ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Еве како сме загрижени за Грчкото вето во НАТО или ЕУ:
Македонки во поход на Солун
Со парите што викендов ќе ги оставиме во странство, триесет отсто од сиромашните во земјава би живееле цел месец
Солун викендов ќе биде преплавен од Македонки, покажуваат аранжманите на туристичките агенции по поводОсми март.Освен во Грција, каде што ќе заминат триесет автобуси, голем е бројот на заинтересираните за Тирана, за каде што се ангажирани десетина автобуси, за Романија, но и за поскапи места - Рим, Венеција, Париз...Тридневен аранжман за Грција со виза од 15 евра и со превоз чини од 60 до 120 евра. Цените за Албанија се пониски, а за поатрактивно патување треба да се одвојат најмалку 500 евра. Се претпоставува дека со парите што викендов ќе ги оставиме во странство, триесет отсто од сиромашните во земјава би живееле цел месец. Не е мал бројот на тие што патуваат во сопствена организација и затоа е тешко да се каже колку точно ќе заминат во соседните земји. Агенциите тврдат дека годинава по повод Денот на жената има многу повеќе заинтересирани за патувања отколку лани. Социолозите објаснуваат дека, всушност, патуваат само десет отсто од граѓаните. Триесет отсто од населението едвај преживува, а другите, кои се сметаат за средна класа, бараат излез од монотонијата во еднодневни излети низ државава. - Последниве десет години во земјава се формира елита, која секој празник го користи за патување во странство. Ова им е можност да покажат дека се одвојуваат од средината, нивното мото е што поскапо, тоа подобро, зашто парите не им се проблем - велат социолози. Во Министерството за економија подготвуваат стратегија за развој на туризмот за да може домашните туристи да добијат нови понуди и содржини.- Се прават напори дел од туристите во наредните години да се задржат во земјава и да им се понуди нешто ново, како што е селскиот туризам. Но, секогаш ќе има и такви што ќе сакаат да отпатуваат во странство - велат во Министерството.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E6A1DD27E1A0E840A200285FA9B8DDCD