Иако темава е глупа и не е за додавање на вести (се коментира само дали ова е случајност или театар) сакав да ве информирам дека според последните неофицијални информации, околу полноќ почнале повторно експлозии. Според неофицијални информации (ти реков-ми рече) во близина на тие три или четири магацини постои еден огромен со ракети земја-воздух. Ако тој експлодира пола балкан ќе се избрише од мапа и нашите маки ќе се решат засекогаш.
Ајде вака, да се срониме со факти.
Досега најголемата експозија тестирана во светот е руската Цар Бомба со јачина од 50мегатони. Тоа е еквивалентно на моментална експлозија на 50 мил.тони TNT, што баш и не е мала бројка.
Оваа јачина на експлозив се претпоставува да е 10 пати поголема од вкупната јачина на сето конвенционално оружје искористено во втората светска војна.
Детонацијата на цар-бомба направила тотално уништување мислам до 60км(не сум сигурен за оваа бројка) а имало и топлотен ефект пропратен со изгореници од трет степен на радиус од 100км.
Скопје е на 150км од Тирана.
Прашање: колку експлозив има складирано во тој магацин? Ај претпоставете голема бројка, помножете ја со 10 и пак споредете со ова горе и подоцна правете претпоставки за катаклизми и слични ствари. Најлошото што може да се случи е да се збрише пола Тирана, пошо како што гледав на гугл, чист е теренот од-до.
Ајде други факти.Оддалеченоста Скопје - Тирана е 150км воздушна линија. Површината опфатена со факов круг е пи_ер_наквадрад = 150*150*3.14 = 70650 км_квадратни. Ако се претпостави дека еден мадафака проектил има разор од 100м2 тогаш целата горенаведена површина е составена од 70650*100000 = 7'065'000'000 парчиња од по 100m2 (1км2 = 10000* 100м2). Дали таму има толку вакви теоретски проектили. За уште укопување ова е под претпоставка дека експлозијата би се случувала површински а не во сите насоки со што бројката станува ептеееен гломазна.
Сметам дека ја отупеФ, ама данкешн на вниманието. :helou: