Планира ли Кина, да си го врати Тајван наскоро?Кина за состојбата на човековите права во САД
Пекинг денеска објави свој извештај за човекови права во кој ги обвинува САД за “ароганција и хипокризија“, со оценка дека нападот врз Ирак е “најголема хуманитарна катастрофа на современиот свет“.
“Арогантната критика на САД за човековите права во другите држави секогаш е проследено со намерно заборавање на проблемот со човековите права на сопствена територија“, се наведува во годишниот извештај на Кина.
Според истиот извор, “тоа не само што е во спротивност со општоприфатените норми на меѓународното право туку и доказ за двојни стандарди и вистинска хипокризија на САД по прашањето на човекови права“.
“САД се познати по тоа дека газеа по суверенитетот на другите држави, како и човековите права во тие држави“, се наведува во извештајот насловен како “Човекови права во САД во 2007 година“.
Текстот истакнува дека “инвазијата на американската војска на Ирак довела до најголема трагедија во смисла на кршење на човековите права и најголема катастрофа на современиот свет“.
Извештајот наведува и дека САД се неспособни да ја сузбијат сиромаштијата и криминалот на своја територија и ги критикуваат неумерените трошоци за кампања спроти изборите за претседател што ќе се одржат годинава.
Состојбата на човековите права е “бедна и ужасна“, се посочува на крајот од текстот.
Стејт департментот, во годишниот извештај за состојбата на човекови права во светот, ја критикува Кина поради ограничување на слободата на говорот, цензурирање на интернет, како и наводно насилно преселување на граѓани за да се направи место за проекти поврзани со августовските Олимписки игри.
Моментално се на таков техолошки и економски развој, па со обвинување на САД планираат да си ги земат териториите?

