Види...
Јас од мене си тргнувам зошто не сум по нафтените печки.
Кај мене е субјективно. Пред се, мене повеќе мерак ми прават стари машини, и тоа бензинци. Да имам нова ми е чисто од практични причини.
Е сега, мене барем, звукот на бензинец на високи обртаи ми е многу поубав
И новите дизели, барем во првите две минути, се чувствуваат и некои ептен ситни вибрации, оној дизелски шмек...самото стартување на моторот...
Башка, македонско дизел гориво е смрт за современите дизели. Човече, сум видел отворени дизел машини, абе полно саги на турбината, пумпата за висок притисок и сл. Сулфурот убива. Потребно е често менување масло и ставање адитиви и само по себе го прави одржувањето поскапо...
Не велам дека не се софистицирани, ама не уживам во таква работа.
Сум возел од 1.4 ХДИ на ПСА до 3.0 д на БМВ како твојот на пр, ама во серија 5, не велам дека не се солидни возила, напротив, ама едноставно, субјективно не ми прават мерак.
Објективно, современ дизел е со подобри карактеристики од соодветен бензинец, ама сепак, субјективниот фактор ми е побитен.