Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Тоукатер...Интересно, го забележав овој дел
Не се работи за страв. Човекот се плаши од непознатото, а не од Бог. Почит кон нешто во животот не значи и страв Тојкатер.
Јас го почитувам мојот родител, но не се плашам од него...кога знам дека ми мисли само добро, а злото кое ми се случува е зависно од мене и моите постапки.
оној шо крадеше бензин во Лудиот Макс...првиот дел
Сепак е стравот...знам дека нема да се согласиш но сепак е така за жал.
Стравопочит би бил правиот збор,што сепак е дериват на стравот.
Почит може да се има кон некој или нешто на кое сме на рамноправна основа.
Бог,претставен од религиите има можност да казнува и наградува,ствара светови и уништува светови,ништо не може да избегне на судот божји,секоја наша постапка и мисла е снимена и регистрирана...
Не можеш да имаш само почит тука.Кога некој ентитет е семоќен и може да те награди,казни и било што друго...
Религиите како главни застапници божји на земјата отсекогаш играле на картата на стравот.
Јас како што разбирам,бескрајната свест ниту не сака ниту не мрази,ниту пак ни мисли арно или лошо,тоа се наши перцепции, ниту има некакви човеколики особини,ниту наградува ниту казнува,а до крајната вистина сега засега немаме можност да дојдеме,можеби некогаш и тоа ќе бидне но и не е толку важно...
Единствено можеби може човек да биде свесен за себе како дел од таа бесрајна свест,која е конструктивна.
Ти едноставно СИ како што СУМ и јас,делови на таа универзална свест,
Е сега тука доаѓаме до доброто и злото како ентитети.
Би сакал и за тоа да објаснам иако ќе испадне долга и широка и бајаги оф-топик...
Науката се цензурира.Има тешка и сеопфатна цензура.И селективно многу информации се пренесуваат,други се игнорираат од корпоративните и владини машинерии по светот.
Да...има и научно објаснување не само околу перцепција на добро и зло како некакви си филозофски поими или психолошки објасненија туку и конкретни,мерливи елементи.
Религиите но и голем дел од науката го оддалечуваат човекот од свеста.
Ете науката на пример,често се зема теоријата на еволуција и Дарвин,подоцна на тоа е накалемен и социјалниот дарвинизам, кој ја претставува природата како некакво сурово место кое веднаш ќе те убие,од секое ќоше вреба смртта,всадуваат страв и несигурност како и религиите и го носат светот кон тажен крај...
Кажуваат еден многу мал дел од приказната,изваден од целосната слика со одредена цел.
Како екс-атеист сеуште имам почитување за атеизмот како вид на скалило кое мора да се помине во животот.Ако се остане на тоа тогаш е слепа улица,барем како што го перцепирам.
А од атеизмот како таков ме оддалечија информациите за новите научни сознанија,комбинирани со некои сомнежи...