Попладневна дремка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сакам многу да си спијам попладне но неможам си легинам не можам да заспам , само кога сум изморен од сабајле ако сум станет за на тренинг ... и потоа кога ке си легнаам не ме буди ТОП .. така да ... се нешто тешко заспивам попладне .. Поздрав.:helou:
 
Со сила заспивам навечер, а попладне нема шанса, или скитам негде или по дома џаболебарам нешо, тепам време и слично, спиење никако :)
 
Со сила заспивам навечер, а попладне нема шанса, или скитам негде или по дома џаболебарам нешо, тепам време и слично, спиење никако :)

сакав да пишам за мене, но кога го видов твојот пост..ми ги зема зборовите од уста!! :pos::pos::pos:
 
Јас не сакам многу да спијам, обично спијам по 6 саати +/_ еден саат. Би спиел и повеќе ама ако си легнувам во 11 па да можам да станам кај 7 или 8 зошто ако станам покасно се осеќам како да сум го изгубил денот. Ама за попладевна дремка што да коментирам ни таа не ја користам многу можеби еднаш неделно да ги наполнам батериите зошто спијам помалку и да надокнадам. Освежува и тоа како особено ако лумпувам навечер ама не би ја практикувал стално зошто па и за тоа се осеќам дека ми е загубено време и дека место тоа би правел нешто друго
 
многу спијам и мислам дека пола живот го поминав во спиење но никако неможам да спијам попладне ептен некогаш ако сум утепана од шлаење натаму наваму или ако сум болна :)
 
многууу спијам...навечер седам до некаде 3 или 4 и сабалје станвам кун 12,и после пак ќе легнам минимум 2 сати ...и пак секој ден истото:pos2:
 
колку и да седам доцна немам навика да спијам на пладне:toe:
 
Секој ден се повеќе ми се спие. Кафето не ми помага. Изгледа топлото време е причина.
 
Само кога сум прва смена на школо :)
 
Попладне , непопладне, обожавам да спијам:)..
Посебно у последно време често практикувам попладневни дремки :pos:
 
Колку често практикувате да легнете попладне и да се одморите?
Сакате ли да спиете попладне?
Дали сметате дека е само губење драгоцено време или пак супер шанса за одмор,особено ако сте станати рано одсабајле?
Еве последнва недела, затоа што сум прва смена во школо, а и психички многу се исторшив богами, практикувам секој ден една дремка од кај 16:30 до кај 19:30 (ако може да се нарече пладневна)... Ни на крај памет не ми дошло дека е губење драгоцена време, затоа што полошо е ненаспани да се држиме будни и во она што сакаме да го правиме да бидеме минимално продуктивни, отколку да се наспиеме и потоа да го правиме она што сакаме најдобро што можеме
 
Многу спијам, а најмногу ја обожавам попладневната дремка и нема шанса ако сум одсабајле попладне да не преспијам, така сум навикната и ако не преспијам попладне а да сум дома некако како да не можам да функционирам:) се сум омалаксана, ме боли главата, ама како и да е најмногу ја сакам таа попладневна дремка едноставно уживам во неа :smir:
 
Jas sekoj sloboden moment go koristam za spienje.Mnogu spijam da se naspijam mi se dovolni 13casa.A toa retko se slucuuva.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom