Попладневна дремка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Колку често практикувате да легнете попладне и да се одморите?
Сакате ли да спиете попладне?
Дали сметате дека е само губење драгоцено време или пак супер шанса за одмор, особено ако сте станати рано?
 
Многу ретко спијам попладне иако обично ме фаќа дремка, поспаност, ко на пример сега во моментов. Некако ми се чини како да ќе ми отиде денот.
 
Коа сум прва смена редовно спијам,ако не сум наспан неможам ништо да правам
 
Уфф сега сум на работа, а баш си размислував, како би си легнал да бев дома, да се одморам :sleepy: инаку и кога не сум на работа, немам време за попладневна дремка :toe:
 
Ааауфф нема послатка работа еј порано од школо 1ва смена стасување дома у 14 набрзина јадење скапан уморен едвај пижама облакам и пупунец до кај 19 се будам цела перница излигавена(најсладок сон) после нагон за благо ненормален и кафе легнува ко кец на десетка Нема поубава работа мада одамна не ми се десило....
 
Многу ретко ми се случува, само ако сум премногу уморна и времето надвор е облачно па може да спијам попладне иначе не, вечерниот сон и денскиот во никој случај не може да бидат еднакви барем за мене и што кога ќе го преспијам цел ден? Ама баш губење време...
 
Ууууф да...неможам да издржам и си легнувам,какво сака нека е времето,ама трагичното е што обично ми се случува ради не преспаната ноќ ради учење или дремење на компјутер,што по ефективно би било истото тоа да го направам преку ден,а навечер да спијам.
Таа попладневна дремка,не е ни дремка,се оставам по 3 саати.Нема спас.
 
денес..од сабајле имав 7 напорни часа..едвај чекав да стигнам дома..стигнав дома фрлив ташна измив раце..облеков пижами некако..и фрц одма у кревет..на спиење..значи одговорот е да но сепак само кога сум прва смена у школо..голема спанка сум па не се задоволувам ни со сонот што го иам попладне:pos:
 
Многу ретко спијам попладне иако обично ме фаќа дремка, поспаност, ко на пример сега во моментов. Некако ми се чини како да ќе ми отиде денот.

Исто кај мене.
 
Кога сум многу изморена легнувам одма после школо и додека не ме разбуди некој - спијам ко заклана:)
Прееска така ме разбудија и иако првата реакција ми беше ненормално нервирање - после бев мнооогу среќна;)
 
Леле колку ми е мерак онака ко ЌЕ СИ МИГНАМ ПОПЛАДНЕ едно пола саат. Лелееееееј мераци. После тоа пиеш кафе и идемо на попладневна сесија учење.
 
Никогаш не спијам попладне, освем многу ретко обично ја чекам вечерта - обожавам да спијам во потполн мрак.
 
Лелееее, поладневна дремка и кафе после тоа....абе мераци!!
...ама дремење си усул...некад знае и да ми отиде денот, али ај, бар сум си се наспала ко чоек:kesa:
 
Редовно си спијам по 4 саата преку ден,ама ако станам у 4 попладне
нема зошто да спијам:)
 
Порано спиев, а сега поретко бидејќи ретко станувам рано, инаку знаев да спијам и по 4-5 часа, тоа кога бев средно!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom