Стечајците ги блокираа улиците кај владата и собранието!

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
И, на крај, онаа народната, од азијатска провиниенција, многупати од мене напишана:
Кучињата си лаат, караванот си врви!
Уште колку каравани ќе изврват додека истите кучиња лаат...
 
Кажав и погоре.. затоа сдсм падна.. Сега се опозиција и се ближат избори и сакаат да се покажат дека се смениле.. А каде се ветувањата на премиерот од пред избори? Сега е на власт ВМРО и тие се оние кои треба да го решат проблемот.. Најголем дел од нив се постари луѓе кои никој не би ги зел во една приватна фирма да работат.. должност е на владата да го реши нивниот проблем.

Прво, СДСМ нема ни следните 100 години да се сменат. Тоа им е во гените. И како опозиција се средно жалосни иако јас би сакал да беше поинаку па да имавме поголем избор.

Второ. Владата не е должна ама баш ништо да направи затоа што некоја фирма отишла во стечај.

Тоа што владата треба и би била должна да направи е да им дава пари за невработени и да се обиде да направи програма (проект) што повеќе од стечајците да најдат работа. Владата дури би имала право да ги размести таму каде на неа и одговара.

Дали нешто ќе направат ќе видиме.
 
Колку да знајш само Грујо не вети кога имаше избори за стечајците ништо.Не е ни во програма.Ова ако го решат ке му дојди како фазла
 
Прво, СДСМ нема ни следните 100 години да се сменат. Тоа им е во гените. И како опозиција се средно жалосни иако јас би сакал да беше поинаку па да имавме поголем избор.

Второ. Владата не е должна ама баш ништо да направи затоа што некоја фирма отишла во стечај.

Тоа што владата треба и би била должна да направи е да им дава пари за невработени и да се обиде да направи програма (проект) што повеќе од стечајците да најдат работа. Владата дури би имала право да ги размести таму каде на неа и одговара.

Дали нешто ќе направат ќе видиме.
Значи во невработените спаѓаат и стечајците..
Ајде малку од економска гледна точка.. Секоја влада е должна на невработените (значи тоа се лица кои се способни и бараат и работа) да им обезбеди соодветни услови за живот. Значи владата е должна или да ги вработи или да му дава соодветна социална помош.
Но проблемот е што владата нема слух за овие луѓе, и јавно не го подржа ниту нивниот протест, и не сакаше да се свика вондредна седница во која би се разговарало за нивниот проблем, би бил ставен на дневен ред законот предложен од СДСМ и со тоа да се реши нивниот проблем.

Јое.. Премиерот ногу често пред изборите ги посетуваше стечајците.. и ова е еден од поголемите проблеми кои МОРА да го реши.. А за пари ако има за изградба на цркви и џамии и не знам шо друго ќе се најда во буџетот и за вакви многу посериозни проблеми.
 
за терористите има пари и пензии, а..за овие нема:)
да се разбереме и да бидеме искрени, цела година стојат пред парламент...е па така не се бараат права...нека ги погледнат останатите, е вака блокада мокада. не е битно дали се во право или не.
Не навлегувам како и зошто дошле до тоа..ама..тие викаат дека се 7 илјади такви?..(ednas kako da slusnav deka bile okolu 20 spored vladata, poso vo stecajci ne vleguvaat samo tie sto se krenale..od najgolemite firmi) како и да е.. нека им дадат по 5 илјади евра...7 X 5 plus kolku mu ide три нули од едното и три од другите илјади..2 ипол милјони евра...pff..ништо сите задоволни, што е тоа за владата.
Moже тераат таква политика на непопужтање, баравте гледајте, не и е до парите мозе на владата..туку едно ставно сака да показе цврстина...ама..зошто баш на овие луге
Крајот на краиштата јас од малкуте информации што ги имам ке казам, Кој кур некој фрлал 28 години пари за пензија,,??? нека му ги исплатат тие пари ..и сигурен сум дека нема да бара пензија...уствари...колку пари од бруто платата одат за пензија? 20 посто? 30?...хммм..
незнам...многу мислење има за ова стварно
 
Прво, не знам како можеше да пројде толку време без да им се обрати внимание на тие луѓе кои со месеци и месеци седеа во шатори пред Собрание (лично се срамам што само проаѓав покрај нив). Да биде иронијата поголема, беа сместени непосредно пред ГТЦ каде што луѓе, меѓудругото идат да си се частат со шопинг. Фина слика за споредба.

Според мене, не улиците у Центар, него цело Скопје требаа да го блокираат. Колку да потсетат дека постојат.
Ми се превртува желудник од коментарите на луѓето дека као требало да се снајдат, да бркаат работа место таму да штрајкуваат и слични "мудри" совети (да, лесно е да си паметен кога не е твоја муката). А уште повеќе ми се гади од "експертите" кои продефилираа низ медиумиве со ставот дека не било во ред да се издвојуваат пари од буџетот за категорија на луѓе кои се работоспособни и дека истото може да створи револт кај другите. Ма дај? А, беше во ред и не се револтираше никој кога сдсм и олигарските му пајташи ги черупаа претпријатијата и фабриките и ги направија луѓево стечајци, заглибени у крајна материјална беда. Двојни мерила, баш фино.

Или, тоа што владата као им нуди помош со одлуката да дава 3000 ден. месечен надомест за оние кои ќе ги вработат овие луѓе. Или пак, тоа што нуди кредити од 3000 евра за да започнат сопствен бизнис. Е браво! Се претргнале од помош!

Главните кривци се дефинитивно оние од СДСМ. Али, кога се работи за ваква тешка социјална неправда, не треба да се полемизира кој ја донел работава до провалија, него да се прејде на решавање на проблемот.
Нека почнат со враќање на законот од 2000. во кој се предвидуваше месечен паричен надомест за овие луѓе до денот на нивното евентуално повторно вработување. Барем како привремена мерка.
 
Има некој предлог како може проблемот со стечајците да биде успешно решен?

Но реалистичен предлог!
 
Џабе нема ни код бабе, ако решат да им даваат плата нека им дадат и работа, на пример чистење на Македонија од наталоженото ѓубре, секое најлонче што виси по гранките низ Македонија треба да се собере од човечка рака.

Иако јас би ги прашал:

- Што правевте драги стечајци кога првпат ви задоцни плата?

Молчевте додека не ви даваа и до 24 плати, а тогаш земавте храброст и само прашавте „Кога ќе ни дадете плата?„. Сега начекавте мека влада па ај ќе блокираме улици, да беше 95-96 стап ке пукаше.

Некој мора да плати за својата плашливост, за да бар своите деца ги научи кога треба да се крене глава и да се каже „Доста е!!!!„

Нека им се дадат плати ,ама и да работат за тие пари.
 
... Нека им се дадат плати ,ама и да работат за тие пари.

Бубе, ако си вработен ај отстапи им го твоето работно место како би работеле и би имале плата, бар на еден ќе му ја решиш ситуацијата. Многу е лесно да се коментира ако не си директно боцнат од ситуацијата.

Мислам дека треба да се одвои буџет за оваа категорија граѓани, но не да им се дадат како пари туку да се пренаменат (пр. за придонеси). Да се осмислат социјални програми кои би овозможиле нивно активно вклучување на пазарот на труд.

Во разговор со луѓе од соседниве земји знам дека една од мерките која е превземана е социјален сервис за опслужување на стари лица. На овој начин и невработените се ангажирани и платени за тоа и старите лица се згрижени.
 
. Секоја влада е должна на невработените (значи тоа се лица кои се способни и бараат и работа) да им обезбеди соодветни услови за живот. Значи владата е должна или да ги вработи или да му дава соодветна социална помош.

Koga ке разберете дека владата не гради фабрики и невработува луѓе.Ова е пазарна економија.Помина времето на социјализмот и Тито кога цела Југославија се задолжуваше по лондонски и париски клубови за да гради фабрики,а тие кредити ние денес ги плаќаме.Во пазрни услови кон кои ние се стремиме владата само обезбедува услови за да се отворат фабрики.
А за социјална помош имаат право но нејќат да ја земат,зошто незнам.
 
Бубе, ако си вработен ај отстапи им го твоето работно место како би работеле и би имале плата, бар на еден ќе му ја решиш ситуацијата. Многу е лесно да се коментира ако не си директно боцнат од ситуациjaта.

Веќе направено, моето работно место или ако сакаш мојата социјална помош како невработено лице им е веќе остапена на граѓаните на Македонија. Јас активно придонесувам за заштеда во Македонскиот буџет како лице на кое ќе му се помага од народни пари.

Јас фино лепо напишав на луѓето да им се дадат пари ама тие пари да си ги заработат. Ти како што гледам ја застапуваш тезата да се зима плата а да не се работи. Па тоа го нема нигде, па дури и во СФРЈ во која се слеваа кешовина од САД луѓето мораа бар да бидат присутни на своето работно место од 6 до 2.

Работата го краси човекот,мрзата го гнаси!

п.с. Владата може да направи ребанс на буџетот и конечно да одвои средства за чистење на Македонија. Дали тоа ќе биде јавно препријатие или нешто друго си има експерти. Јас пред 2 месеци доставив предлог до владата, за преработка на отпадот за добивање енергија па дури и од изметот на луѓето и животните. Она што за некој ќе биде смешно во западните земји е реалност.
 
Работата го краси човекот,мрзата го гнаси!

Ги сметаш стечајците за мрзливи луѓе? Сметаш дека мрзеливоста ги дотерала до таму кај што се?
 
Ako se ima zelba da se otvorat sonlivite oci i da se vidi REALNOSTA, na site ke im bide jasno deka stecajcite i drugite nevraboteni postari od 35 godini (i toa optimisticki kazano) nebitno kakva kvalifikacija imaat....SE EKONOMSKI MRTVI LUGE VO MAKEDONIJA.....utre sabajle da vletaat neznam kakvi krediti, grantovi in slicno.....im nema pomos. Makedonija e veke do toj stepen RASTRAFENA , da za interventen remont trebaat 10 godini minimum.....za nekakvo fakanje priklucok so razvieniot svet ...ne stanuva ni zbor barem za nekolku generacii....
Znaci ostanuva ITNATA POMOS i nekoi merki koi ke ja zaprat bolkata iako ne mozat da go odlozat neminovniot kraj....., a toa sekogas e nesto sto podocna ke go narekuvaat "socijalizam" "diktatura" itn. itn.
Znaci onie koi imaat mnogu , imaat kolku im treba ili barem imaat za kakov,takov pristoen zivot , ke treba da se naviknat i da otrpnat na makite na onie koi ja nemaat taa sreka i kade da e ke pocnat navistina da umiraat za leb... zfateni so borbata da ostanat vo camecot ovie sreknici se pomalku ke se sakaldisuvaat za makata na drugite...:) ....toa vi e noviot ubav svet...GO SAKATE...UZIVAJTE VO NEGO.................
 
Веќе направено, моето работно место или ако сакаш мојата социјална помош како невработено лице им е веќе остапена на граѓаните на Македонија. Јас активно придонесувам за заштеда во Македонскиот буџет како лице на кое ќе му се помага од народни пари.

Јас фино лепо напишав на луѓето да им се дадат пари ама тие пари да си ги заработат. Ти како што гледам ја застапуваш тезата да се зима плата а да не се работи. Па тоа го нема нигде, па дури и во СФРЈ во која се слеваа кешовина од САД луѓето мораа бар да бидат присутни на своето работно место од 6 до 2.

Работата го краси човекот,мрзата го гнаси!

п.с. Владата може да направи ребанс на буџетот и конечно да одвои средства за чистење на Македонија. Дали тоа ќе биде јавно препријатие или нешто друго си има експерти. Јас пред 2 месеци доставив предлог до владата, за преработка на отпадот за добивање енергија па дури и од изметот на луѓето и животните. Она што за некој ќе биде смешно во западните земји е реалност.

Ти очигледно мене или не ме читаш или не ме разбираш.
Во кој дел од муабетот ти прочита дека моето мислење е да им се дадат пари директно на рака без работно ангажирање?
 
во штип има над 200 конфекции, мислете дека нема работа?
не! има! ама луѓето не сакаат да работат бидејќи газдите се сурови и им ја вадат маста ... ама то е то, кој сака да има парче леб, ќе рмба ко вол, кој не... ќе лежи у парк пред влада...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom