Предлог за уставно име што НЕ СМЕЕ да се прифати

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Веќе еднаш го имаш кажано истото но со поинаква метафора:


Одговорот ти е даден, еднаш засекогаш, од Сердарот:



Па ти продолжи со лекции по дипломатија ако сакаш, само внимавај на кој универзитет ги држиш...

супер
ме радува што пратиш дискусии, во тој случај мојот став по името ти е познат. глупо звучи ова да се има став за тоа прашање, ама ете така мора да се рече :)

ако јас речам дека ми мириса на промена на име или слично, тоа не значи дека за тоа јас навивам, ниту дека кобам, ниту дека перам мозок. НЕ СУМ ТОЛКУ МОЌЕН :) едноставно размислувам гласно за она што не сакам да се случи.

инаку како мал се сеќавам кога го сменија знамето, имаше стотина загрижени македонци пред собрание што се обидуваа да направат нешто, да го сменат знамето што висеше на јарболот, вентилаторот никој не го сакаше (денес си го лапнаваме како поп сарма за св никола) и ништо не се случи, кумовите на името и знамето палеа и гасеа во македонија. ок, ќе речеме такво време беше. глуво

дојде референдумот пред некоја година, се избрукавме! да се биде или не.. тртки, одбравме "да не се биде", никому ништо.

да се надеваме дека сега е дојдена коска до нож, и дека некој заканата ќе ја претвори во дело. ништо не иницира на таков радикализам, но еве да речеме дека така ќе биде.

ајде, ќе почекаме.. иако гледан ми е филмот најмалку 10 пати
 
Да бидам искрен, ми се допаѓа односот на нашава влада : ги оставија педерите да се истрчаат како прле пред магаре и да кажат дека не им одговара предлогот. После тоа, нашиве ќе кажат : “Ете, ние бевме спремни на компромис ама Грција го одби. Не можеме ништо ние.“ Едноставно царски!!! :music3:

Postojano ti kazuvam ovde deka si mnogu naiven, ama tebe pamet ne ti ide :) ......grcite se samobendisani glupanderi.....ama ne se ludi :)....samo gledaj....
Resenie so niv e Teba metodot..............i ako dae Gospod.....
 
Абе на Караманлис утре треба да му се гласа доверба на влада. Виси на еден пратеник, му гори под гс. Он денеска мора да каже нешто вакво, друго ако каже ќе се заебе!
 
Абе на Караманлис утре треба да му се гласа доверба на влада. Виси на еден пратеник, му гори под гс. Он денеска мора да каже нешто вакво, друго ако каже ќе се заебе!

Што сака нека кажува,едно е сигурно кој и да дојде на власт кај нив пак ке ја негираат Македонија.
 
Само сакав да објаснам дека она што денес го кажал воопшто не се однесува на нас, него таа изјава е само за да си осигура власт. Караманлис е свесен дека не смее да тури вето.
 
Всушност сите забораваат,намерно или случајно дека Македонија беше меѓу првите земји членки на ОТАН или НАТО како што денес го викме итоа заедно со Грција и под името Република Македонија,само што тогаш го имаше предзнакот Социјалистичка.Всушност ние бевме една од конституивните земји членки на НАТО кој му парираа на тогашниот Варшавски пакт мислам `54 или `55 а на Грците тогаш не им сметаше името Македонија,туку напротив им годеше затоа што на нивна територија немаа Македонија,односно секое споменување на такво име беше строго забрането во Грција.Американците во тоа време инвестираа фантастични 200 милјарди долари за неколку години во регионот,пари кој сигурно не ги заборавиле,а да се надеваме дека нема ни така едноставно да ги заборават.Единствен проблем тогаш им направи Албанија која се приклони кон Русија и ја одигра својата улога на тројанец на Балканот за Американците,нешто како денес Србија а веројатно и Македонија доколку САД не изнајдат соодветно "решение" за името.Оваа историја не е така далечна само што треба одредени квази-политичари да ги земат историите во раце и малку да прочитаат а не да ми изигруваат овде душегрижници за Македонија.
 
Сега во Јади Бурек се јави академик Блаже Ристески и кажа дека оригиналната верзија на најновиот предлог била катастрофа.Клаузули за кои не знаеме.Па добро бе шо е ова упм???
 
pak klauzuli ..pak nekoi tocki ....ehhhhhh ....neka go dadat javno celiot predlog ...Makedonskiot narod go zasluzuva toa
 
Абе се збуниле тие во геријатрија. т.н. академик изглеа се измешал па за прошлиот предлог збореше. Од каде кај него прдлогот стигнал а уште у влада го немаа ѕирнато?!
 
Најверојатно мислеше дека го губиме идентитетот заради тоа што придавката македонски ќе можат да ја користат и Грците и ние, а со тоа и на некој начин го губиме идентитетот. Придавката македонски мора да остане само наша. А исто така во тој случај како ке се декларираат македонците во Грција доколку и грците можат да се декларираат како македонци. Грците само глумат дека не имчини предлогот
 
Со самото користење на придавката од грчка страна, они на нас ни го обезбедуваат континуитетот на егејска македонија, само што кај нас луѓето не се свесни за тоа и рипаат како некој да им краде нешто. Јас стварно и се чидам на грција како можеше да биде излажана од некој шарлатан дека со ваков спор ќе зачува територија. Инаку Грција е во ќорсокак и сама незнае што да прави. Justice is slow, but it comes!!!
 
Како прво Грците и до сега не ги признаваа Македонците во Грција баш со аргументот дека грците што живает во Егејска Македонија се нарекуваат Македонци, а ако сега прифатиме да биде вака во тој случај тој аргумент ќе им биде подржан. Значи додклку после сакаме да укажеме за постоењето на Македонците во Грција, како ќе го сториме тоа кога веќе и самите Грци таму ќе имаат право да се нарекуваат Македонци
 
Ako internacionalno, a i kaj nas se priznae oficijalno Makedonski Identitet, Makedonski Jazik, Makedonska Kultura, Makedonci,Makedonsko..Grcite te Grckite takanareceni "Makedonci" ke begaat od terminot "Makedonci" kako Gjavol od krst.
Se ke si se vrati na staroto od pred 1988 koga ja zapocnaa ovaa sharada za Makedonija e Grcka.
 
Интервју на Дора Бакојани за Асошиејтед Прес: Самитот на НАТО не е крајниот рок за решавање на проблемот со името

Грција не мисли дека новиот предлог на ООН ќе го реши проблемот со Македонија за името, а ако до следната недела не се најде решение, влезот во НАТО ќе биде блокиран.
Ова, во телефонско интервју го изјавила грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, за новинската агенција Асошијтед Прес (АП).
“Предлогот на Нимиц е далеку од целта на Грција за солуција. Нашите забелешки веќе му се испратени на медијаторот на ООН, а преговорите продолжуваат“, рекла Бакојани.
АП коментира дека негативниот став на Грција за последниот предлог на Нимиц само ја довело Македонија чекор поблиску до ветото за покана за членство во НАТО.
“Специјалниот посредник на ООН, досега ниту еднаш јавно не го кажа својот предлог, туку само рече дека верува оти ќе има “разумен компромис“. Според грчките и медиумите во Македонија, ’Republic of Macedonia (Skopje)’ е предлогот“, пишува Асошиејтед Прес.
“Грција неможе да се согласи со покана за НАТО за земја која неможе да исполни предуслов за добри меѓусоседски односи“, рекла Бакојани.
Според шефот на грчката дипломатија, Самитот на НАТО во Букурешт не е краен рок за решавање на проблемот со името со Македонија и дека преговорите може да продолжат и потоа.
“Не сметам дека претстојниот Самит на НАТО е крајниот рок до кога треба да се најде решение за името, иако јас многу сакам дотогаш се да се стори“.
На прашање за обвинувањата на македонскиот премиер, Никола Груевски, упатени до Грција дека ја уценува неговата земја за смена на името, и на заканата на шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, дека преговори повеќе ќе нема ако има вето во НАТО, Бакојани рекла:
“Ако Скопје ги прекине преговорите, одговорот е едноставен. За танго се потребни двајца“.
Но, таа нагласи дека Атина не сака да прекинат преговорите.
“Веќе 17 години се водат преговори. Во моментот тие се интезивирани, и јас верувам дека ќе продолжат пред, за време на, но и по самитот во Букурешт. Атина замина што подалеку можеше за да се најде решение. Ние изодевме повеќе од половина од патот. Сигурна сум дека, по истиот пат, скопското политичко раководство ќе ја изоди останатата половина“.
На крајот од текстот Асошиејтед прес пишува дека Грција ја ословува земјата која и е северен сосед, со Поранешна југословенска република Македонија, име под кое оваа земја е примена во ООН и во други меѓународни организации. Но, напоменува АП, повеќе од 120 држави во светот, вклучувајќи ги меѓу нив и постојаните членки на Советот за безбедност на ООН, САД, Кина и Русија, како и Канада, ја признаа земјата како Република Македонија, што е нејзино уставно име.

Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 27.03.2008 23:26:27
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom