Стартуваат казните за фрлање отпадоци

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.101
Веб-сајт
www.kajgana.com
Се воведуваат казни за фрлање отпадоци во урбани средини како и на зелени површини. Најниската казна ќе изнесува 50 евра, а највисоката до 200 евра. Од сега ќе можат да казнуваат и полицајците.


- Триесет евра ќе плати оној кој ќе биде фатен како фрла отпад во урбаните средини

- Казна од 50 евра за фрлање отпадоци во зелена територија и шумите, седумдесет евра ќе се казнуваат тие што фрлат моторни масла, гуми во урбани средини

- Сто евра за фрлање на отпадоци покрај езера, реки.

- Сто и педесет евра ако се гори отпад во урбани средини, а највисоката казна од двесте евра ќе ја плаќаат лицата што ќе горат гуми во урбана средина, во зелена територија и др.

Законот беше донесен во септември минатата година, но до сега право да казнуваат можеа само општинските и државните инспектори, а од сега ќе можат и полицајците. Одлично.
 
Дупло нека ги направат казните. Па сега сакал не сакал народот ќе се научи на култура.
Само да не биде еден од оние закони кои траат по два месеци.
 
:)

Преку џепот најубаво ќе се научат, само треба да се биде консеквентен и праведен.

Да не ни се случува ко со некои други закони, кога на пример десетици албанци пукаат на сред скопје и никој ништо не им прави, а 11 годишни деца се собираат во „марица“ на распит во полиција...
 
Фала богу више..............

Казните се превисоки, ќе продуцираат корупција, на тоа веројатно никој не мислел. Секој полицаец ќе замижи за 300 денари........
Затоа можеби казните би требало да бидат 100денари за да ниеден прекршител помислува да понуди поткуп, а полицајците би имале поголема храброст да казнуваат и не би прифаќале да дискутираат за 50 ден.
Кој е тој што би казнил со 50 евра некој селанец што дошол на пазар да продаде два џака компири и фрлил од навика отпушок на улица?
 
Редно време беше. Изгледа дека ова е единствениот начин да научиме како да се однесуваме и да го цениме она во што живееме.
 
абе се добро што се воведуваат казните, ама и нека стават повеќе канти по македонијава, дека еве на пример во скопјев има канта на секои 200 метри, како после да не се фрлало
 
ФАла богу има текна.Треба дупли да ги направат казните.Да се научат луѓето на ред.И да нема попуштања.А инаку maarko во право си дека нема канти ама тоа не значи дека треба ѓубрето да се фрла на улица.Јас ако неможам да најдам канта во близина ставам се во ташна и си го носам ѓубрето дома.
 
А казна за фрлање отпушоци од автомобили во движење и со тоа можност за предизвикување шумски пожари?
 
ako ni go smenat imeto ne ni treba ovoj zakon ..Makedonija ke bide celata eden golem kontejner:wink:
 
А казна за фрлање отпушоци од автомобили во движење и со тоа можност за предизвикување шумски пожари?
Па зарем има разлика доколку фрлиш отпадок пешки, од точак, кола, ролери...? :)
 
Казните слободно може и тродупли да бидат. Дај боже и да се спроведуваат!

И јас ги чувам хартивчињата во џеб но повеќе корпи секако треба да се постават.
 
Од кога го чекав ова. Некој ќе рече немаат пари луѓето за толку високи казни. Тоа е и поентата. Треба некој да оди во затвор за фрлање отпадок на улица за да се свестат сите. Само пред да се стават толкави казни треба да се стават и толку скапи корпи.
Чиста Македонија.:)
 
Уште да има сегде корпи. Бидејќи јас редовно пикам по џебови знам колку на некои места е пусто од корпи и контејнери.

А за тие што исфрлаат шлајмови на улици што?
 
А корпи кај имат ? на секои 300 метри :P и тие што ги има на све личат само на корпа не личат
 
Back
На врв Bottom