Попладневна дремка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Аууу како само обожавам да си поспијам едно убаво кога ќе се вратам од школо кога сум прва смена...Најнајубаво нешто...Ама у последно време немам шанса за дремка оти имам многу обврски и знам дека нема да имам доволно време да ги извршам ако легнам да си поспијам...:toe:
 
Никогаш. Кога бев мал (читај некои 6 - 7 години) спиев преку ден, но одкога еден ден фати невреме, па такво грмење, врнење.... истураше, ептен се исплашив. Се сеќавам тогаш баба ми ја истураше со лопатче водата која ја полнеше нашата тараса, а надвор се уште врнеше, што дополнително ме исплаши. А за тоа колку плачев тогаш, да не правиме муабет. И од тогаш навака прекинав да спијам преку ден.

Уствари се имаше и од тогаш навака случено еднаш - два пати да дремнам преку ден, но одпосле се имам чувствувано мамурно, нерасположено, со главоболка..... што уште еднаш потврдило зошто не треба да спијам преку ден.

:)
 
Нешто што одамна го нема кај мене пред се поради работата. Порано кога не одев на работа често знаев да си дремнам тоа беше после возење точак и таман после туш одма како бебенце заспивав. Сега тоа ми недостасува сега сум хронично ненаспан ми недостасува време да се одморам, време за себе си.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom