго време се враќам во Расадник на утакмица :)
Да не дозволиме да се повтори ланската сезона кога Тинекс ги уништи и онака нашите нали надежи за титула.
Иначе горе доле муабетиве ви се океј. Вистина е дека во Вардар Про во моментов владее недисциплина. За жал немаме човек кој ќе го среди тимот. Играчите играат опуштено, без агресија без воља, а тоа е недозволиво. Вистина е и дека за разлика од лани оваа година имаме поконкурентен тим, но сепак Михајло направи неколку грешки а најголемата е пуштањето на Велко Маркоски во Металург со што значајно ослабе нашата одбрана. Никако не смееше да се пушти Велко во главниот конкурент а истото важи и за резервнот голман Митревски.
Фали некоја грамада во одбрана од типот на Вукадиновиќ кој газеше пред неколку сезони. Верувам дека возот ќе тргне напред и дека тимот позитивно ќе не изненади барем во Европа. И првенството не е сеуште завршено па со една победа од 7-8 разлика што од сегашна гледна точка е научна фантастика се враќаме целосно во игра.
И не се сложувам дека имало фер судење вчера. Можеби сме навикнати да се губат судиите, али верувајте тоа беше случај и вчера. Неколку пати не беше досуден чист престап од играчите на Металург, кога ја направија серијата од 6-0 истотака беа направени многу грешки кои влијаеа на резултатот. Сепак ќе кажам дека и без тоа сигурно ќе загубевме.
Идеме понатаму, НАПРЕД ВАРДАР!!!
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Освен наумче,по мене голема разлика направи и пикерот,Ракчевич. Човекот двајца наши играчи ги држеше,ништо не му можеа,многу им отвараше простор на бековите нивни за влез,и за чиста позиција за шут....
Контрите нивни исто не утепаа,на Златко Мојсоски.... можда е дрво како играч,али има брзина,у контра 1 на 1 ситуација колку и да си тапа не се промашуе......
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Освен наумче,по мене голема разлика направи и пикерот,Ракчевич. Човекот двајца наши играчи ги држеше,ништо не му можеа,многу им отвараше простор на бековите нивни за влез,и за чиста позиција за шут....
Контрите нивни исто не утепаа,на Златко Мојсоски.... можда е дрво како играч,али има брзина,у контра 1 на 1 ситуација колку и да си тапа не се промашуе......
Мислам дека некој од нашиве играчи те демантираа на оваа утакмица доста пати.Особено контрата минута пред крај кој можеше да ги смени скроз работите....................
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Мислам дека некој од нашиве играчи те демантираа на оваа утакмица доста пати.Особено контрата минута пред крај кој можеше да ги смени скроз работите....................
Не ме сваќај буквално де -.-
Од 7-8 контри шо ќе ги истрчаш,6 гола бар ќе дадеш..... а 6 гола у ваква утакмица се многу....
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Може и не е најјако видео и најјако навивање на ракомет во Македонија некогаш :vozbud:

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
За една љубов живееме,за еден клуб навиваме..... 15 пати го преслушувам клипов,и секој пат се наежувам на почетокот.
Најако !
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.766
Поени од реакции
6.556
Vaka se saka klubot,vakva brojka ocekuvam vo februari koga ja igrame prvata utakmica doma so Kopenhagen od kpk !
 
Член од
8 декември 2008
Мислења
643
Поени од реакции
41
Јако јако, утре сите подршка за Р.К. Вардар во Кисела Вода, Тинекс-Вардар...ЕДЕН Е ВАРДАР!!!!
 
RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.722
Поени од реакции
3.095
Може и не е најјако видео и најјако навивање на ракомет во Македонија некогаш :vozbud:

Kako navivacka grupa definitivno DA ali kako atmosfera opsto u sala definitvino Bitola ja izdvojuvam kako prva, kolku da da se mrazime i ni se rivali toa e realnost i treba da se priznae ako igrame ferski, Bitola e najrakometniot grad vo Mkd i pokraj mizerijata na pelister tamu cela sala urla(se) iance mn dobri amtosferi se pravea i na Kometal blagodarenie na Komiti koga i samite pretsedteli na klubovi izjavuva ovde dnostvno nemoze da se pobedi (se misli na kale) i na R.K Vardar koa stignuvase daleku vo kup kupovite, se na se super navivanje a rezulttot ako bese i podobr za nas toa ke bese navistina... ludnicaaaa
 
Kajgana Shop

На врв Bottom