Ин витро

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
При вештачко оплодување голема е веројатноста да се родат близнаци, меѓутоа од тие близнаци скоро секогаш едното завршува со смрт, а другото што останува е со одредени пречки во развојот. Затоа не треба човекот да се прави Господ колку и да се обидува никогаш не може да го изведе тоа во совршенство.
хм,од каде си сигурен за тоа?ете на мои блиски роднини им се родија близначиња вештачко оплодени,наполнија една година и живи,здрави се и ништо не им фали.На една наша пријателка и се роди девојче има две години веке и таа е толку паметно девојче,да се чудиш.Значи има примери што покажуваат дека и не е толку опасно вештачкото оплодување :smir:а за тоа дали ке се сретнат деца од исти татко баш неодамна се насмеав пишуваше за човек кој имал незнам точно колку ,мислам 17деца од неговата сперма па за да не дојде до инцест секоја година организирале средба за да се запознаваат децата-значи пак некој ке треба да се погрижи и за тоа:pipi:
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Еве како е решено тоа:

Брачните парови кој поради здравствени причини не можат да имаат деца покрај методата ин витро добиваат уште една можност. Со новиот предлог закон за биомедицинско потпомогнато оплодување се овозможува доброволно донирање на сперма од полнолетни мажи. Вакво право ќе имаат и девојки кои сакаат да имаат дете а не се во брачна заедница. Профилот на донаторот на половите клетки ќе биде достапен за примателот во делот за евентуално наследните болести, неговиот идентитет не се открива.

Донаторот на полови клетки претходно ќе потпише изјава во која тој нема да бара право на старателство врз идното дете. Со сперматозоидите на еден донатор ќе се родат најмногу две деца. Единствено прашање кое не беше јасно објаснето е - како ќе се контролира подоцна доколку овие две деца од еден донатор стапат во брак и дојде до можна појава на инцест.

Половите клетки од донаторите ќе се чуваат и вградуваат во здравствени установи кој ќе добијат акредитација од министерството за здравство. Донирањето на сперма е бесплатно и за дарителот и за мајката.

Селмани вели дека во законот ќе се прецизира дека секоја мајка оплодена на ваков начин ќе биде должна да го информира своето дете но и донаторот на половите клетки ќе има законска обврска да го информира своето потомство – во специјален државен регистер за биомедицинско потпомогнато оплодување ќе се води евиденција за генетски наследниот материјал од донаторот.


http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=28416&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
 

Spore

Kalabangaa
Член од
11 јануари 2009
Мислења
148
Поени од реакции
3
хм,од каде си сигурен за тоа?ете на мои блиски роднини им се родија близначиња вештачко оплодени,наполнија една година и живи,здрави се и ништо не им фали.На една наша пријателка и се роди девојче има две години веке и таа е толку паметно девојче,да се чудиш.Значи има примери што покажуваат дека и не е толку опасно вештачкото оплодување :smir:а за тоа дали ке се сретнат деца од исти татко баш неодамна се насмеав пишуваше за човек кој имал незнам точно колку ,мислам 17деца од неговата сперма па за да не дојде до инцест секоја година организирале средба за да се запознаваат децата-значи пак некој ке треба да се погрижи и за тоа:pipi:
Нормално дека се раѓаат и здрави дечиња, ако се раѓаа сите со маана ќе се забранеше одамна invitro, ама има многу голем број на случаи каде што се родени деца со маана или едно починува.
Летово кога бев на одмор и имаше една група дечиња што си играа во песокот и само едно беше настрана од нив, се гледаше дека нешто не е во ред и потоа разбрав дека детето било инвитро.
Во секој случај има голем ризик со инвитро оплодувањето.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
:kesa: Боже мили какви ли коментари нема да прочитам овде, деца ве молам земете прочитајте што значи тоа вештачко оплодување пред да почнете да тресете празна слама.
Вештачко оплодување не е само оплодување со сперма од банка, тоа е во случај к
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Немаше ни да коментирам на темава со оглед на тоа како ја поставил Тодор но сепак, не може да му се замери си прашал нешто што секого би го позамислило, сепак не знаел дека истото на некој начин е уредено а и на крај на краиштата се е можно... има секакви ситуации и коинциденции барем во тоа верувам дека повеќето сме уверени...
При вештачко оплодување голема е веројатноста да се родат близнаци, меѓутоа од тие близнаци скоро секогаш едното завршува со смрт, а другото што останува е со одредени пречки во развојот. Затоа не треба човекот да се прави Господ колку и да се обидува никогаш не може да го изведе тоа во совршенство.
А постов кој го цитирам е чист промашај.... статива, (чист пример за размислување на човек што мисли дека знае нешто а фактички за истото нема врска)
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Нормално дека се раѓаат и здрави дечиња, ако се раѓаа сите со маана ќе се забранеше одамна invitro, ама има многу голем број на случаи каде што се родени деца со маана или едно починува.
Летово кога бев на одмор и имаше една група дечиња што си играа во песокот и само едно беше настрана од нив, се гледаше дека нешто не е во ред и потоа разбрав дека детето било инвитро.
Во секој случај има голем ризик со инвитро оплодувањето.
има и така ризик природно да родиш и да му фали нешто зар не?
Тоа така старите баби викаат,леле тоа е вештачко мори му фали нешто!
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Немаше ни да коментирам на темава со оглед на тоа како ја поставил Тодор но сепак, не може да му се замери си прашал нешто што секого би го позамислило, сепак не знаел дека истото на некој начин е уредено а и на крај на краиштата се е можно... има секакви ситуации и коинциденции барем во тоа верувам дека повеќето сме уверени...

А постов кој го цитирам е чист промашај.... статива, (чист пример за размислување на човек што мисли дека знае нешто а фактички за истото нема врска)
couldn't agree more :smir: ин витро оплодувањето е веќе толку добро развиено што е минимизиран ризикот од компликации (иако се уште постои ризик од срцеви болести, но тој секако постои и при природното зачнување на бебе, и како една од најголемите компликации се смета раѓањето на близнаци, тројки, понекогаш дури и четворки при што бебињата понекогаш се раѓаат прерано). темава малце ми личи на маалски муабети. знам еден куп луѓе што зачнале дете на тој начин и апсолутно ништо не им фали на децата. тоа само им помага на луѓето кои по природен пат не би можеле можеби никогаш да имаат дете. не гледам апсолутно ништо лошо во оваа метода.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
:kesa: Боже мили какви ли коментари нема да прочитам овде, деца ве молам земете прочитајте што значи тоа вештачко оплодување пред да почнете да тресете празна слама.
Вештачко оплодување не е само оплодување со сперма од банка, тоа е во случај к
А ти вака како најпаметна и најупатена во случајов, си зеде да право сите да ги омаловажиш и да се истакнеш над нив со еден пост од две реченици, со кои апсолутно ништо не кажа? А и да, темава е токму за вештачко оплодување со сперма од банка. Прочитај уште еднаш, па ќе видиш дека не те лажам.:wink:
А на темава ... немам ништо против вештачкото оплодување, бидејќи не ни знам до кој степен на очај се родителите кои не можат да имаат свои деца, а верувам дека истиот го оправдува тој чин. Иако, поприфатливо ми е да се присвои некое веќе родено дете, кога веќе не може да се има едно заедничко од двајцата партнери.:toe:
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Ај да придонесеме малку на темата, наместо исмејување. :)

Прво, нема термин вештачко оплодување, туку биомедицинско потпомогнато оплодување. Под ова се подразбираат двата вида оплодување: од сперма на мажот или доколку таа можност е исклучена тогаш има опција сперма од донатор.

Еве дел од стручното објаснување, а целиот текст може да се најде на следниот линк: http://www.mia.mk/default.aspx?vId=57112999&lId=1&pmId=

... Корисници на правото на БПО можат да бидат полнолетни мажи и жени кои се во брак или живеат во вонбрачна заедница ако претходното лекување на стерилитетот е неуспешно или лекувањето со други методи е безизгледно. Предност во законот е дадено на оплодувањето со сопствени полови клетки, но ако тоа не е можно од медицински причини, тогаш во законот е уредено кој може да биде донатор на полови клетки, како може да се спроведе донирање и користење на полови клетки и ембриони. Овластените здравствени установи, покрај обврската за обезбедување на сите неопходни услови, стандарди и соодветен персонал за изведување на постапката, мора да ја гарантираат заштитата на сите лични, медицински и генетски податоци за донаторот и примателот, и да преземат неопходни мерки да не се открие идентитетот на донаторот и неговото семејство, како и идентитетот на примателот.
Донирањето полови клетки е доброволно и за тоа не смее да се бара и добива паричен или друг вид надоместок. Законот забранува бирање на пол на идното дете, освен за одбегнување на тешка наследна болест поврзана со полот. Исто така се забранува мешање на полови клетки, тргување, договорање, посредување и јавно огласување, а не е дозволено ниту таканареченото „сурогат мајчинство“, односно раѓање дете за друг. Со законот строго се забранува секаков вид клонирање или вкрстување на човечки клетки со клетки од животни. Секој евентуален обид за вакво нешто се третира како тешко кривично дело за што е пропишана казна затвор до пет години. Останатите казни предвидени за прекршувања на законот, се движат од 7.000 до 12.000 евра, во зависност од тежината на сторениот прекршок.

Корисници на правото на БПО можат да бидат полнолетни мажи и жени кои се во брак или живеат во вонбрачна заедница ако претходното лекување на стерилитетот е неуспешно или лекувањето со други методи е безизгледно. Предност во законот е дадено на оплодувањето со сопствени полови клетки, но ако тоа не е можно од медицински причини, тогаш во законот е уредено кој може да биде донатор на полови клетки, како може да се спроведе донирање и користење на полови клетки и ембриони. Овластените здравствени установи, покрај обврската за обезбедување на сите неопходни услови, стандарди и соодветен персонал за изведување на постапката, мора да ја гарантираат заштитата на сите лични, медицински и генетски податоци за донаторот и примателот, и да преземат неопходни мерки да не се открие идентитетот на донаторот и неговото семејство, како и идентитетот на примателот.
Донирањето полови клетки е доброволно и за тоа не смее да се бара и добива паричен или друг вид надоместок. Законот забранува бирање на пол на идното дете, освен за одбегнување на тешка наследна болест поврзана со полот. Исто така се забранува мешање на полови клетки, тргување, договорање, посредување и јавно огласување, а не е дозволено ниту таканареченото „сурогат мајчинство“, односно раѓање дете за друг. Со законот строго се забранува секаков вид клонирање или вкрстување на човечки клетки со клетки од животни. Секој евентуален обид за вакво нешто се третира како тешко кривично дело за што е пропишана казна затвор до пет години. Останатите казни предвидени за прекршувања на законот, се движат од 7.000 до 12.000 евра, во зависност од тежината на сторениот прекршок...
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
gledam po televiziive kazuvaat kolku dobar cin e ova i se prasuvam kako gledaaat na tolku dobrina
sto ke se sluci dokolku toa dete devojce ili momce slucajno se najde so svojata sestra ili brat sto ke se sluci togas
kakvo potomsvo ke imaat tie
vo sekoj slucaj ova za mene e bas ne human cin podobro da posvoite dete otkolku da sozdadete nesto koe realno ne bi trebalo da postoi
мислам дека ако им го кажеш ова на неплодни парови (во случај кога мажот е неплоден нели) ќе те стават на клада- и со право
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
мислам дека ако им го кажеш ова на неплодни парови (во случај кога мажот е неплоден нели) ќе те стават на клада- и со право
Не треба да изненадува ваквото мислење. Во светот има цели организации кои се борат против вештачкото оплодување и тврдат дека е грев да се има дете кое не е на родителот во бракот, а да не зборуваме ако се работи за донација на сперма (тоа ти е веќе и грев за мастрибуирање).
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
140
Поени од реакции
8
mhmmmm, In vitro(vo casa) nadvoresno telo, reproduktivna tehnoloska metoda, zatoa i velam deka ne e prirodna.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Samiot termin- ime si kazue, so moze da ima ubavo vo vestackoto.

mhmmmm, In vitro(vo casa) nadvoresno telo, reproduktivna tehnoloska metoda, zatoa i velam deka ne e prirodna.
Зашто така зборите за вештачкото оплодување?
Во светот има многу иновации, се оди напред, медицината има многу нови откритија а едно од нив е вештачкото оплодување.
Тоа не е замена за природното оплодување, него кај брачните парови каде жената не може да забремени како солуција го имаат вештачкото оплодување. Зашто да не пробаат ако се во можност и не ги искористат предностите што ги дава медицината?
Не мора вештачкото оплодување да се споредува одма со оплодување од непознат донатор и од сперма од банка.
Најчесто се врши со оплодување од спермата на мажот, каде од Х медицински причини не може да се случи забременување по природен пат.

Имам две братучетчиња близнаци родени со вештачко оплодување и двете се живи и здрави. Нивниот татко си е вистинскиот татко значи нема тука непознати донатори.

Е сега нормално има ризици.
Па има постојано ризици и при природна и нормална бременост.
Нормално е да има и при вештачко оплодување. Најчесто не се забременува од еден обид, него потребна е упорност и многу често резултатите се позитивни.
Само што ова чини доста, така што не можат сите кои не можат да забременат по природен пат да си дозволат ин витро.

Јас апсолутно го подржувам!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom