Нема работни места или нема кој да работи?

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Има работа, нема кој да работи кратко и јасно :toe:
 
Има работни места колку што сакаш, финтава е не даваат многу пари а бараат многу работа и затоа ај тука не одеме ај онде не одеме и нема работа после ке речеме тоа е фркава времето и парите а не дека нема работа поз.
 
Има работни места колку што сакаш, финтава е не даваат многу пари а бараат многу работа и затоа ај тука не одеме ај онде не одеме и нема работа после ке речеме тоа е фркава времето и парите а не дека нема работа поз.


или па




:helou:
 
Абе има работни места. Отвори најдиработа ќе најдеш 100 огласи секојдневно што излегуваат.
Ама 90% од нив се за продавач, комерцијалист, келнер, работник во сендвичара итн. Па извини ама јас не сум учела 5 години факултет за да сум продавачка во Теранова.
Кај нас има многу академски кадар а нема работа за тие лица. Не се цени дипломата, на огласите за пример економист, правник, филолог итн се примаат лица со врски и со книшче.
Ние сме земјоделска земја а на земјоделски факултет се запишуваат 50 лица годишно. Продаваат ниви огромни од другиве градови некои лица само за да го напуштат селото во кое живееле и да се преселат во Скопје и купат стан зашто тука сите живееле и тука имало работа. А Скопје има огромен број жители и се помалку работни места. А се се фали владата 80% запишуваат факултет. Залудно е што запишуваат и што завршуваат факултет, кога се занемаруваат други работи.
Кај нас се е испомешано и со многу предрасуди. Срамота е да си земјоделец, срамота е да се занимаваш со овоштарство, срамота е со сточарство, а не е срамота да си дипломиран и магистриран економист и да немаш работа. Па потоа да возиш такси, да си продавачка во Еко или да месиш плескавици во 7мица и да имаш дома магистерска диплома која ти служи само како украс на ѕидот.
 
Е тоа е она што најмногу боли.Имаш диплома ама немаш работа како што сакаш.
Ама кога ке дојдеш до немајкаде ке работиш се и сешто,зошто мораш,а ние македонците одма за дипломите се фаќаме.Ке дојде ред и за неа,шо викаат старите црно на бело да имаш.
Не мора одма да работиш тоа што си учел.
Ке работиш за да имаш,а за дипломата кога-тогаш ќе и дојде време.
Ама не...Ние сме паметни,диполма имаме.
Сите сме свесни дека веќе и факултетите не се она што беа и испити се лесни и се.Не е тоа мерило за интелгенција.
Паметен човек,работи за да има и да напредува а не да си ја држи дома дипломата.
Тоа се вика-барам работа за да не најдам.
 
Абе види сеа не барам пример јас сум правник и веднаш да ме вработат како правник во Тутунска банка. Не дека не сакам :pos:, ама знам дека е невозможно тоа.
Aма огласи поврзано со правото или асистент (второ име на деловен секретар) или некој си обичен економист нешо слично има по 2-3 неделно, па и ни толку нема. И дел од нив се само онака ставени се знае кои работат.
Епа неќам да сум продавачка и месарка и келнерка.
А има работа малкуцка некои пракси, стажирања, волонтирања за 2000-3000 месечно каде црнчариш а газдите се возат со мерцедеси и имаат куќи на водно. Нивните синови си го прчат и се фураат низ градов со новото bmw а ти кај татко му работиш за 2000 денари каде се ти е вклучено и храна и превоз. Сите бараат работници за ич пари.
Toa e нашата македонска реалност сите сакаат да работат што си учеле и да зимаат добра плата, газдите пак бараат некој свој човек или некој клошар за 3000 денари што ќе му работи, владата пак вика учете факултет тоа е вашата иднина, а факултет секој завршува и факултетската диплома служи за украс дома за ништо друго. Нови фирми и фабрики се отвараат на една рака да изброиш годишно, а секој млад човек којшто амбициозен и којшто гледа за својата иднина сака да работи и да заработува. А има дел што се миленичиња на мама и тато и што се мрзи невидени, ама тие ќе бидат директори еден ден сепак.
За секој оглас на крај се наоѓа човек што би работел, но ги разбирам луѓето кои се со диплома и не сакаат да се келнери за 300 денари дневно. Се надеваат дека ќе најдат нешто од она што сакаат да го работат, за што вложиле труд. Ако не најдат на крај сепак прифаќаат што било...
 
Ама не...Ние сме паметни,диполма имаме.
Сите сме свесни дека веќе и факултетите не се она што беа и испити се лесни и се.Не е тоа мерило за интелгенција.
Паметен човек,работи за да има и да напредува а не да си ја држи дома дипломата.
Тоа се вика-барам работа за да не најдам.
Која е тогаш целта delfybuba на студентите овде и низ светот ако не подобро утре? И секако враќање на илјадниците евра дадени за студирање? Мислам дека сфаќањето на дипломата во смисол на онаа потценувачка наводна изрека "учи сине за да не работиш" е од сфрј кога и не се ценеше дипломата, а тоа е сосем погрешен концепт. Или накратко, многу труд за ништо, што вели Росоњерката -за келнерка.

Или...би го преиначил почетокот во нема соодветни работни места (освен за економисти, информатичари и 2-3 слични профили), а има работа и има кој да работи, но не е воопшто платен ниту заштитен...
 
Ок, има работа - има. секако дека има... битно прашање - плата има?
 
ама проблемот е што овде стварно многу тешко се наоѓа работа по струка или приближно. Пр. имам завршено социјална раб. и политика. и сеа? каде? Министерство за труд, меѓуопштински центар, бардовци, домовите за деца, деликвенти се е тоа државно. а кај нас треба прво да се исполнат рамковно и партиски, па ако остане место можеби ќе се најде и за мене :) На договор некаков да,ама дефинитивно не планирам да волонтирам, затоа што кога ќе дојде време за вработување, во секоја нормална држава би ги вработиле волонтерите ама кај нас не, кај нас прво партиските војници се вработуваат.
 
Абе шо има работа бе кај има работа бре...???

читам постови имало работа немало кој да работи ......А ПЛАТА ИМА???????

јас ке вработам 15 души нема проблем кој сака без пари да работи нека ми пиши на пп:tapp:
 
Верувам дека има и работа и плата за оние кои учеле за знаење а не за диплома. Малку се за жал такви :(
Ммм, би рекол дека скоро сите учеле или за да научат или добијат повисока оценка (што пак не води кон поголемо знаење :) ). Но, проблемот понатаму е што ако немаш среќа да се вработиш на место за кое си учел, џабе е сето знаење кое си го стекнал, едноставно се фаќа пајажина на тој дел од знаењето. Примерот што го напиша Бат-Елохим со нејзиното школо е типичен, ете и и во мојот случај е така -не сите што завршиле имале можност/среќа (или можеле, но за која плата?) да се вработат и да го потврдат, искористат и збогатат знаењето кое го стекнале во образовниот процес. Само некои струки се во предност (и во некои градови) со вакво запослување. Тоа ти е магичен круг :)
 
Верувам дека има и работа и плата за оние кои учеле за знаење а не за диплома. Малку се за жал такви :(

што збориш бе??? :)
а кој ги тестира?
каде?
а и како ке оцениш кој за што учел?
муабетов е ко за владина реклама....
 
што збориш бе??? :)
а кој ги тестира?
каде?
а и како ке оцениш кој за што учел?
муабетов е ко за владина реклама....

Добро ќе беше да бев на процент :)
Извини, не зборувам за државен сектор ... тоа не ни сакам да го разгледувам како опција за човек кој учел за знаење. Приватниот сектор верувам дека тестира и одбира кадар со познавање а не само со диплома.
Замисли човек на 25 години кој завршува на некој приватен факултет за кој буквално пукнал најмалку 10.000 евра. Мојата калкулација е дека ќе му треба барем 20 години за да ги поврати инвестираните пари во своето образование. Ок, значи на 45 години ќе започне да осеќа придобивки од образованието :) Да не зборувам дека најчесто и кога би бил квалитетен кадар брзо ќе затупи и ќе се претопи во масата.
И да, факт е дека одредени професии безмалку не постојат во приватниот сектор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom