Здраво, прв пост на овој форум, почит кон ветераните.
Интересна тема а и ме интресира воена историја па еве и јас се приклучив. Е сега за Русија. Секако не е она што беше но не е ни за подценување. Мислам дека моментално се таман толку силни колку им треба (иако некаде прочитав дека никогаш неможе да бидеш премногу силен). Во наредни 2-3 децении единствени непријатели можат да им бидат мали држави како Грузија со ретардирани водачи така што ако се паметни (е сега ова може да им е проблем) и да ја средат економијата на приближно ниво како западот се ке им биде ок.
Што се однесува на судирите на Американско против Руско оружје секогаш се земаат Израелско - Арапските војни. Ке кажам нешто, Ве молам не мислете дека ги мразам арапите или сум расист:
Арапите не ги бива за модерна војна, никогаш не ги бивало ниту ке ги биде (зборам за последните 50-ина години, за време на Мухамед било друго).
Не е до оружјето туку до оној кој го употребува, на пример во Израел се станува генерал со 29 години ако си бил на фронт од искачање од академија. Во Арапските земји се станува генерал ако татко ти е генерал, нема везе што твојот колега е по надарен од тебе за воени прашања, таткото му е селанец и он може да биде само поручник цел живот.
По првата заливска војна светот разбра дека Израелците не се супер-војници туку дека непријателите им се слаби. Еве интересна статија од Американски офицер што ја тренирал Египетската армија
http://www.unc.edu/depts/diplomat/AD_Issues/amdipl_17/articles/deatkine_arabs1.html
Значи во армија со никаква соработка меѓу родовите (замисли напаѓаш на укопан непријател и сакаш артилериска или воздушна подршка и не ја добиваш дур не пројде низ 10 проверки) каде политиката е побитна од воените прашања и се тоа во култура каде верноста на кланот е над верноста кон државата не е чудно што толку смешно губат војни.
Исто така нивната опрема е полоша од регуларната Руска (на пример источно Германските Т-72 имале 3 пати посилен оклоп од Ирачките Т-72) што во комбинација со наведените карактеристики доведува до срамни порази.
Мислам Ирак не можеше 8 години да го победи Иран кој во моментот поминува низ Исламска револуција, распаѓање на системот, офицерите во затвор а главната Иранска тактика е да се јуриша право кон Ирачаните. И пак Ирак губи и покрај тајна подршка од цел свет а УСА дури им дава и бојни отрови.
Е сега за носачите на авиони: тотално непотребни планини од метал освен ако не водиш агресивна војна и ти требаат а проекција на сила. War Nerd е можеби луд и претерува но човекот има право за некои работи, пред се за водење модерна војна и се слагам со едно мислење, војната не е прашање на оружје туку на луѓе.
http://exiledonline.com/the-war-nerd-this-is-how-the-carriers-will-die/
(прочитајте му ги и другите колумни, супер се)
Жртвите во Виетнам кои беа спомнати се резултат на граѓанска војна и конфликт со неспоредливо помоќен странски окупатор, а жртвите не се начин на прогноза за тоа кој ке победи. Мислам ако беше така ке зборевме Германски сега (или не дај боже Бугарски).
За загубите, пред се во авиони, секогаш се зборело дека коалицијата не изгубила ниту еден авион во воздушна борба во првата заливска војна, а сега искача дека сепак неколку Ирачки ветерани кои биле во воздух (со нивните инфериорни авиони) успеале да соборат неколку авиони, и ова се открива сега после 18 години, кој знае што ке се открие за 28, 38...... а и неуништивите М1 Абрамс некако лесно горат од РПГ.
ОК, посао зове, хев ту гоу....за крај Tom Clancy е писател за млади американски тинејџери кој нема врска од војна и избегнал одење во Виетнам кој мисли дека технологијата на УСА > све друго.
Инаку супер е форумот и прочитав некои многу интрсни мислења,
Поздрав,