Прво, не знам како можеше да пројде толку време без да им се обрати внимание на тие луѓе кои со месеци и месеци седеа во шатори пред Собрание (лично се срамам што само проаѓав покрај нив). Да биде иронијата поголема, беа сместени непосредно пред ГТЦ каде што луѓе, меѓудругото идат да си се частат со шопинг. Фина слика за споредба.
Според мене, не улиците у Центар, него цело Скопје требаа да го блокираат. Колку да потсетат дека постојат.
Ми се превртува желудник од коментарите на луѓето дека као требало да се снајдат, да бркаат работа место таму да штрајкуваат и слични "мудри" совети (да, лесно е да си паметен кога не е твоја муката). А уште повеќе ми се гади од "експертите" кои продефилираа низ медиумиве со ставот дека не било во ред да се издвојуваат пари од буџетот за категорија на луѓе кои се работоспособни и дека истото може да створи револт кај другите. Ма дај? А, беше во ред и не се револтираше никој кога сдсм и олигарските му пајташи ги черупаа претпријатијата и фабриките и ги направија луѓево стечајци, заглибени у крајна материјална беда. Двојни мерила, баш фино.
Или, тоа што владата као им нуди помош со одлуката да дава 3000 ден. месечен надомест за оние кои ќе ги вработат овие луѓе. Или пак, тоа што нуди кредити од 3000 евра за да започнат сопствен бизнис. Е браво! Се претргнале од помош!
Главните кривци се дефинитивно оние од СДСМ. Али, кога се работи за ваква тешка социјална неправда, не треба да се полемизира кој ја донел работава до провалија, него да се прејде на решавање на проблемот.
Нека почнат со враќање на законот од 2000. во кој се предвидуваше месечен паричен надомест за овие луѓе до денот на нивното евентуално повторно вработување. Барем како привремена мерка.