За оние што ја гледале серијата и ја заборавиле:
Вратете се во времето на детството и невиноста.Во малото градче живее магијата на животот.
Патот за Авонли,најгледаната канадска серија на сите времиња.Оваа тв драма е базирана на делата на канадската новелистка
Луси Мод Монтгомери и ја оживува идиличната доба во која граѓаните на малото место Авонли ги делат секојдневните радости и грижи,авантури и пријателства.Сместен на островот Принц Едвард,во периодот помеѓу 1903 и 1912 г. ,серијата ги следи авантурите и пријателствата на жителите на овој необичен град.Во 91 епизода Патот за Авонли стекна широк круг на обожаватели и голем број на познати актерски имиња радо прифатија да бидат гости во серијата-помеѓу останатите
Kristofer Riv, Fej Danavej, Majkl Jork, Ned Biti, Piter Kojoti i Meg Tili.Како потврда на големата популарност и квалитет ,серијата има освоено 15 ЕМИ награди и безброј меѓународни пофалници.
CAST:
Sarah Polly-Сара Стенли
Jackie Burroughs-Хети Кинг
Gema Zamprogna-Фелисити Кинг
Zachary Bennett-Феликс Кинг
Cedric Smith-Алек Кинг
Lally Cadeau-Џенет Кинг
Michael Mahonen-Гас Пајк