Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
- Возраст
- 39
Пред неколку месеци, кога прв пат го видов младиќов, на Лондонскиот Queens турнир, земајќи му "мера" на Лејтон Хјуит - ми падна во око како интeресен тенисер со голем потенцијал. Со тек на време, импресијата за ова 22 годишно момче родено во ЛеМан, со измешано француско-конгоанско потекло, се повеќе и повеќе растеше.
Од колегите на АТП турнирите го добива прекарот "the Muhammad Ali of Tennis" поради силината на ударите и личната импресија на Џо од боксерскиот великан. Големиот потенцијал, Tsonga почна да го покажува уште од јуниорските денови, а кулминацијата на неговите успеси од тоа време е титулата на јуниорскиот US Open во 2003-та кога во финалето го совлада Маркос Багдатис.
Иако го следеше несреќен период на неколку години исполнети со повреди и мал број на одиграни натпревари, од почетокот на 2007-та влегува во натпреварувачки ритам, а епилогот на ова го гледаме деновиве по терените во Мелбурн, каде ова момче покажува нешто досега невидено.
Висок, крупен, силен и брз. Одличен сервис (Tsonga поминувал саатови и саатови тренирање на сервисот по примерот на оној на Енди Родик), сосема солидна игра од основната линија, одлична снаодливост на мрежа... Каде се границите на Џо?
Времето ќе покаже. Првиот голем тест е утре, во финалето на Австралија Опен против уште еден феномен од "the new kids on the block" - србинот Новак Џокович. Недела наутро е терминот кога на сите љубители на тенисот им се готви посластица уште од почетокот на тениската сезона 2008. А ако утрото по денот се познава, Роже Федереру: Засучи ги ракавите. Ќе имаш тешка година да останеш на врвот на АТП листата.