Добивме вето?
Во дневникот на Сител од 18:00, кој предмалку заврши, Ивона Талевска заклучи дека официјално го добивме ветото. Мене малце ми е чудно како дојде до таквиот заклучок.
Беше пренесено дека Нимиц ги претставил грчките предлози како негови, Нова Македонија, Горна Македонија и Република Македонија - Скопје.
Претпоставувам дека заклучокот дојде поради горенаведениот факт, а таквите предлози Македонија ги сметаше за неприфатливи, па оттаму ќе нема за што понатаму да се преговара.
Дали ваквиот заклучок е оправдан, или малце се филмаат овие од Сител???