Еј, полека.
Во тоа писмото ( или во неговото толкување од страна на црквата ) пишува(ло) дека само земјата постои во овој универзум, дека таа е рамна, дека сонцето се врти околу неа...дека громот е предизвикан од господ и ред други глупости, слични на сегашните...
Ангелите и слично, во библијата не се споменуваат како вонземјански суштества, туку како небесни ( од небото на земјата, знали земски )....
Библијата е само алатка со која се олеснува управувањето со мозоците и телата на верниците, и манипулирање со нив.
Незнам зошто мислите поинаку.
Од постоењето на религиите човештвото трпи само зло, најдобро за сите е да не постојат.
Во науката и реалноста е „спасот“, само таа може да го направи светот ( планетата земја и другите планети ) (по)добро место за живеење.
Религијата може да го истреби човештвото!!!
Не довлолувајте да се случи трета светска војна!!
Кажетеи „не“ на религијата и перењето мозоци!!!
Спасетего човештвото!!
А како сакаш да ги видиш, кога нема никаков реален доказ дека господ и тие постојат?
( друго е тоа што верниците си замислуваат дека постојат )
Неможеш да ги видиѓ зошто не постојат.
Но, делата на науката можеш да ги видиш, тие се насекаде околу нас, тие се реални.
Дали можете да замислите што ќе правевме сега да не беше науката, да постоеше само религијата?
Ќе живеевме во камена доба, без никаква технологија.
По цел ден ќе баравме начин да преживееме, по цел ден ќе баравме нешто за јадење, и тоа што ќе го најдевме, ќе беше за оние кои ја проповедуваат религијата, за свештените лица.
Оние кои немаше да сакаат да го дадат она што го нашле, ќе беа измачувани и убивани.
Низ светот едвај ќе живееа неколку илјади луѓе...
Треба да продолжам?
Сеуште сте против науката?
Кон болтуваното:
- човештвото трпи само зло, затоа што Адам и Ева самите си го навлекоа тоа зло, прекршувајќи ја првата Божја заповед во Рајот!
- во науктата не е спасот, туку во науката се само илузиите и утопиите за „подобро утре„! Најкрвавите војни се случија токму во векот на најголемото „знаење„ и „писменост„!
- Христос, Синот Божји Единороден, токму за тоа и дојде: да го спаси човештвото од злото!
- Бог пости како што постојам и јас. За Неговото постоење не се потребни докази туку ВЕРА во Неговото постоење.
- Бога, ангелите, мајката Божја и Светиите, можат да ги видат само поединци кои се ДОСТОЈНИ да ги видат!
- да не беше науката, сега сите луѓе би го минувале живото во МИР, во скромност, со покајание во живеењето и во подготовка за вечниот живот во Рајот! А со науката, лужето го минуваат живото во илузијата дека таа (науката) ќе им ги надмине маките во овоземното живеење. А такво нешто, вала, уште не се случило!
- продолжи, така ќе имам нов материјал за „разглабање„.
- не сум против науката, туку во нејзиното безбожништво и забегување во мноооогу опасна зона од која НЕМА враќање назад!!!