Е-е-еееее..ќе ми треба подоста време да објаснам зашто. Ама ај, онака, на кратко.
Во античкиот свет, општествата се развивале во одреден правец, од елемнтарно преживување па до појавата на философијата и уметностите, што секако дека е еден вид културен и културолошки скок, кој јас не го спорам.
Со и по првото Христово доаѓање. родот човечки, прифаќајќи го Христовото учење, завзема сосема нов тек во своето живеење,т.е. општеството се пренасочува така да, надминувајќи го максимумот од антиката, се насочува кон нова смисла на живеењето: а тоа е: како да се одживее овој живот и како де се подготвиме за смртта, со можност за влез во Рајот.
Значи. ако античкиот свет беше самодоволен и самоодржлив, Христос доенсе со Себе сосема нов начи на живеење, каде луѓето кои се обратиле во христијанство, ја осознале смислата на овоземното живеее, за разлка од луѓето од антиката. Така, настапува т.н. „мрачен„ среден век, каде умовите од луѓето не се занимаваат со испразна философија, која не нуду вечен живот, туку се занимаваат со животот во вечноста, кој Христос ни го понуди.
Арно ама, во ренесансот се случува еден огромен „менатлен„ пресврт кај родот човечки. Ако во „мрачниот„ среден век, луѓето се занимаваа со сеќавање наминатото и на првото Христово доаѓање, од ренсансот па наваму, луѓето се занимаваат со сеќавањето на иднината (!!!!). На пример, Сен Симон, утопистот, вели дека „златниот век е пред нас„. Море, само што не настапил! Таа, објективната РЕАЛНОСТ во која живее предренесансиот човек е ЗАМЕНЕТА со идејата за убавата иднина!!!! Таа идеја, за убавата иднина, сеуште е идеја-водилка и за соврмените луѓе, кои сметаат дека науките, кои ја заменија религијата, ќе не спасат од овоземното зло и ќе ни дадат одговори на сите можни прашања!!! Или, како што би рекол Карл Маркс: „луѓето, од царството на нужноста, во идното (многу убаво) општетсво, ќе прејдат во царствот на слободата!!!„ Затоа светот сеуште се занимава со идината и само со иднината! Сите така ни велат: заборави го минатото-памти ја иднината, оти во неа се ќе биде розево и убаво!!! А тааа убава идндина, современите технотрони богови сакаат да ја достигнат со „најновите„ технолошки и научни отркитија, вистини и производи.
Современите футуролози, кои се обидуваат да осознаат како ќе изгледа блиската иднина ( а кои и самите се атеисти), го велат следното: во блиска иднина, ќе се зголемат еконмските проблеми, ќе се зголемат социјалните разлики, ќе се зголеми „атимизирањето„-изолирањето на луѓето едни од други ( а со тоа ќе се зголеми и осаменоста кај луѓето), луѓето ќе го сфатат животот премногу фаталистички и ќе станат склони ( а веѓе и се склони!) кон сатански религии и учења, гледајќи го во нив спасот од таквата тешка состојба. Па сега, каде е тука убавата иднина? Што може да ни понуди тука науката и технологијата? Ќе ни понуди спас и влез во Рајот?
Засега толку од мене.
П.С. Без молтитва кон Бога, животот на Земјава навистина би бил бесмислица...