Фан клуб - РК Вардар

П

Паспарту

Гостин
Сосема заслужена победа на Металург, едноставно не одигравме ништо на овој натпревар. 15 минути да не можеш да дадеш гол е срамота, а за тие 15 минути едвај да упатиш 2 или 3 удари на голот е резил...

Ако веќе правиме тим, тогаш тој тим треба да се гради со години и постепено со 1 или 2 играчи да се надополнува, а не секоја сезона да играме со 90% нов тим, мислам дека тоа е најголемиот проблем во моментов.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Разликата не е до играчите...:nenene:
Туку до пристапот кон играта и Дисциплината...:smir:
Некој спомна дали Вардаровите играчи се репрезентативци....или некои од улица...?
Да прашате било кој од ракометните познавачи...ќе ви каже дека оваа екипа на Вардар има доста звучни имиња...Надовеза,Продановиќ е член на репрезентацијата на Србија...Маркичевиќ е солиден играч,Резничек не се снајде оваа сезона,иако се работи за добар играч,страшен шут има ...но се осеќа дека нема никаква дисциплина кај него и уиграност со останатиот дел од тимот:kesa:...дечкото си игра своеволно...рака на срце има разорен удар,ама џабе кога не може да го погоди ни оквирот на голот...
Тука се Јокич.Грбовиќ..и нешто послабите странци Симовиќ...слаб е овие сезони....Арапович,се изгуби дечкото денес....Суџум...
Со оглед на понудата на пазарот на Балканот Михајло состави силна екипа....и по имиња и по квалитет...
За ова мора да му се признае..
надопнети со домашните сили Борко,Даскаловски.Пецакот,пикерот Марковски...
Да се стави на кантар пазарната вредност на овие играчи со тие од спротивниот табор,сигурно не се поевтини и поневредни...:nenene:
Сигурно еден Јоноски,еден Мите Стоилов....Гоце Георгиевски....малиот Мојсо...Велко....не се некој квалитет тоа никако...ова се просечни играчи....:kesa:
Е сеа Мојсо,Ракчевиќ,Диви се класа играчи...би ги додал и глумецот Миркуловски,и незгодниот Левов.......и тоа е Металург...сигурно не е нешто посебно...
Посебно не за во Европа...:kesa:
Е сеа,која е нивната предност шо ги прави непобедливи?
Тактиката,и според мене ВОЈНИЧКАТА ДИСЦИПЛИНА пред се во одбраната..:sport1:
Ако не во нешто друго,Червар е мајстор за дисциплинирање на тимот..:zver:
Во ова се гледа големината на еден тренер...
Секој си ја знае својата задача.одлично покриваат простор во одбраната...максимално ја усовршиле таа зона од 6-0...за тоа секоја чест...
Е сеа,кога има таква одбрана пред себе,нормално е дека и Диви ќе биди во висина на задачата...:smir:
Во нападот си играат стрпливо...си ја чекаат својата шанса...
Не дека покажаа нешто посебно во напад денес...но Вардар беше преслаб за да направи нешто....
Некој го спомна и лежењето и виткањето по постигнување на головите,и тоа е мајсторство....:smir:
Си штедат време..,,ем се одмараат,ем шо е поважно спречуваат брз центар...
Тоа е тоа,на тактика ги убива Червар овие две сезони...не се некоја којзнае каква игра...
И металург не е нешто посебно...но мајсторски си ја одработуваат задачата,дисциплината е на максимум..знаат шо сакаат.....и ја казнуваат секоја грешка на играчите на Вардар....
Ја прочита играта на Вардар до детали Червар...целосно,нешто шо не им успева на тренерите на Вардар.,.....
Се додека вака стојат работите,нема шанса некоја екипа да го симне Металург од тронот....:nenene:
одлична алнализа и морам да признаам дека одлично ги познаваш работите, и ако е така кога велиш дека има квлаитетни играчи вардар тогаш наредната година би се менувало двајца тројца а костурот треба да остане.

и во право си за металург не успеаја да се пласираат во лига на шампиони по тоа се виде дека не се кој знае што овие играчи.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
Кој костур бе зоте, Вардар нема костур на играчи, треба да се шитнат сите третокласни сВрби ако сакаат да постигнат успех.
 
П

Паспарту

Гостин
одлична алнализа и морам да признаам дека одлично ги познаваш работите, и ако е така кога велиш дека има квлаитетни играчи вардар тогаш наредната година би се менувало двајца тројца а костурот треба да остане.

и во право си за металург не успеаја да се пласираат во лига на шампиони по тоа се виде дека не се кој знае што овие играчи.
Динамо Минск и Порто имаат поквалитетни или во најмала рака исти по квалитет тимови со овој на Металург, така да далеку од тоа дека Металург беше фаворит за влегување во ЛШ, тоа беше сосема очекуван резултат...
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Кој костур бе зоте, Вардар нема костур на играчи, треба да се шитнат сите третокласни сВрби ако сакаат да постигнат успех.

чекајте малку, што напиша tomas_bt?

Вардар има доста звучни имиња...Надовеза,Продановиќ е член на репрезентацијата на Србија.

Борко Ристевски Пецаковски па и братот на велко марковски се членови на мкд репрезентација,

Маркичевиќ е солиден играч,Резничек не се снајде оваа сезона,иако се работи за добар играч,страшен шут има ..

епа што сакаме кои играчи ги има металург? све од мкд репрезентација и тоа као што напиша еден тука златко и велко не се кој знае што! алушевски е на залез и ништо не покажа денес, едино мојосвски наумче им е класа и тренерот, другите се еднакви п оквлаитет со тие играчи на вардар.

е сега тим се прави и од тие што знат да бидат селектори, стално спомнувам за верон ко јдојде од лазио у јунајтед класа играч ама не му лежеше стилот ниту се вклопи во тимот. така и тука треба да ги поврзеш и слектираш играчите, не може било кој со кого да игра. у металург се знаат од репрзентација и тука имаат предност 90% се уиграни. толку од моево скормно разбирање и мислам дека со мали нијанси може да се корегира овој тим и да биде конкурентен.
 
Clint Eastwood

I'm watching you!
Член од
13 декември 2009
Мислења
622
Поени од реакции
211
...пред 3 години на Градски против Вардар едвај 20 луѓе се собраа.Читај на форумов и ќе си помислиш дека милиони ги има...
...tie se od onie doma sto imaat po nekoe suvenirce ili rekvizit od partizan ili zvezda,i sto navivaat preku "sportski zurnal".90% ne bile na navivacka tribina kako pripadnici na grupa...koga igral vardar so zvezda i partizan vo skopje doagjale da gledaat i navivale vo sebe...najcesto ja koristat recenicata:VIDE STO VI NAPRAIVME BRAAAT,VE ZGAZIVME U NEDELATA...Cleoooooooooooooooo:drk:...a recnikot im se sostoi najcesto od(jao brate......too majstore...idemo dalje....)i pretezno se od makedonska nacionalnost.sekoja cest za tie sto po nacionalnost im lici da simpatiziraat nekoj od ovie 2 kluba...:eek:ftopic:

--- надополнето ---

...Ако веќе правиме тим, тогаш тој тим треба да се гради со години и постепено со 1 или 2 играчи да се надополнува, а не секоја сезона да играме со 90% нов тим...
...bas taka,tocna konstatacija,ali neznam sto mu e filmot na mihajlo sto sekoja sezona pravi kompletno novi timovi,aj da ne preteram ali so po pola nov tim startuvase i sezoni nanazad.neznam sto tolku e problem istite pari sto gi dava sekoja godina za novi i novi igraci,da gi vlozi vo zadrzuvanje na tie sto se pokazale deka vredat i se dobar kvalitet za vardar.em ke se stvori kostur na ekipata,em ke se stvori nekoja navika i pogolem pocit kon imeto i dresot na vardar od tie rakometari,a ne vaka ko avtobuska stanica stana klubot(kaci se,simni se,doji,pojdi...)
 
SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Не ги пратам многу ама од ова што го видов денес можам слободно да кажам повеќе од заслужена победа на Металург, Вардар наместо да тепат повеќе требаше повеќе да се ангажират у нападот :)
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Многу лошо искрено. Очекував многу повеќе од Продановиќ, Надовеза и Маркичевиќ. За Резничек да не праиме муабет. Еве гледам, само еден удар погодил од вкупно девет. Катастрофа! Очигледно дека уште една сезона ќе се покаже како неуспешна...
Од трибина мислам дека се направи се да им се помогне на играчите да стигнат до победата, ама и тоа не беше доволно да се оствари истата.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.718
Поени од реакции
1.123
Еј ајде сеа не тресете вакво дерби онакво ... какво и да е за наши услови супер е :))) малце предолго траеа полувремињата на трибината вардар го добија натпрреварот со 5-0 али на терен не се покажа така металург доминираше во секое поле ама не ми е јасно зошто ќотече фанаа пирати :)) арно што и по комити не навалија
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Многу лошо искрено. Очекував многу повеќе од Продановиќ, Надовеза и Маркичевиќ. За Резничек да не праиме муабет. Еве гледам, само еден удар погодил од вкупно девет. Катастрофа! Очигледно дека уште една сезона ќе се покаже како неуспешна...
Од трибина мислам дека се направи се да им се помогне на играчите да стигнат до победата, ама и тоа не беше доволно да се оствари истата.

освен лентите на почетокот со што малку ги исековте играчите кои беа напалени за реванш :smir:

п.с. можеби сте мислеле на металург ќе го уплашите или исечете ама се покажа и порано дека сите прекини му одговараат на металург. не дека ова е причина за поразот ама секој детаљ е дел од слагалката за успех.
 
П

Паспарту

Гостин
...tie se od onie doma sto imaat po nekoe suvenirce ili rekvizit od partizan ili zvezda,i sto navivaat preku "sportski zurnal".90% ne bile na navivacka tribina kako pripadnici na grupa...koga igral vardar so zvezda i partizan vo skopje doagjale da gledaat i navivale vo sebe...najcesto ja koristat recenicata:VIDE STO VI NAPRAIVME BRAAAT,VE ZGAZIVME U NEDELATA...Cleoooooooooooooooo:drk:...a recnikot im se sostoi najcesto od(jao brate......too majstore...idemo dalje....)i pretezno se od makedonska nacionalnost.sekoja cest za tie sto po nacionalnost im lici da simpatiziraat nekoj od ovie 2 kluba...:eek:ftopic:

--- надополнето ---

...bas taka,tocna konstatacija,ali neznam sto mu e filmot na mihajlo sto sekoja sezona pravi kompletno novi timovi,aj da ne preteram ali so po pola nov tim startuvase i sezoni nanazad.neznam sto tolku e problem istite pari sto gi dava sekoja godina za novi i novi igraci,da gi vlozi vo zadrzuvanje na tie sto se pokazale deka vredat i se dobar kvalitet za vardar.em ke se stvori kostur na ekipata,em ke se stvori nekoja navika i pogolem pocit kon imeto i dresot na vardar od tie rakometari,a ne vaka ko avtobuska stanica stana klubot(kaci se,simni se,doji,pojdi...)
Или пак во најмала рака да се обидеше да ги задржи сите оние што отидоа во Металург бидејќи истите тие сега буквално не газат...
 
C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Заслужена победа на Металург и мислам дека се класа појаки играчи од овие на Вардар..Вардар нема лидер нема кој да ги води,кој да крене атмосфера во клубот и што е најтрагично повеќето од играчи одвај се познаваат меѓу себе..Иако со ваков состав покажаа дека можат да победат подобар тим од нив..
 
јас не се сложувам дека се калса појаки. тоа ќе го видиме догодина кога ќе се сретнат вардар и металург во регионална лига каде ќе судат странски судии , каде секоја утакмица ќе биде со висок квлаитет и тука ќе се види кој во такво темпо може да издржи.
 
Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547
Не пишувај глупости зоте ...Секогаш кога ќе изгуби некој крив е судијата ..еве ако правиме збор за ова дерби судиите се интернационални ракометни судии така да сигурно ЕХФ не рангира секој со таква значка и знаат дека тие се достојни да судат во европските натпреварувања ... А што се однесува до натпреварот мн е јасно ...Разликата не е во класи туку е во Наумче ..Едноставно екипата каде што игра Наумче секогааш го освојува шампионатот ...Наумче има докажано дека заслужува да игра и за поголеми екипи и може да се носи со секој играч рамо до рамо..Секоја чест за него и сите треба да бидеме горди што го имаме како репрезентаивец..Затоа не зборувајте само навивачке гледајте ги работите објективно..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.057
Еве како медиумите го проследија мечот...
http://sport.mnogoo.mk/mk/articles/Rakomet/vardar-pro-vo-klinichka-smrt
http://a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=10/jugo-12-12.wmv&VestID=131543
http://sitel.com.mk/video/rakomet/metalurg-go-pobedi-vardar-pro
И нешто за нередите...
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/krivichni-za-navivachi-na-%E2%80%9Evardar%E2%80%9C-i-%E2%80%9Emetalurg%E2%80%9C-za-neredite
И секако ништо за одличната атмосфера.
Дали е изггубена сезоната???
За да го освоиме трофејот ни требаат две победи од по 6 разлика, а тоа со моменталните состави е нешто невозможно. Треба чудо да се случи за да го освоиме трофејот. Се надевам Михајло ќе се засили допрва, и ако ништо друго барем да имаме достојно преставување во Европа, а зошто да не атакуваме и на купот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom