Нема работни места или нема кој да работи?

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Сигурен сум дека нема кој да работи, се разбира и државата е до некаде крива што недоволно го стимулира малите и средните бизниси, единствениот спас ни е во малите и средните бизниси во светот 70% се токму во овие бизниси вработени да се отворат 100 нови мали компании и да вработат по 4 со се нив стануваат 500 вработени што до некаде е и еден голем бизнис, така да мора да сватиме еднаш дека државата не може сите да ги вработи под нејзина капа мора да бараме начини самите да се вработуваме, и да преземаме ризик
 
што збориш бе??? :)
а кој ги тестира?
каде?
а и како ке оцениш кој за што учел?
муабетов е ко за владина реклама....

Се сложувам,али не ваљат тие реклами.

П.С ќе може потписот да ми го преведеш:smir:

Сигурен сум дека нема кој да работи, се разбира и државата е до некаде крива што недоволно го стимулира малите и средните бизниси, единствениот спас ни е во малите и средните бизниси во светот 70% се токму во овие бизниси вработени да се отворат 100 нови мали компании и да вработат по 4 со се нив стануваат 500 вработени што до некаде е и еден голем бизнис, така да мора да сватиме еднаш дека државата не може сите да ги вработи под нејзина капа мора да бараме начини самите да се вработуваме, и да преземаме ризик

Епа гледаш дека државата стимулира....партиски вработувања по администрација-зафатена е:helou:

статистички над 300 000 невработени,реална плата околу 8000 денари....шо ќе прајме муабет џабе :tapp:
 
Во Македонија слободни 4.849 работни места

Во третото тримесечје од годинава во Македонија има вкупно 4.849 слободни работни места, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика врз основа на спроведена анкета како дел од истражувањата на пазарот на трудот.

Согласно оваа статистика, најмногу слободни работни места има во преработувачката индустрија (1.577), по што следуваат трговијата на големо и мало (662), градежништвото (396), јавната управа и одбраната (375) и образованието (314). Најмалку работни места има во секторот снабдување со електрична енергија и гас (5), дејностите со недвижен имот (5) и во финансиските и осигурителнитедејности (28).

Гледано според занимањата, најмногу слободни работни места има за работниците во услужните дејности и продажбата (1.243), а најмалку за воените занимања.

извор:http://ekonomski.mk/?p=14872
 
Да се чудиш. А ваму во заводов за вработување кадар за лек нема :facepalm:
Изгледа овај заводов е формиран за да ги чекаат на кондиција луѓево...задоцни се 3 дена, не се пријави, не си повеќе невработен.
Пак че речам :facepalm:
 
Остај, тој заводот прави се освен да вработува:facepalm::facepalm:(n)
 
а во образование што бараат може ли да се знае,
што толку не може да најдат и покрај толку незапослени.
 
03.12.2012, 17:15, Утрински весник

Зошто да се работи за минималец!?

„Подобро ќе биде да не работам отколку да робувам некому по цел ден за 8.000 денари месечно“. Вака се изјаснила извесна битолчанка анкетирана за истражувањето „Мапирање на сиромаштијата и социјалната исклученост во Македонија“.

Ова не е несреќна изјава, туку, за жал, реалност во која живеат најголем дел од младите во градот под Пелистер, но и пошироко во Македонија. Старата поговорка - џабе не седи, џабе работи по се' изгледа веќе не поминува. Младите не сакаат да работат за минимална плата. Бараат работа според своето образование и во областа за која се школувале. Не сакаат да работат што и да е.

Од друга страна, пак, парадоксално е што најголем дел од младите се задоволни и со едно евро на ден. Ако според критериумите на Светска банка е сиромашен секој што има на располагање 250 денари во текот на денот, на младите во Македонија им се доволно само 60 или 80 денари дневно за да испијат едно кафе, да облечат облека од најновите колекции, да видат и да бидат видени.

Младите како се' помалку да ги интересира социјалната ситуација во државата. Во Битола, на пример, незаинтересираноста а можеби и разчараноста навлегла толку длабоко што младите се единствено заинтересирани да шетаат низ Широк сокак. Кога момците од „Аман“ со мегафони ги повикуваа да се приклучат на нивните протести, ниту еден од нив не се „осуди“ да стане од масите кои ги зафатија во уличните кафулиња.

Ако веќе сте помислиле дека за оваа состојба се виновни повозрасните, тука сте во право. Колку и зошто ги разгаливме нашите деца не е прашање за милион долари, оти лесно се одговара иако постојат милион одговори.

Но, голата вистина е таа дека во Македонија младите имаат многу примери како да заработат и без да се испотат. Секако, тука се вработувањата во јавниот сектор со партиски филтер. Кога може со малку работа да се зема висока плата, да се биде слободен за викенди и празници, тогаш зошто да се работи за минимална плата!
 
Зошто да бара некој работа кога може друг да работи за него и башка ние Македонците нели го бараме тоа од нашите политичари да не вапцаат они за нас да работат еве споменици,згради,фонтани и ред други нешта зошто да мислиме со своја глава.

Само заокружи си ливче на секој 4 години и после чао пријатно.

Економија кој од вас работел нешто приватно со некој другар да направи обична трговија еве да речеме купиш нешто и да земеш нешто да ви платат во кеш.

Постои ли тој збор КЕШ или банките ви го пресекоја јазикот.

Се е денеска во стилот па не ми треба ова ,па не ми треба она ќе одам на гоогле да си најдам решение и така натака .........................

ЕКСПЕРТИ сме за Депресија
 
Јас ви гарантирам дека има работа за сите но...нема кој да работи!!!
Крај на дискусијата

Точно има работа нема само плата и придонеси, ако сакаш да работиш мојш да акаш до мила волја за некој да јаде
 
Има работа, има и луѓе кои бараат работа...., ама она што е sид помеѓу овие две нешта се врските, тие работни места кои се слободни и кои го заслужуваат луѓето кои бараат работа се веќе пополнети со луѓе кој едвај завршиле школо и со врски го добиле работното место.
 
парадокс
 
Работа и има и нема, но пари дефинитивно нема ...
За плата од 100 или 150 евра како прво направете најпроста математика и ќе сфатите дека не се исплаќа човек да станува секое утро од црни темници да трча по автобуси ко будала да стигне на работа на време, не се исплаќа само спремањето, патувањето од дома до работа и назад, кинењето на обувките и облеката, а каде е осумчасовниот труд односно 8 часовниот психо-физички ангажман на работното место !
Со овие плати може да се покријат само храната и превозот и уште некоја ситница ќе остане, со овие плати ниту цели две сметки неможе да се платат во куќа а каде се останатите работи ... со овие пари еден човек сам неможе да го прогура месецот а тек па уште на грб да има и семејство(жена и дете/деца) !
Некој ќе рече па не биле мали пари тие, не биле епа нека оди тој т.е. нека одат тие таквите да работат за тие пари цел месец !
Платите не беа високи ни во минатото блиско но барем цените на се и сешто беа далеку поевтини и имаше помалку давачки и помали давачки, а денеска човек и голема плата да зема цела ќе ја даде за пар сметки, комуналии, даноци и секако за по некоја казна !
Тоа е тоа премали плати а астрономски цени на се и сешто !
 
Ако беа Македонците пребирливи ,газдите на фирмите нема да се осмелеа да нудат смешни плати од 8000 ден.Туку, има такви кои работат и за тие пари.А за 8000 ден ,посебно ако сте фамилијарен човек не вреди да се работи па кој сака нека ме убедува цел ден во спротивното.
Моментално во Мк е катастрофа за наоѓање работа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom