Eве ги предавниците, се јавија!

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Добро сега,понекогаш и вие цензурирате,рака на срце,ама не колку другине.:wink:
Инаку шо се однесува до Џексонон,да те потсетам дека тој истиот беше и кога некои наши држалници си играа со умот БАЈРАМ.
И? Ме потсети! И сега??

Што има врска со тоа дека ни тогаш, а ни сега не погреши во анализите, а??

Или ќе броиме постови, да рече некој, видете АБЦ знаел нешто плус.

Аман бе прилепчанец, повторно правиш исто. Вон контекст одиш.

Најди ми каде погрешил во врска со нас и ќе решам, пеки, аферим, извини, а дотогаш, аман.

Кога и сам знаеш дека Џексон, без разлика што некој и тогаш и сега играат мајтап и бајрам, беше и е во право.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Е на куроф, не давам. Кликни на некој линк некаде и ќе најдеш.

Се сакате месено обесено. Како јас го видов?? Го исчитав целиот текст, пробај и ти да прочиташ нешто до крај.
Добро бе,те прашав само.
Што се нервираш?
Не сум ти јас крив за ништо.Немој да бидеш толку агресивен мајку му...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
БАЈРАМ=Б.Ј.Р.М
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Знам АБЦ, знам, не сум глуп, аман. Која е врската??

Погреши ли??
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Па Џексончево ни дава малку подли предлози да го подсмениме името сега,па после да си го вратиме,слично како со БРЈМ.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
И повторно...Нова епизода од серијалот "Еве го предавникот, м.м.е":vozbud:
Во денешната епизода, нова тура на "експертски" небулози, овојпат, со специјален придонес од "гението" Љубомир Фрчковски.
За правниците предлогот Република Македонија (Скопје) е прифатлив
Фрчкоски и Дескоски велат дека тој предлог не го негира националниот идентитет и јазик
Билјана Јовановска

Последните предлози на медијаторот Метју Нимиц околу името на нашата држава во спорот со Грција, за македонската страна се голем исчекор напред и државното раководство и лидерите на политичките партии сериозно треба да се фокусираат околу формулацијата Република Македонија (Скопје). Експертите по меѓународно право со кои разговаравме сметаат дека за нас овој предлог е најдобар и најприфатлив, особено што овој пат се извршени корекции на претходниот „пакет услови“ на медијаторот кои го загрозуваа македонскиот национален идентитет.

Сега, кога според нашите соговорници од она што го соопштил Нимиц веќе не е спорна националната припадност - ќе се именува како и досега - македонска, а јазикот што го зборуваме - македонски, практично, има простор за оптимизам дека Република Македонија во почетокот на април, на самиот на НАТО во Букурешт ќе стане членка на Алијансата.

За проф. Тони Дескоски од Правниот факултет, по средбата во Виена, евидентно е дека и медијаторот и другите учесници во процесот точно го лоцирале проблемот на идентитетот на Македонија. „Суштествениот елемент околу спорот е одбивањето на Грција да го прифати постоењето на македонскиот народ и нација. Сега, одеднаш станува јасно дека со ваквиот развој на настаните и таа позиција за нив е изгубена“. Професорот смета дека со вака модифицираниот предлог се задоволени сите наши суштински барања.

„Според мое мислење, нагласува Дескоски, ние треба да го браниме името Македонија, а не уставното име. Најголемата стапица во која може да паднеме е дека нашата цел е одбраната на уставното име. Низ таа призма, треба да се врши оцена на тоа дали предлозите ставени на маса се поволни или не. Конечно, евентуалното пресекување на овој јазол за нас ќе значи ослободувањето од едно бреме што го носиме 16 години, а тоа е спорот со Грција“.

Тој укажува дека во однесувањето на нашето државно раководство деновиве може да се забележи синдромот на стар затвореник кој не е многу сигурен дали ја сака слободата по повеќегодишното престојување в затвор. „Овде не станува збор само за зачленувањето во НАТО туку за позиционирањето на Македонија во Европа“, вели Дескоски. Наедно, смета дека е направен позитивен исчекор во наша полза и за вториот дел, за варијантите на некое модифицирано име, зашто меѓу трите посочени предлози е и еден кој потекнува од Македонија. Предлогот Република Македонија (Скопје) претседателот Глигоров го поднесе во парламентот во декември 1992 година, пред самитот на ЕЗ во Единбург. Професорот појаснува дека треба да се води сметка предлогот да биде искористен буквално онака како што го предложивме - Република Македонија (Скопје capitol city). „Практично, ни се нуди да го прифатиме нашиот предлог“.

За проф. Дескоски особено е „важно што сите понудени варијанти го содржат терминот Македонија, што е целосен пораз на почетната грчка позиција дека нашата држава не смее да има име кое го содржи зборот Македонија“.

И проф. Љубомир Фрчкоски смета дека третиот предлог - Република Македонија (Скопје) може да се земе предвид, но да се направи обид за доработка. Станува збор за истата формулација која во 1992 година ни ја предложи Робин О’Нил, тогашниот пратеник на британската влада, а не како што шпекулираат некои медиуми дека и тоа бил предлог даден од грчка страна. „Значи, во тоа време овој предлог ја доби и собраниската поддршка, но беше отфрлен од Грција“, вели професорот. Сепак, препорачува македонската страна да се обиде зад зборот Скопје, кој е ставен во заграда, да се додаде и capitol city, бидејќи тоа решение воопшто не е проблематично и за нас е најдобро“. Истовремено, укажува дека и формулацијата Република Македонија (Скопје) треба да има ограничена употреба, односно да се користи онаму каде што сега се употребува кратенката ФИРОМ.

„Добро е, вели Фрчкоски, што во последниот предлог ова не се посочува како проблем и што медијаторот Нимиц го расчистил предлогот. Сега изнудивме јасна квалификација, мислам на онаа од членот 8 од претходниот предлог, која нашиот државен врв ја превиде, така што сега не се доведува во прашање македонскиот национален идентитет ниту македонскиот јазик“.

Професорот е дециден дека „со мали корекции на ова за што досега се изборивме, имаме обврска и должност, и тоа до последната секунда, пред самитот во Букурешт да го исцедиме максимумот од сите можни опции за да не ја пропуштиме историската шанса за влез во НАТО“.

Фрчкоски потенцира дека постои огромна разлика меѓу формулациите Република Македонија (Скопје) и Република Македонија - Скопје, бидејќи во втората - додавката Скопје, пред која стои цртичка, влегува во состав на името и оттаму преговарачите треба да бидат крајно претпазливи.

А, еве што кажува Стојан Андов, околу тој предлог:

Господине Андов, пред 15 години имаше предлог Република Македонија (Скопје), но во државата немаше клима за прифаќање вакво решение?

Тоа беше во декември 1992 година. Тогаш во посредничка улога меѓу Грција и Македонија, кои немаа никакви меѓусебни односи, настапуваше британскиот дипломат Робин О’Нил, бидејќи претседателството во Европската заедница го имаше Велика Британија. О’Нил работеше по инструкции на владата на Џон Мејџор и министерот за надворешни работи, Даглас Херд, но фактички службено беше претставник на Европската унија. Меѓутоа, во Собранието не дојде предлог даден од Робин О’Нил, туку како навестен предлог од О’Нил.

Како течеше седницата?

Најнапред уводно излагање имаше тогашниот претседател Киро Глигоров, кој кажа што му рекол О’Нил. Таа седница траеше четири дена од 5 до 8 декември, имаше многу бурна расправа, со многу дискусии. Јас имав сериозни забелешки на тој предлог „Република Македонија Скопје“, не се сеќавам дали беше со цртичка или во заграда. На паузите имавме многу разговори со Глигоров. Тој мислеше дека Собранието треба да донесе заклучок да се поддржи предлогот. Јас, пак, мислев дека не треба да го инволвираме Собранието. Потоа настапи Денко Малески, кој го изложи истиот предлог. Повторно имавме разговор со Глигоров, кој очекуваше да го ставам предлогот на гласање.

До следната епизода..Поздрав до тројката:Глигоров, Малевски, Фрчковски...Сите сериозни претенденти за главната награда нај-издајник.
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
219
Поени од реакции
2
mora da bideme svesni ako sakame vo nato mora da prifatime kompromis,a sosema e druga rabotata ako odlucime da ostaneme nadvor za sto poveke od sigurno deka ke bide taka zasto i na branko i na nikola im e strav da prezimaat sudbonosni cekori pa zatoa ke ostaneme bez nato ama so rusija ako ne saka
 
N

n/a

Гостин
mora da bideme svesni ako sakame vo nato mora da prifatime kompromis,
Jas pak povise sakam drugcii kompromis...:toe:
Mora prvo samite da napravime `kompromis`...
Ova ne ide vise vaka.
Treba da se izbrkaat ili surovo ubijat site takvi mali dushicki kako tebe,da se naredat na plostadite na besilki i da se ostavat edno nedela dena za da smrdat,za sekoj sto ke go pocustvuva toj miris i ke ja vidi taa gletka da razbere sto se slucuva so takvi kako nego sto imaat nagon za predavstvo koj sto od vnatre im gi stiska dushickite i ne im dava mir.

Sekogas...ama fucken sekogas koga ima i najmal povod za toa.
E tek odkoga ke go napravime ovoj kompromis...ke reshavame sto ponatamu.
Mi se zbuktisa vise...dosta e od ciganarii.
 
Член од
28 февруари 2008
Мислења
219
Поени од реакции
2
Jas pak povise sakam drugcii kompromis...:toe:
Mora prvo samite da napravime `kompromis`...
Ova ne ide vise vaka.
Treba da se izbrkaat ili surovo ubijat site takvi mali dushicki kako tebe,da se naredat na plostadite na besilki i da se ostavat edno nedela dena za da smrdat,za sekoj sto ke go pocustvuva toj miris i ke ja vidi taa gletka da razbere sto se slucuva so takvi kako nego sto imaat nagon za predavstvo koj sto od vnatre im gi stiska dushickite i ne im dava mir.

Sekogas...ama fucken sekogas koga ima i najmal povod za toa.
E tek odkoga ke go napravime ovoj kompromis...ke reshavame sto ponatamu.
Mi se zbuktisa vise...dosta e od ciganarii.
a kakva dusa si ti samo plukas daj go resenieto sto da se pravi a ne samo da se pluka na krajot na kraistata jas ne go izmisliv ovaova ni go kazuva celiot svet a za patriot sigurno sum pogolem od tebe
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Кој може, ќе сфати. Кој не, ќе ги чита шушумигите како Бранко Геропулос и ќе впива како сунгер.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
mnogu smrdea donese ovoj bobov.
mnogu jazinja ke treba za site "lugje od idninata".
ne mi se veruva kolku idioti...moze da rodi makedonijava:uvo:
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Македонски парадокси

Ако некој е на црната листа, тогаш е непожелна личност за САД. Претседателот на ДПА е на црната листа,но и „радо виѓен гост“во амбасадата на САД.Дали амбасадата е територија на САД, или пак „црната листа“ ти била прикаска за заплашување на палавите мили дечиња?

Кире е сосема обичен човек. Но, секогаш кога Кире ќе изеде банана, необично се преобразува во Бананамен. И нашите политичари се сосема обични луѓе. Но, штом ќе се кандидираат на избори, тие необично се преобразуваат во бестрашни лавови и орли, во храбри потомци на Александар и Искендер. По изборите, кога треба да се носат важни одлуки или да се понесе политичка одговорност, лавовите и орлите необично се преобразуваат во плашливи зајаци и во ноеви-ескаписти со главата нурната во тиња. Наместо да донесуваат одлуки, создаваат парадокси. Деновиве се соочуваме со толку парадокси што не можев да и' одолеам на идејата за „топ-тен“ листа.

10. Парадоксот на „црната листа“: Ако некој е на црната листа, тогаш е непожелна личност за САД. Актуелниот претседател на ДПА е на црната листа, но и „радо виѓен гост“ во амбасадата на САД. Дали амбасадата е територија на САД или, пак, „црната листа“ ти била прикаска за заплашување на палавите мили дечиња?

9. Парадоксот на ловецот: Еве што не' предупреди поранешниот премиер - „Ако Албанија и Хрватска влезат во НАТО, а Македонија остане надвор од алијансата, тогаш треба да ни е јасно дека ловната сезона за пленот Македонија е и официјално отворена.“ Не беше ли „ловната сезона“ отворена токму од искусниот ловец во матно, со неговата великодушна понуда на дел од „пленот“ за што побрзо остварување на идејата за Голема Албанија?

8. Уценувачки парадокс: Портпаролот на Владата вели дека премиерот ем не одбива разговор на која било тема ем не прифаќа никакви уцени. Демек, „разговараме, а не преговараме“. Практиката покажува дека премиерот разговара (читај - преговара) само кога е уценет. Евентуалниот договор за името ќе биде резултат на преговори по грчката уцена со вето, т.н. „мајски договор“ беше исто така резултат на преговори под уцена, а евентуалното исполнување на дел од шесте барања на ДПА ќе биде резултат на преговори зад затворени врати по јавната уцена на коалицискиот „партнер“ Тачи.

7. Пострамковни парадокси: Ако Груевски го исполни барањето на Тачи за ресоцијализација на припадниците на ОНА, тогаш ресоцијализацијата на амнестираните сторители ќе стане поважна од ресоцијализацијата на заборавените жртви (внатрешно раселените лица). Ако притоа Груевски го исполни и непристојното барање за непроцесуирање на хашките случаи, тогаш на која планета жртвите од случајот „Маврово“ ќе може да побараат правда?

6. Парадоксот на промашената борба: Владата упорно продолжува со „борбата за уставното име“ иако сега воопшто не се преговара за уставното, туку за меѓународното име на државата. Имајќи предвид дека меѓународно не' именуваат како „Поранешна Југословенска Република Македонија“ и со „акронимот FYROM“ (акроним = скратено име), испаѓа дека жестоката борба се води да влеземе во НАТО како „Поранешна Југословенска“ и како „Фиромџии“.

5. Парадоксот на „националниот идентитет“: Владата упорно труби дека ако го промениме името, ќе сме го загубеле „националниот идентитет“, иако во Македонија постојат првенствено исклучиви етнички идентитети. Може ли да се загуби националниот идентитет (идентитет на граѓаните независен од нивното етничко потекло), кога таков идентитет воопшто не е изграден?

4. Парадоксот на „македонскиот Македонец“: Откако медиумите објавија дека со последниот предлог на Нимиц „Националната припадност на граѓаните на државата ќе се именува како македонска“ се поставува следново прашање: Дали етничките Македонци ќе станат двапати поголеми Македонци (како македонски Македонци) од граѓаните што не се етнички Македонци, кои би станале македонски Албанци, македонски Турци итн.?

3. Парадоксот на (не)признавањето: Плашејќи се од територијални претензии, Грција издејствува промени во нашиот устав за да не' признае, иако немавме меѓусебен оружен конфликт. По барањата на Тачи, чувме дека Македонија најавила признавање на Косово. Значи ли тоа дека немаме страв од територијални претензии, иако Косово уште нема устав, иако имавме оружен конфликт со припадниците на УЧК на наша територија, иако заменик-претседателот на нашата Влада изјави дека неговото знаме е исто со знамето на Косово? А да почекаме прво да се изгласа уставната одредба дека Косово нема да има територијални претензии кон која и да е држава или дел од држава, ниту пак ќе бара и прифаќа унија со која и да е држава или дел од држава?

2. Парадоксот на Демостен - „Криќанецот“: Да беше жив Демостен, сигурно немаше да се декларира како Атињанин кој дигал востание против Големиот Александар, туку како Криќанец, за да не потсети на парадоксот: „Еден Грк вели дека сите Грци лажат кога тврдат дека античките Македонци („варварите“) се Грци.“

1. Парадоксот на „малцинската“ влада: Владата на Груевски беше составена од министри што имаа доверба само од 31,24 отсто излезени гласачи на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, од 7,21 отсто гласачи на ДПА, и 5,81 отсто гласачи на НСДП (под 45 отсто од тие што излегоа да гласаат). Зошто сега упорно Владата се нарекува „малцинска“ со погрешна претпоставка дека претходно била „мнозинска“? И не е ли политички некоректно ДУИ и ДПА да ја нарекуваат владата „малцинска“, имајќи предвид дека го оспоруваат поимот „малцинство“ во правно-политичкиот сообраќај?

Си шетал Диоген од Синопа (денешна Турција) со фенер среде бел ден во Македонија, во „историскиот“ март 2008. „Што бараш Диогене со фенеров дење?“ - го прашале со потсмев Македонците. „Барам чесен политичар“ - одговорил Диоген. Ќе најде ли циникот Диоген барем еден разумен и одговорен политичар во Македонија подготвен да одговори на значајните политички предизвици? Толку сум скептичен за ова, што ми иде да си потпевнувам: „Ако ти е тешко или имаш тежок ден, барај го Кире - Бананамен!“
Жарко Трајаноски
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=187737922CD11C478E78CE0297B6EBB6
 

Svetovid

Триглав
Член од
26 февруари 2006
Мислења
868
Поени од реакции
44
Вчера купив глобус! По читањето на тоа АНТИМАКЕДОНСКО гласило прво повратив два пати, а потоа два саати поминав во купатило триејки ги рацете со секакви средства за чистење, вклучително и оние на база на хлор и повторно не можев да се ослободам од чувството на присуство на траги од говна на моите раце!!! Луѓе, машината е повторно во погон исто како во 2001!!! На нас е дали ќе им дозволиме и сега на кодошите неказнето да серат по се што е Македонско!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom