DimceY
Jimmy
- Член од
- 20 ноември 2007
- Мислења
- 5.863
- Поени од реакции
- 5.737
Срамно е за Македонија да има ваква Влада. Срамота е ако бидеме во позиција или компромис за името или НАТО. Можеби ќе треба да ја срушиме оваа власт за да влеземе во НАТО. Вака пратеникот од СДСМ Владо Бучковски го коментираше одбивањето на владејачката коалиција да закаже итна Собраниска седница посветена на очекуваното прогласување на независноста на Косово и на спорот со Грција околу името, кој се наоѓал во критична фаза.
“Владата и без барање на парламентот требаше да не информира околу ставот на земјава за веќе извесната независност на Косово и да не информира со кои пакет мерки смета да се справи при евентуално трговско ембарго кое го најави српската Влада. Во понеделник се и завршните разговори за името. Не сфаќам како може да има толку неодговорно мнозинство кое се крие зад Никола Груевски и зад Владата. Ние сме над Владата“, рече Бучковски веднаш откако мнозинството го одби неговиот предлог за итна седница.
Тој додаде дека Парламентот може да ја сруши Владата на Груевски ако таа работи спротивно на интересите на земјата зачуден од ,според него, срамното однесување на мнозинството.
“Груевски мисли дека ако молчиме времето ќе биде негов сојузник. Но срам е за граѓаните на Македонија да имаат ваква неодговорна Влада. Срамота е ако бидеме доведени во позиција или компромис за името или НАТО, Собранието да не се произнесе. Затоа што јас тврдам дека можеби ќе треба да ја срушиме оваа Влада за да влеземе во НАТО“, изјави Бучковски.
Неговиот партиски колега Игор Ивановски изјави дека во овој битен момент на Македонија и треба да покаже достоинственост, мудрост и рационалност. Но со однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА само и се одмага на земјата.
“Она што денес се случуваше е врв на примитивизмот и анти македонското однесување во парламентот кое кулминираше со невидениот скандал, пратениците на владејачкото мнозинство да го навредуваат претседателот на Руската федерација. Во најмала рака очекуваме веднаш извинување од страна на ДПА и осуда од Парламентот“, рече Ивановски мислејќи притоа на
извикот “Путин е на колена“, од страна на пратеникот на ДПА Ружди Матоши во неговиот говор за независноста на Косово.
Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот на неговата партија дека моментот е историски за регионот и затоа е потребно сите да бидат присебни, а не да го користат парламентот за политички маркетинг и за подигање на тензиите.
“Сите во рамките на своите надлежности треба да дејствуваат и не сметаме дека е потребно да имаме преклопување на надлежностите меѓу институциите и да создаваме дополнителна тензија и хистерија која неповолно би влијаела на позициите на земјава“, смета тој.
Николовски објасни дека Ружди Матоши реагирал емотивно бидејќи бил поврзан емотивно со Косово, а неговите ставови се лични. ВМРО-ДПМНЕ ќе го градел својот став откако “работите ќе се случат“.
еве уште еден бисер од БУЧКО