Зошто религијата се меша во науката?

  • Креатор на темата Креатор на темата OFcp&&&
  • Време на започнување Време на започнување
Па мислам дека пишуваше во Стариот Завет , ако добро сесеќавам ..

Не се сеќаваш добро. Во Библијата никаде не пишува дека сме сами во универзумот. А од друга страна се спомнуваат и други вонземски суштества од типот: ангели, серафими, херувими, нефили. А можеби има и илјадници други кои не се спомнати.
 
Еј, полека.
Во тоа писмото ( или во неговото толкување од страна на црквата ) пишува(ло) дека само земјата постои во овој универзум, дека таа е рамна, дека сонцето се врти околу неа...дека громот е предизвикан од господ и ред други глупости, слични на сегашните...
Ангелите и слично, во библијата не се споменуваат како вонземјански суштества, туку како небесни ( од небото на земјата, знали земски )....
Библијата е само алатка со која се олеснува управувањето со мозоците и телата на верниците, и манипулирање со нив.
Незнам зошто мислите поинаку.
Од постоењето на религиите човештвото трпи само зло, најдобро за сите е да не постојат.
Во науката и реалноста е „спасот“, само таа може да го направи светот ( планетата земја и другите планети ) (по)добро место за живеење.
Религијата може да го истреби човештвото!!!
Не довлолувајте да се случи трета светска војна!!
Кажетеи „не“ на религијата и перењето мозоци!!!
Спасетего човештвото!!
 
Agora , for president !!!

парола т.е мото : Save mankind !!!!For God sake , SAVE MANKIND !!!

Нешто оваа тема почна да старее ...го нема МиКИ1 и нема со кој да се расправаме , дали е правилно да се има дете од епрувета или да се молиме кога сме болни т.е Бог да не излече ..

Кога сме до ова “боженствено лекување „ сеуште не сум видел некој докажан случај дека Бог му помогнал на болниот .. а и најверојатно нема да видам ... пошто Бог не му помага на болниот , туку тоа го прави неговиот имунитет т.е антителата ...Е сеа ако антителата не се “пратеници „ од Бог , тогаш во лекувањето само медицината помага .

Ако ангелите , серафимите and co. се вонземјани , зашо не ги гледаме ??

па имаме прилично силни телескопи , или пак тие се појавувата кога сакаат или се невидливи ??

Па..
 
А како сакаш да ги видиш, кога нема никаков реален доказ дека господ и тие постојат?
( друго е тоа што верниците си замислуваат дека постојат )
Неможеш да ги видиѓ зошто не постојат.
Но, делата на науката можеш да ги видиш, тие се насекаде околу нас, тие се реални.
Дали можете да замислите што ќе правевме сега да не беше науката, да постоеше само религијата?
Ќе живеевме во камена доба, без никаква технологија.
По цел ден ќе баравме начин да преживееме, по цел ден ќе баравме нешто за јадење, и тоа што ќе го најдевме, ќе беше за оние кои ја проповедуваат религијата, за свештените лица.
Оние кои немаше да сакаат да го дадат она што го нашле, ќе беа измачувани и убивани.
Низ светот едвај ќе живееа неколку илјади луѓе...
Треба да продолжам?
Сеуште сте против науката?
 
Кон болтуваното:
- човештвото трпи само зло, затоа што Адам и Ева самите си го навлекоа тоа зло, прекршувајќи ја првата Божја заповед во Рајот!
- во науктата не е спасот, туку во науката се само илузиите и утопиите за „подобро утре„! Најкрвавите војни се случија токму во векот на најголемото „знаење„ и „писменост„!
- Христос, Синот Божји Единороден, токму за тоа и дојде: да го спаси човештвото од злото!
- Бог пости како што постојам и јас. За Неговото постоење не се потребни докази туку ВЕРА во Неговото постоење.
- Бога, ангелите, мајката Божја и Светиите, можат да ги видат само поединци кои се ДОСТОЈНИ да ги видат!
- да не беше науката, сега сите луѓе би го минувале живото во МИР, во скромност, со покајание во живеењето и во подготовка за вечниот живот во Рајот! А со науката, лужето го минуваат живото во илузијата дека таа (науката) ќе им ги надмине маките во овоземното живеење. А такво нешто, вала, уште не се случило!
- продолжи, така ќе имам нов материјал за „разглабање„.
- не сум против науката, туку во нејзиното безбожништво и забегување во мноооогу опасна зона од која НЕМА враќање назад!!!
 
Agora , for president !!!

парола т.е мото : Save mankind !!!!For God sake , SAVE MANKIND !!!

Нешто оваа тема почна да старее ...го нема МиКИ1 и нема со кој да се расправаме , дали е правилно да се има дете од епрувета или да се молиме кога сме болни т.е Бог да не излече ..

Кога сме до ова “боженствено лекување „ сеуште не сум видел некој докажан случај дека Бог му помогнал на болниот .. а и најверојатно нема да видам ... пошто Бог не му помага на болниот , туку тоа го прави неговиот имунитет т.е антителата ...Е сеа ако антителата не се “пратеници „ од Бог , тогаш во лекувањето само медицината помага .

Ако ангелите , серафимите and co. се вонземјани , зашо не ги гледаме ??

па имаме прилично силни телескопи , или пак тие се појавувата кога сакаат или се невидливи ??

Па..

Кон болтуваното:
- кој вели дека ме нема? Ме има...а и зашто би се расправале? Форумов ја има токму таа улога: кој што има да каже, нека повели...
- ставот кон децата од епрувета веќе го напишав на форумов. Во својот пост, на неколку места нагласив КАДЕ е грешката. т.е. ГРЕВОТ при зачнувањето деца во „епрувета„ како и можните последици од таа ексхибиција!
- тоа што не си ВИДЕЛ, незначи и дека не постои! Монасите од манастирот „Св. Јован Бигорски„ ВИДЕЛЕ како чудотоврната икона од мајката Божја, излекувала незилечиви а на неродилките им „донела„ деца! Ај сеа кажи ми дека сето тоа е ЛАГА, само затоа што ТИ не си го видел! ПА и јас не сум го видел, ама ВЕРУВАМ дека монасите ја кужуваат само ВИСТИНАТА! Логиката е токму во тоа: Бог ги казнува оние поединци кои ги САКА! Звучи апсурдно!? Да, ама во тоа е вистината! Тешката болест во овој век, на поединиецот може да му донесе вечен живот!
- ангелските редови (три пати по три реда) не можеме да ги видиме од проста причина: тие се ДУХОВНИ творенија, кои се НЕВИДЛИВИ за нашите телесни очи. Самиот поим „ангел„ значи „оној кој носи вест, новост„. Според тоа, ангелите се јавуваат тогаш, кога треба на некој ДОСТОЕН поеднинец да му пренеста некаој добра вест. Денес, на пример, е празникот „Благовестие„, кога архангелот Гавриил на мајката Божја и ја пренесол ДОБРАТА вест за безгрешното зачнување на Синот Божји.
 
Agora, забораваш неколку работи...
1. Вистинската наука и вистинската религија имаат заеднички пресек - вистината.
2. Науката поттекнува од религијата. Првите школи се образовани од црквата.
3. Основоположниците на науките биле христијани.
4. Еден дел од науката измислил и: Атомска Бобма, Најсовремени воени авиони и хеликоптери, проектили, радарско и сателитско набљудување за уништување, Смртоносни вируси, хемиско оружје итн.
5. Глупостите што ги тресеш во име на Библијата се само доказ дека не си ја отвирила никогаш Библијата и како таква немаш кредибилитет да мрчиш за неа :) Ако не сум во право докажи го спротивното и цитирај ми ги библиските стихови кои велат дека Земјата е сама во универзумот, дека таа е рамна плоча, дека сонцето се врти околу неа итн.
 
- во науктата не е спасот, туку во науката се само илузиите и утопиите за „подобро утре„! Најкрвавите војни се случија токму во векот на најголемото „знаење„ и „писменост„
Браво бе Мики, го откри главниот кривец за сите зла и војни на светот, што е многу, и од тебе е премногу.
Знаеме многу добро што е причина за сите тие работи, владеењето на човек над човек, и нормално од како постои светот човекот во остварување на таа намера не бира што ќе користи, од стап, камен, секира па се до нуклеарки. И ништо чудно што војните се повеќе и повеќе деструктивни.
 
Јас сеуште не можам да поверувам дека има луѓе што толку слепо веруваат во сите тие глупости. Јас верувам дека има нешто, некоја сила (но,јас не сум доволно развиена (се мисли на интелектуално ниво) за да го докажувам тоа, никој, сеуште, не е доволно развиен за да го докажува тоа), ама не се тоа ангели ни демони и слични глупости.

И убаво си кажа горе Агора: “Библијата е само алатка со која се олеснува управувањето со мозоците и телата на верниците, и манипулирање со нив.
Незнам зошто мислите поинаку.
Од постоењето на религиите човештвото трпи само зло, најдобро за сите е да не постојат.“

Откако постојат религиите постојат и војните!

А тие апарати кои биле измислени сигурно биле измислени за доброто на човештвото, измислувачот можеби згрешил негде и тоа тргнало во погрешна насока (немал ни поим дека некој тоа ќе го злоупотреби за одземање на човечки животи) и сега тие апарати се користат за водење војни кои се (пак) од религиозни причини...
 
“Библијата е само алатка со која се олеснува управувањето со мозоците и телата на верниците, и манипулирање со нив.
Незнам зошто мислите поинаку.
Од постоењето на религиите човештвото трпи само зло, најдобро за сите е да не постојат.“
Откако постојат религиите постојат и војните!
Нормално дека се воделе војни и од религиозни причини..ама ова како си го напишала делува еднострано..ај да ги прошириме видиците..војните постојат од социолошка, демографска, еволуциска, психолошка, економска, политичка и кој знае уште колку други причини..и сега за се е крива религијата...:nenene:

А ова за манипулацијата..јас би рекол дека манипулацијата и перењето мозок е баш научна дисциплина со научен приод, многу коконкретна од Бибилјата...ако сите се водевме спрема оваа кинга ќе бевме далеку од злото..
 
Aко дословно се држевме до неа сега со голуби ќе го водевме овој разговор:toe:
 
Aко дословно се држевме до неа сега со голуби ќе го водевме овој разговор:toe:
Да а во позадина ќе одеше музика од AC/DC..back in black
Мешате баби и жаби Библијата е едно..разните црковни толкувања се друго.. манипулатори има секаде..некој ја употребил и "таа книга" за да владее со масите..не го негирам тоа..ама тоа треба да го препознаеш..а не по дифолд да негираш се..дословно..:wink:
 
Браво бе Мики, го откри главниот кривец за сите зла и војни на светот, што е многу, и од тебе е премногу.
Знаеме многу добро што е причина за сите тие работи, владеењето на човек над човек, и нормално од како постои светот човекот во остварување на таа намера не бира што ќе користи, од стап, камен, секира па се до нуклеарки. И ништо чудно што војните се повеќе и повеќе деструктивни.

Кон болтуваното:
- православието нуди СЛУЖЕЊЕ на човек на човек а не homo homini lupus est од Џон Лок...ти текнува? И сеа, кој е кривецот? Религијата?
 
Да а во позадина ќе одеше музика од AC/DC..back in black
Мешате баби и жаби Библијата е едно..разните црковни толкувања се друго.. манипулатори има секаде..некој ја употребил и "таа книга" за да владее со масите..не го негирам тоа..ама тоа треба да го препознаеш..а не по дифолд да негираш се..дословно..:wink:
Грешка и таа музика ќе ја немаше.
Некој ја употребил... па кај беа чуварите(свештениците) на учењата од таа книга... тие беа први и се се уште негде кои ја употребуваат за таа намена, било директно или со благослов и именување властодршци.Абе џабе го препознаваш кога за противник си го имал целиот државен апарат.
 
Како кај беа, па тука се постојат цркви кои и денес се водат спрема божијот збор, не спрема сопствените (лични потреби)..кукољ има секаде..Многу се соблазниле и паднале, без разлика да ли се работи за државата, традицијата,застранување од верата..тесен е патот Воне..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom