MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Во секој случај ти благодарам на напорот! Секој пат велиш 'вака вели/учи православната црква', си се запрашал ли некогаш да некој нема нешто згрешено?! Ќе ти дадам еден цитат од Дела Апостолски за да си го прочиташ и да си провериш нешто за себе лично. Види во Дела 17:10-12. За сите кои немаат Библија а го читаат ова, таму се вели дека светиот апостол Павле почувал 'нешто' а солунските евреи кои поверувале во тоа 'нешто' секојдневно г истражувале/проверувале Писмото да видат дали е тоа така.
Мој совет ти е: провери си го Писмото да видиш дали е тоа така.
Инаку, непроверувањето на Писмото и слепото верување на тоа што некој рекол е :kesa:
Господ нека те благослови и нека ти го ОТКРИЕ Своето Писмо.
Во православието, таков е поредокот од нештата-едноставно,учењето е колективно одредено и утврдено, така да колективот заседава и ги „прочистува„ нејаснотиите и од нив обликува крајно учење, со кое се отстранува секоја идна можност од застранување во учењето. Огромна е можноста за грешка во обликувањето од учењето ако тоа учлење е личен „производ„ односно лична одлука. Затоа битно е да се нагласи: прво, што исповеда Црквата па второ, што јас или било кој поедниец исповеда како учење од Црквата. А учењето православно е едно и исто за сите кои се исповедаат за православни.
Примерот кој го наведуваш со солунските евре е само показател не за нивната ревност за потрвдување на вистината со помош од Писмото , туку за недоверба во она кое Апостолот им го проповедал. А Павле на евреите сигурно не им проповедал Стар Завет, туку учењето Христово!
Во секој случај, благодарност за благословот.