Предлог за уставно име што НЕ СМЕЕ да се прифати

PIRRO

Walking away
Член од
25 ноември 2007
Мислења
561
Поени од реакции
7
koga veke pravime muabet i birame iminja ajde da se soglasime deka ne vleguvame vo nato.no toa braka moj i sestri samo pod eden uslov cvrsti garancii od "brakata" albanci deka nema da prezemaat nikakvi cekori za podelba na ovaa drzava.a toa tesko bi go dobile a i da go dobieme tesko deka ke se ispocituva poveke od 2-3 godini.ako vleze albanija vo nato a ke vleze a nie ne logicno e deka tie koga togas ke pobaraat da odat so zapadniot del vo kosovo.i koj ke gi spreci togas nato .sigurno ne zatoa sto albanija ke bide nato i tesko ke dozvoli bilo kakva intervencija.no da bideme optimisti za razlika od nasiot premier deka sepak ke uspeeme na najbezbolniot za nas nacin da vlezeme vo taa nato alijansa
КОИ БРАЌА... ОНИЕ КОИ НЕМАШЕ ДА ГИ СОБЕРЕ ЈАДРАНОТ ?...

Сад је касно да се кајеш... :salut:
 

PIRRO

Walking away
Член од
25 ноември 2007
Мислења
561
Поени од реакции
7
Идиотов мисли дека за време комунизам се фураше теорија за континуирани македонци од древнина до денес - што е апсолутна вистина, ама тоа беше потиснато од комунизамот...

Шпироооо неписмен еден...
Да бе во комунизмот немаше теории за континуитет од древните македонци, потиснато ... јебига комунизам, а сега па дeмократија и можеш да тврдиш теории све и свашта... пример албанците се потомци на англичаните и ирците па на американците па затоа сега произлегува теоријата да се викаме USA :) проблемот е што не се дозвлува копија на името Америка па затоа во преговори со американците ќе се договориме да се додаде придавка и да се викаме UNITED STATES OF ALBANIA
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Да бе во комунизмот немаше теории за континуитет од древните македонци, потиснато ... јебига комунизам, а сега па дeмократија и можеш да тврдиш теории све и свашта... пример албанците се потомци на англичаните и ирците па на американците па затоа сега произлегува теоријата да се викаме USA :) проблемот е што не се дозвлува копија на името Америка па затоа во преговори со американците ќе се договориме да се додаде придавка и да се викаме UNITED STATES OF ALBANIA
Ашто ме боли мене курот...
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
одиме офтопик, ама прашај ја сестра ти дали го немам :wink:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Прашањето е како Р.Македонија ќе стигне до тоа прекројување на границите и дали ќе добие нешто од тоа прекројување или пак нема да постои оваа држава ... Ова второво пореално мене ми се чини... Сега најискрено, навистина некој мисли дека ако Р.Македонија не стане членка на НАТО И ЕУ албанците во државава нема да се бунат ?... Па убаво ви објасни Геровски... Албанците со влезот во ЕУ ја гледаат голема Албанија без граници и тоа на мирен начин,без војни,без жртви... Инаку сите знаеме дека војната во 2001 почна за да се смени системот на државава во федерација... Значи тоа е план Б а Македонија без никаква подршка од соседите и ако ја изгуби подршката од меѓународната заедница нема ниедна шанса да опстои... Прекројување на границите веќе се дискутира во ЕУ, неофицијално и тоа со лобирање на Србија ... Освен тоа ЕУ треба да ја финансира косовката администрација, зошто не би и се доверило тоа на Албанија (обединување) и ова се дискутира... Затоа памет в глава...
We can do this in the hard way or in the easy way... Се ми се чини америте му го кажале ова на Грујо... а овој пак плаче по дада и мама..
Албанија ќе го финансира Косово????:pos2:
 

Go2bed

Vasilij Zajcev
Член од
2 март 2005
Мислења
972
Поени од реакции
13
Ај сега вака...Бидејќи според последните изјави од Атина дека бараат и во пасош да се стави новото име, повеќе од јасно е дека ќе ни опнат ВЕТО, освен ако не дојде шумарот да ги затепа сите, сакам да поставам едно прашање:
ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОСЛЕ САМИТОТ НА НАТО??
ДА ГИ ПРЕКИНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ГРЦИЈА И ДА БАРАМЕ ДА БИДЕМЕ ПРИМЕНИ ВО ООН КАКО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ИЛИ ДА СЕ ПРОДОЛЖИ СПОРЕД МЕНЕ ОВОЈ БЕСМИСЛЕН ДИЈАЛОГ???
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
ДИЈАЛОГ????

ОВА Е МОНОЛОГ! ОД НАЈДОСАДНИТЕ!
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Eве ги предавниците што мислат околу последниот предлог.Што држи оваа земја,колку и е тешко.


Пратениците го поддржаа последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за името на Македонија, кој беше изнесен на последната рунда преговори во вторникот, во Њујорк.
Според пратеникот на ЛП, Стојан Андов, предлогот се разликува од досегашните и смета дека е коректен и фер.
“Мислам дека е коректен и фер и е здрава основа за постигнување договор со Република Грција. Македонија треба да го прифати како таков, како здрава основа за договор“, изјави Андов.
Пратеникот од Нова Алтернатива, Ѓорѓи Оровчанец, ги повика претседателот и премиерот да го прифатат предлогот и да ја внесат земјата во НАТО.
“Со тоа ќе не воведат во нови демократски води и ќе го потврдиме и сочуваме она што е наш идентитет, уставното име на Македонија“, изјави Оровчанец.
Новите социјалдемократи како посериозни партнери го поддржуваат премиерот да остане во овој процес, конкретно за овој предлог.
“Подолго време му сугериравме на премиерот да направи компромис со цел Македонија да добие покана за НАТО“ вели Анастасовски.
Според него, предлогот апсолутно не треба да се отфрли бидејќи тоа веќе го направи грчката страна. “Треба да се остане во преговори во овие последни пет дена со конечната одлука да излеземе сепак како победници“ вели Анастасовски.
Премиерот Никола Груевски вчера го испрати предлогот на Нимиц до сите политички партии. Нимиц предложи Република Македонија на кирилица за домашна употреба и Република Македонија (Скопје) во англиска верзија за меѓународна употреба.

Автор на веста: Нетпрес
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
abe dzabe e se i da go prifatime ova Grcite go odbivaat sekako ...nema nikakov blef od Grcite ...nivnata cel e jasna ...ponistuvanje na Makedonskata nacija
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Добро, ајде и вака да ги поставиме работите.

Не само во текстот од Самарас,а и општо земено јасно ни е дека Грција НЕ САКА да постоиме вака или онака.
Нивната цел е јасна и овој спор не само што е наметнат, не само што е абсурден, туку служи само како маска за светот.

ЗАР ВИЕ МИСЛИТЕ ДЕКА НИЕ ВООПШТО МОЖЕМЕ ДА ПОСТИГНЕМЕ КОМПРОМИС СО ГРЦИТЕ???

Грците НЕ САКААТ решение, намерно го одржуваат спорот и ќе одбијат било каков предлог и ќе најдат било каква причина за да продолжат по нивниот долгорочен план:

Евентуалното невлегување на БЈРМ во НАТО би го забрзало процесот на внатрешно распаѓање на државата не како таква, туку како “лулка на македонската нација“. Ќе биде забрзан процесот во кој албанскиот иредентизам ќе делува како инструмент за да се сопре македонскиот иредентизам. На тој начин, “македонската идеја“ ќе биде победена еднаш засекогаш.



Кој ви гарантира дека откако ќе го смениме името ( од што после нема назад) дека Грците сепак нема да ни стават ВЕТО???


Да не биде работата, ем без име ем без НАТО.

Значи разберете, упорно пишував во сите претходни постови и пак ќе кажам, Грците не сакаат решение, а ние не можеме да водиме постојано искрена,потчинета политика бидејќи НЕМА резултат.


Што и да биде, треба да сме трезвени и сложни , а не лесноумни и наивни!


 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Баш затоа и јас сега навивам да се прифати овој предлог. Тоа ќе биде многу добар потег од тактички аспект. Ние да го прифатиме предлогот а грција да го одбие.За нив ова име е апсолутен пораз,но уште поголем пораз е да влеземе во НАТО и да имаме статус на РАМНОПРАВНИ Членки.
Мислам дека американциве ја гураат работава во наша полза Дали ќе ја искористиме оваа предност......ќе видиме.Во секој случај ќе биде интересно деновиве.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Ako stavat veto ..posle 4 april sakam od vladata ekstremen akcionen plan pritv Grcija......stavanje vizi za Grcite,pogolemi danoci za Grckite firmi i red drugi raboti ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom