Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Oколу стотина активисти на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов ги пречекале претседателите на Бугарија и на Македонија Георги Прванов и Бранко Црвенковски во Мелник пред споменикот на македонскиот херој Јане Сандански. Насобраните бугарски националисти носеле партиски знамиња и транспаренти на кои било напишано “Долу рацете од бугарската историја“. Двајцата претседатели и покрај малиот протест на националистите од партијата на Красимир Каракачанов, му оддале почит на Јане Сандански и положиле цвеќе на неговиот споменик.