Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Читам на форумов некои членови се жалат дека познаваат луѓе од кои не можеш никако да се откачиш. А познавам и луѓе што се соочуваат со вакво нешто. Мене не ми е до толку позната оваа појава, т.е. не сум била постојано во близина на таков човек па да речам дека сум имала мака и дека не сум знаела како да го откачам засекогаш.
Што можеш да направиш за успешно да оттргнеш една таквата личност? Еве некој пример.
Еден начин - се трудиш со фини постапки да покажеш дека не сакаш да ти се лепи толку често. Да испаднеш културен де, да се надеваш дека ќе го употреби мозокот и ќе почувствува дека не е посакувано друштво. Но, џабе, повторно се случува истото.
Друг начин - на секој од друштвото му обрнуваш внимание, само пијавицата ја игнорираш. Ако ти се обрати, дури реагираш и дрско, веќе трпеливоста те напуштила и се надеваш дека со игнорирање ќе сфати дека треба да ти се тргне од кожата. Но, секако дека тоа нема никакво влијание врз него.
Трет начин - немаш воопшто трпение и отворено му кажуваш на човекот дека сакаш да ти се тргне од врат, дека ти пречи неговото присуство, дека не го сакаш во своја близина. Но, повторно залудно.
Добро, дали ваквите луѓе навистина не сфаќаат дека треба да се повлечат или така им одговара?
Што би можело да им се врти во главата кога некој упорно им кажува дека сакаат да им се тргнат? Можеби го сфаќаат тој муабет како шега? Ќе си речат: „Ајде, моментално му/и` е, ќе помине, сигурно е нешто налутен/а“
Што можеш да направиш кога и третиов начин не функционира? Да го искршиш од ќотек - џабе е пак, повторно ќе се закачи кога ќе се опорави.
Јас не можам да сфатам. Кога ќе ти биде кажано дека некаде си непожелен, не си пријатно друштво и си за некого досаден, дали упорно ќе се пикаш без да сакаш да сфатиш дека време е да си ги собереш парталите? Ако си разумен човек дали ќе дозволиш да дојде до третиот начин?
Што да се прави со луѓето без осет за да добијат осет? Каков „третман“ им е потребен?
Дајте кажете од искуство како ги бркате од себе ваквите закачалки. Можеби некому ќе му помогнете и тој да се ослободи. Верувам дека е заморно.
Имам уште прашање, но ајде понатаму ќе се надоврзам.