Чорбаџија, веќе напишав дека само протестантите се повикуваат на Библијата како единствен извор на вистината. Никаде не напишав дека Библијта ни вели дека мајктата Божја
имала или
немала други деца по Христа. Погрешното и своеглаво толкување на Евангелијата може да донесе погрешен заклучок за тоа дека децата од претходниот Јосифов брак биле
родени браќа Христови (за ова веќе дискутиравме). Тоа дека немала, се дознава од други извори. Ќе ги набавам имињата од тие извири и автори, ако тоа ти е многу битно.
Православните само декларативно тврдат дека Светото Писмо им е еден од изворите. Во пракса се покажува дека сите догми, целата богословија и црковна праска им се базира на се друго освен Светото Писмо.
Затоа тие не можат да најдат библиска подршка за:
- Крштевањето бебиња
- Култот на Марија
- Молитви кон Марија
- Вечната девственост на Марија
- Иконите
- свеќите
- бројаниците
- палењето бадникови гранчиња и локањето топла ракија
- палењето огнови пред Божиќ
- Поклонување и мирисање на коски од мртовци (мошти)
- Бакнување раце на црковните великодостојници
- Осветување на водички
- Ценовници во црква
Итн итн.
Еден од доказите е и оваа тема, каде како што можевте да видите, православните не наведоа
НИТУ ЕДЕН библиски аргумент за нивната догма дека Марија немала деца после Исус.
MIKI1, бидејќи ги величате пишувањата на ткн. "свети отци", сакам да ти наведам еден цитат од Св. Августин:
"Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ, НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ, НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ!"
(Августин: За Единството на Црквата)
Како што гледаш, Св. Августин те повикува да не ја докажуваш својата вера преку соборите на твоите епископи (Вселенските Собори), туку преку Божјиот Збор (Законот, Пророците, Псалмите, зборовите на нашиот Пастир - евангелијата, зборовите на евангелистите - посланијата) т.е. ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ! (Библијата)
Со еден збор, Августин рекол: Sola Scriptura!
Во меѓувреме, да ги прокоментирам накратко твоите забелешки.
1. За крштевањето бебиња и за крштевањето воопшто, имам детално опишано на форумов под насловот „Кога треба да се крштеваме„. Крштевањето е една од 7-те Свети Тајни на православитео, која е одредена сам Христос, Кој вели дека „..кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен..„.Значи, сам Бог го одредува крштевањето, а не нокој друг. Јован го крсти Христа во водата од реката јордан, иако Христос немаше потреба од тоа, пошто немаше ниеден грев! Но, од Евангелијата се гледа дека целиот Хрстов живот е еден пример за тоа како треба да живеат христијаните, вклучувајќи го и крштевањето.
2. Култот кон Марија (мајката Божја, Богородица) е својствен за римокатолиците. Неслучајно римокталочките вреници ја споменуваат Богородица почесто од името Христово и ја поставуваат на повисока позиција и од самиот Хрситос. Тоа е последица од сите оние догматски искривувања кои Рим и папството ги прават по 1054 г.
3. Молитвите кон Марија (мајката Божја, Богородица, така ја нарекуваат православните а не „Марија„ како да ни е маалски сосед!) се подразбират како позитивна работа, как о и секоја друга молтитва во православието! Според Црквата, мајката Божја е наш посредник и застпник пред Христа! Она за која ќе ја помолиме Богородица, таа го бара од својот Единороден Син! Акој син, поготово Христос Бог, не би ја послушал мајка си!? Патем кажано, како што Христос е посредник помеѓу човечкот род и Отецот, така и мајката Божја и сите Светии се наѓи посреднци и застапници пред Христа! Тоа значи дека нема молитви само кон Богородица туку постојат молитви и кон сите Светии, зависно од потребите од верникот. Но, тоа е друга тема.
4. Вечната девственост од Богородица е догмат а не Библиски цитат. Догмите се едаш утврдени и заеднички добесени учења кои не се менуваат со текот од времето, туку се прифаќаат како готови знаења. Зашто да го откриваме она кое некој веќе го открил? Да поденоставам: Богордица била девојка и пред зачнување и после раѓањето Хрисотово и во текот од целиот живот! Живеењето во деврсвенот е подражавање на начинот на кој живееле Адам и Ева во Рајот! Затоа и монасите токму тоа го чинат: живеат безбрачно, живеат без имот и живеат во послушност.
5. Иконите се, како велат богословите, предслика на Рајот, „поглед„ во духовниот свет. Воедно, тие се икони/ликови од Светии кои веќе си обезбедиле место во Рајот и кои веќе го гледаат Христа! Штом Бог ги прифатил за Свети, зашто и ние да не им оддадеме чест која и тоа како ја заслужуваат? Чудотворноста на иконите е сосема друга тема, но ја навеудавам како една од целите од постоењето од иконите.
6. „Јас Сум светлината на светот..„ вели Христос. Свеќата е бескрвна жтрва во Црквата, која му ја принесуваме на Бога на секое наше влегување во храмот Божји. Веројатно знаеш дека после крвната жртва Христова на крстот, христијанството не прифаќа други „крвотии„. Воедно, светлината од свеќата го симболизира и самиот Христос. Неслучајно во Симболот од верата, Христос е опишан како „...Светлина од Светлината..„! А свеќата, исто така, дава светлина.
7. Бројаниците се монашки „реквизит„. Монахот/монахињата, во текот од плетењето на бојаницата, не смеат ниту еднаш да погрешат во плетката! Тоа е доказ дека ѓаволот нема и има сосема мало влијание врз монахот и неговот вкупно делување! Звучи смешно? Воедно, монасите , но и мирајните, ги користат бројаниците во текот од практикувањето на умно-срдечната молитва„ „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот/та„.
8. Палењето бадникови гранчиња е новотарија во нашите храмови, увезена од српката Црква, во времето кога Македонија била под српска окупација, наречена Јужна Бановина, во врето од Кралството Југославија. Тоа однесување не е изворно Црковно, но ете,како имногу други работи, се практикува и кај нас. За локањето ракија не би кометнирал, тоа е ептен нецрковно однесување, кое не е својствено за верниците.
9. Палењето огнови пред Божик не е погрешно! Па сам знаеш на што се однесува празникот! Во Еванелско време, во времето од раѓањето Христово, ангелот Божји им се јавува на пастирите, кои биле со својата стока во близина од витлеемската пештера каде Христос е роден. Тие пастири, за свои потреби, веќе имале запалено оган (ноќно и студено време), па така, палењето оган за Божик е исто што и оденсувањето на пастирите кога ја добиваат добрата вест за раѓањето Христово.
10. Мирисливите и т.н. мироточивите коски од Светиите се доказ за нивната Светост! Маслото/мирото кое од нив истекува е чудотворно, разбира се, за оние кои во тоа вреуваат. Тие коски шират пријатен мирис и не предизвикуваат страв кај оној кој ги гледам за разлика од коските од обичните мртовци, Јас сум очевидец на такви коски и навистина нивниот мирис е пријатен!
11. Бакнувањето раце на свештениците е верска обврска, при која верникот му оддава чест на свештеникот како „претставник„ (изобразение) Христов на Земјава, а свештеникот му возвраѓа на верникот со давање благослов, со осенување со крсниот знак! Ти текнува? Свептениците, преку нивното ракополагање за таа фунцкија, добиваат власт , преку благодатта од Светиот Дух, да ги вршат Светите Тајни во Црквата. Свешениците и верниците се во двонасочна релација: неможат да опстојат едни без други. Ајде да се потсетиме малку и на Еавгелијата, каде е споменато ракополагањето на нови свештенци, кое го практикуваат Апостолите, ширејќи ја добрата вест и формирајќи нови Цркви на местата низ кои поминувале.
12. Осветување на вода се врши на празникот Водокрст и Богојавление. „Духот лебдеше над водтата„. Ти текнува на оваа решеница од Стариот Завет/шестодневот? Тоа значи дека осветувањето вода не е празна работа! Имено, осветената вода не „старее„ со текото двремето и не станува непријатан по мирис и по вкус, од проста причина што врзнеа е балгодатнат енергија од Светиот Дух, истиот Оној Дуј кој ледбеше на водата на тогашната планета Земја, на која сеуште не беше создаден животот! Воедно, трајоста на осветената вода е доказ дека во православната Црква делува благодатаната енергија од Светито Дух, она кое ниедна друга самонаречена црква го нема, вклучувајќчи ја тука и римокатоличката Црква. На римокатолиците не им успева да осветат вода и таа да иста да бибд трајна, туку се случува спротивното: нивната „осветена„ вода порпима мирис на тиња! Е па сега, ти текнува ли каде е благодатта Божја!?
13. За ценовниците во Црква, лично, немам замерка. Свештениците жиеват исклучиво од нивната служба и не им е дозволена друга активност од која би имале приходи! А така било и во Стариот Завет. Кога евреите ја населие ханаанската земја, на секое еврејско племе им била доделена одредена територија на која треба до да живета и да ја обработуваат. Само племето „левити“ немало земја! Ти текнува? Значи само тоа племе, кое е одредено да ги дава свештенците еврејски, немало имот и живеело исклучиво до свештенилиот повик! Така е и сега со нашите свештеници. Патем кажано, лично о персоначно познавам многу атеисти на кои црковните ценовниџи им биле мноу скапи, а иситите тие атеисти фрлаат пари наоколу за секакви будалштини! Венчавањерто е еданш, крштевањето е еднаш, погребот е еднаш, за нив
еднаш се плаќа, а давањето пари за глупости и минливи вредности е
секојдневна појава и тоа е „так нормално„! И сега. кој е во право?
Ај некоја реченица за блажениот (не „светиот„!) Августин. Имајќи го во предвид неговото аристократско потекло и врвно философско образование за тоа време, не е ни чудно што Августин повремено меша некои работи од философијата и христијанската религија. Она кое православието најмогу му забележува на Августин е негово влијание во зачнувањто на папството во Рим! Незнам од каде си ги извадил цитатите (од која книга од авторот) , ама мене лично ми звучат мнооогу старозаветно! Каква всрка има Августин со Тората? Да не бил евреин (а бил римјанин, колку знам)? Вака, извадени од контекст, неговите ставови можат да бидат и погрешно протолкувани. А ако си ти толкувачот, а не некој од Светиите или богословите, тоа ќе го земам само како твое лично мислење, кое, секако, немора да биде вистинското.