Дали постои оправдан злостор?

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ова за убиство во самоодбрана ме потсети на сцена од филмот тетовирање кога ќе го прашаат Љубо манијак за што е затворен тој ќе речи за силување...во самоодбрана.Лесно е да убиеш човек но потоа следува тешкиот дел треба да живееш со тоа.Овој човечки акт се отценува за најголемо злосторствто кое го носиме со нас како тешко бреме,дури и една од најстарите приказни во библијата онаа за Каин и Авел се спомнува тоа.Убиство во самоодбрана е оправдано но тоа човек сам си го оценува и е субјективно исто како со Љубо манијак.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Некои луѓе викаат дека љубовта е злостор...Го крадеш срцето на друга личност, и себично го чуваш само за себе... Мислам дека ова е оправдано...:toe:
 
Член од
24 август 2008
Мислења
132
Поени од реакции
2
Ima premnogu opravdani zlostori, tuka ne spaga samo samoodbranata (ako toa voopsto e i zlostor). Na pr, vie ne bi ubile nekoj, koj saka da ubie nekoj vas blizok?
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Нужната одбрана не е казнива, но сепак ниту едно злосторство не е оправдано.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Само со исклучок на самоодбрана тогаш според мене, а и според законските норми се оправдува злосторот.
Нормално дека ако имаш средства да се браниш во случај некој да те нападне дека треба да се реагира и тоа се оправдува. Е законски има одредени ограничувања. Треба да се возврати во самоодбрана со истата сила и истите средства со кои сме нападнати. Ако некој те нападне со нож не може да возвратиш со пиштол пример. Ако го убиеш виновен си. Ама па ако тој ме нападне со нож и искрвариш до смрт??? Тука има многу полемики од една страна, но од друга страна па некои ја искористуваат самоодбраната за да си ги оправдаат своите злосторства и затоа постојат одредени ограничувања.

А во сите останати случаи не оправдувам злосторство.
Не може да постои доволна причина за да се оправда злосторство.
Денес во светот сеуште постои крвната одмазда. Може да се слушнат приказни од типот тој го уби синот или ќерката па морало да се возврати.
Болката тука кај лицата кои ја почуствувале загубата е огромна. Но постои државната санкција и лицето за убиство ќе гние во затвор десетина дваесет години, а одмаздата не може да се оправда.

Тука се и несреќните случаи. Лицата без умисла извршуваат убиства пример сообраќајна несреќа во која загинуваат сите лица освен возачот. Но тука злосторот постои од таа гледна точка да не требал возачот да вози толку брзо или да внимавал на сообраќајните правила ... Не се случуваат сообраќајни несреќи ако се внимава. Значи возачот иако не со умисла но не постапувал правилно.

Постојат неколку ситуации во кои до умерена граница може да се оправда злосторот но од друга страна злосторството какво и да е мора да постои санкција за него.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Според мене е оправдано само во самоодбрана, затоа што тука веќе станува збор за сопствениот живот во сите други случаи дефинитвно не постои оправдан злостор
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
47
Поени од реакции
2
За мене оправдани се и убиствата во самоодбрана, а и оние кои се направени во војна. еве зошто: убиството во самоодбрана е извршено за да се заштитиш ти или некој свој близок, а убиството во војна е затоа што застапуваш нечија идеологија или својата :duel:
 
Член од
24 септември 2008
Мислења
450
Поени од реакции
14
За мене оправдани се и убиствата во самоодбрана, а и оние кои се направени во војна. еве зошто: убиството во самоодбрана е извршено за да се заштитиш ти или некој свој близок, а убиството во војна е затоа што застапуваш нечија идеологија или својата :duel:
Tuka si potpolno vo pravo. Znam deka nieden zlostor ne e opravdan no ova definitivno go opravduvam .
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
За убиствата за време на војни постојат огромен број на закони и правила кои мора да се почитуваат, а во војна ретко кој ги почитува. Преку меѓународните институции се настојува да се казнува тоа, но тешко оди тоа.
Дозволени се секакви борби но само во борбените зони а надвор од нив не смее никакво убиство да се изврши, а посебно не врз цивилни лица и не смее плус врз воени лица.
А сите знаеме за време на војни колку невини лица гинат.

Нема ништо полошо од војните и преку нив загинуваат огромен број на лица кои се војници, кои цивили, кои хуманитарни лица, кои се новинари и јас би ги казнувала сите тие лица кои надвор од борбените зони убиваат. Иако тоа тешко се дознава.
Јас не го оправдувам злосторот во војните кој не е во согласност со правилата на хуманитарното право. А таков злостор има во секоја војна.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
За убиствата за време на војни постојат огромен број на закони и правила кои мора да се почитуваат, а во војна ретко кој ги почитува. Преку меѓународните институции се настојува да се казнува тоа, но тешко оди тоа.
Дозволени се секакви борби но само во борбените зони а надвор од нив не смее никакво убиство да се изврши, а посебно не врз цивилни лица и не смее плус врз воени лица.
А сите знаеме за време на војни колку невини лица гинат.

Нема ништо полошо од војните и преку нив загинуваат огромен број на лица кои се војници, кои цивили, кои хуманитарни лица, кои се новинари и јас би ги казнувала сите тие лица кои надвор од борбените зони убиваат. Иако тоа тешко се дознава.
Јас не го оправдувам злосторот во војните кој не е во согласност со правилата на хуманитарното право. А таков злостор има во секоја војна.
Добро,значи според тебе ОН треба да обележат каде се борбените зони и повелете убивајте се.Каде почнуваат а каде завршуваат тие борбени зони?Кога ќе тргне хаосот ништо не се знае а цивилите се оставени на добрата волја на војниците.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Добро,значи според тебе ОН треба да обележат каде се борбените зони и повелете убивајте се.Каде почнуваат а каде завршуваат тие борбени зони?Кога ќе тргне хаосот ништо не се знае а цивилите се оставени на добрата волја на војниците.
Има многу правила за военото право имам учено цел предмет Хуманитарно право (воено) значи не е тоа така баш како што кажа. Санкциите се ригорозни и борби се дозволени во борбените зони не надвор од нив.
А какви се правилата земи прочита си ги четирите Женевски конвенции за хуманитарното право од 1949. Има многу да се збори за војните и за што е дозволено а што не. Не е тоа така ај земи пушки и води војна. Тоа е тероризам, а за војни постојат правила.
Кои далеку од тоа дека се почитуваат.

Мада не е ни тоа темата. Јас само кажав дека не го оправдувам секој злостор за време на војна.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Оправдан злостор според мене постои.
Еве јас ќе кажам на какви луѓе:
На Рекетари кој решиле на лесен начин да бидат богати.
Замислете си ситуација со години рмбате да спечалите некој динар и ви доаѓа некој рекетар којшто ви вика мора да ги дадете 5000 евра. Ако не ја дадете таа сума ќе бидете убиени.

Е сега некој ќе рече ќе превземеш мерки ќе пријавиш во полиција ќе го тужиш на суд. итн...

Но таквиот рекетар и во судството и во полицијата има јаки луѓе, што него ќе го направат праведен, а тебе крив.

Што значи во таквиот случај ќе си речиш „поубаво јас него да го убијам него тој мене.

Злосторство би било кога некој ИЗНУДУВАЧ НА РЕКЕТ би те убил бидејќи не си му ја дал нему потребната сума на пари којашто би ти ја побарал тој.

ОПРАВДАНО ЗЛОСТОРСТВО би било кога ти него би го убил.

Или пак кутриот тој. Жал да ти падне за него (Ако не му ја дадеш потребната сума...)

Е сега некој ПОЧИТУВАЧ на таквите ќе рече: „Ох леле кај можеш ти него да го убијеш знаеш ли колку е забеган тој“

И Што курац ако е забеган Зарем тој има таква конструкција на телото што куршум не го пробива а

Или пак ако го пукаш него куршумот како Бумеранг ќе ти се врати

Колку помалку РЕКЕТАРИ и слични срања како нив толку подобро утре за народот.

Таков како нив ако загине воопшто не треба жалење за него...
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Секое убиство, безусловно се смета како злостор. Така и убиството во самоодбрана, тргнува некој да те убие, го убиваш, за да преживееш. Комплетно оправдан злостор според мене, иако во повеќето држави се лежи затвор и за тоа, но не толку многу колку за напаѓач, и лесно се добива условна казна.
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
ако некој украде една Чоколада од Продавница,дали и тоа е злостор?ако е да,тогаш јас би го оправдал...
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Оправдан злостор е оксиморон сам по себе. Злостор не може да е оправдан а ако е тогаш не е злостор. Самиот поим за зло и злостор се многу променливи категории кои прво треба да се стават во рамки и да се дефинираат (ако е можно) па дури тогаш да се оди во нивната евентуална оправданост.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom