Ѓорѓи Крстевски на турнеја “Моето име е Македонија“
Точно напладне во Штип на велосипед денеска пристигна поп пејачот Ѓорѓи Крстевски, кој е на турнеја низ Македонија во своја организација насловена како “Моето име е Македонија“, јави дописникот на Нетпрес.
“Ова е начин да го изразам мојот револт кон оние земји кои сакаат на сила да ни немтнат нешто што не е наше и да прифатиме компромис за нешто што не сме заслужиле. Не се разбирам во политика, но убеден сум дека секој Македонец за ништо не би се откажал од својот идентитет“, изјавил естрадниот уметник.
Тој бил пречекан од претседавачот на општинскиот совет, Драги Илиев. Крствески на Штип му подарил статуетка како симбол на непокорот на македонштината.
Ова е е втор ден од неговата турнеја. Тој денес продолжи за Велес, а оттаму за Струмица каде ќе преноќева. На својот пат има предвидено да обиколи 15 града во државава, до идната среда кога планира да се врати во Скопје, од каде тргна.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 27.03.2008 17:20:13