Фан клуб: Џо Вилфрид ЦОНГА

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Возраст
39
Пред неколку месеци, кога прв пат го видов младиќов, на Лондонскиот Queens турнир, земајќи му "мера" на Лејтон Хјуит - ми падна во око како интeресен тенисер со голем потенцијал. Со тек на време, импресијата за ова 22 годишно момче родено во ЛеМан, со измешано француско-конгоанско потекло, се повеќе и повеќе растеше.

Од колегите на АТП турнирите го добива прекарот "the Muhammad Ali of Tennis" поради силината на ударите и личната импресија на Џо од боксерскиот великан. Големиот потенцијал, Tsonga почна да го покажува уште од јуниорските денови, а кулминацијата на неговите успеси од тоа време е титулата на јуниорскиот US Open во 2003-та кога во финалето го совлада Маркос Багдатис.

Иако го следеше несреќен период на неколку години исполнети со повреди и мал број на одиграни натпревари, од почетокот на 2007-та влегува во натпреварувачки ритам, а епилогот на ова го гледаме деновиве по терените во Мелбурн, каде ова момче покажува нешто досега невидено.

Висок, крупен, силен и брз. Одличен сервис (Tsonga поминувал саатови и саатови тренирање на сервисот по примерот на оној на Енди Родик), сосема солидна игра од основната линија, одлична снаодливост на мрежа... Каде се границите на Џо?

Времето ќе покаже. Првиот голем тест е утре, во финалето на Австралија Опен против уште еден феномен од "the new kids on the block" - србинот Новак Џокович. Недела наутро е терминот кога на сите љубители на тенисот им се готви посластица уште од почетокот на тениската сезона 2008. А ако утрото по денот се познава, Роже Федереру: Засучи ги ракавите. Ќе имаш тешка година да останеш на врвот на АТП листата.

capt.mel27101221400.australia_open_tennis_mel271.jpg
 
Оваа година најголемо изненадување! Вакво финале Џоле-Цонга никако не сум очекувал, барем не Цонга во финалето!
Респект за дечково, иднината е пред него!

Леле, ако нерангиран го освои Аустралијан Опен.. :vozbud:
 
Нема сомнеж за дечкото свака част гледав едно две игри негови сега на Австралија Опен доста е опасен се гледа дека има сила во него прво види колкав е и интересно е колку е брз.Го растури на Надал.Јак тенис ке има во недела сабајле.Одвај чекам.
 
На почеток кога веќе почнаа да го спомнуваат Цонга како учесник во четврт-финалето на Australian Open, мислев дека е тотален аутсајдер и не му обрнував големо внимание па така и многу се изненадив со неговата победа над Надал.
Во секој случај ќе биде интересно финалето.
 
дечково е одличен али Ноле ќе го згази у финале
 
Имало вакви ѕвезди од преку ноч много, али ипак... зна се да, један је Ферди.
Има мал пад во формата но, мораше кога тогаш да се случи ова. Сепак повеќе шанси му давам на Џокович да се искачи на АТП нумеро уно, отколку на нигеров. Едно нешто е сигурно, заслужува честитки за ова што прикажа досега. Браво.
 
Абе, шом за овај отворивте ФК, дај да отвориме за Русески и Магдинчев бар. Нигава ќе си ојт исто брзо колку шо дојде. Џоковиќ ќе го тепат, ќе видите.
 
?

Секој шампион кога тогаш завршува. Интервјуто кое го имам линкано горе е после мечот на Пит со Роже, Вимблдон 2001-ва. Тогаш, Роже беше во улогата на Џокович и Цонга. "Нигерот" и Џокович заедно со уште една плеада на тенисери се иднината на белиот спорт.

Се читаме на темава :)
 
Браво за Цонга. Го РАСКИНА Надал!!!!!!
Никаква шанса не му даде. Уште Џокович остана и комплет сите да бидат.

Инаку добар е, само и тој грко од кипар не знам како се викаше, пред некоја година дојде до финале, ама сега го снема. Само да не биде то и со Цонга...
 
Имам чувство дека нигеров ќе си го тепа и Нолета

P.S. Во колку саат по наше е финалето?
 
?

Секој шампион кога тогаш завршува. Интервјуто кое го имам линкано горе е после мечот на Пит со Роже, Вимблдон 2001-ва. Тогаш, Роже беше во улогата на Џокович и Цонга. "Нигерот" и Џокович заедно со уште една плеада на тенисери се иднината на белиот спорт.

Се читаме на темава :)

Се сеќаваме.

Пред некој месец, Федерер изгуби еден егзибициски меч од Сампрас.
 
Се сеќаваме.

Пред некој месец, Федерер изгуби еден егзибициски меч од Сампрас.

Пит Сампрас е неверојатен спортист. Сепак, егзибициски меч е егзибициски меч :)
 
ТСОНГА дали на повидок е нов крал на белиот спорт.дечково ги тепасе сите а би сакал и новак пошто србинов го мразам,а и ништо чудно да го тепа.ги тепаше енди мареј,ришар гаске,михаил јужни,рафаел надал,сите се звезди а он ги победи

ТСОНГА ТХЕ КИНГ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom