Divider
Seraphim
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 27.337
- Поени од реакции
- 3.062
Раштимана коалиција која прави збрка на политичката сцена. Ова е формулацијата на двајцата политички аналитичари Дане Талевски и Алберт Муслиу, кои А1 ги праша што се случува во власта.
Раскарани партнери, празни министерски места, преземање на пратеници, испорачување на политички сметки во време кога Македонија ја очекува поканата за НАТО.
„На македонската политичка сцена во овој момент се случува раштимана владина коалиција која е исклучително слаба и која веќе подолг период од година дена тешко ги наоѓа начините како да функционира заедно“, изјави Дане Талевски, политички аналитичар.
„Една малку поголема збрка која мислам дека во моментов не е веќе ни организирана збрка. Значи, никој нема надзор над сите делови од таа збрка“, рече Алберт Муслиу, политички аналитичар.
За ваквата состојба Талевски лоцира две причини. Првата - недостатокот на комуникација меѓу партнерите и втората - силното инсистирање на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како носител на коалицијата да ги турка само своите проекти, без да остават простор и место за наметнување на интересите важни за ДПА и НСДП.
„Јас не знам навистина што повеќе треба ВМРО-ДПМНЕ и Груевски да направат за НСДП да замине од владината коалиција. Има имаат направено практично се, им ги земаат пратениците во Парламентот, не им ги даваат ресорите кои веќе беа договорени и на локално и на национално ниво“, вели Талевски.
Според Муслиу, пак, последната порака на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, дека пред самитот во Букурешт треба да се решат двете битни прашања за Албанците - закон за јазик и закон за припадниците на ОНА, е само обид да се прикажат како партиски проблеми кои ги засегаат граѓаните.
„Не знам дали е тоа политичка игра меѓу двете албански политички партии или е малку на пошироко ниво. Секако, тие прашања се прашања кон кои треба малку посериозно да се однесуваат сите политички актери, вклучувајќи ги и неалбанските политички партии, како во опозицијата, така и во власта“, додаде Муслиу.
Според аналитичарите, сите овие турбуленции може да се сметаат како вовед во заземање на подобри стартни позиции на коалиционите партнери за предвремени избори.