Тоше Проески

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Ja podrzuvam inicijativata,zosto da ne doznae svetot kakov bese toj,mislam deka go zasluzuva toa,Opra pravi prekrasni emisii i dostojno ke go pretstavi Tose koj bese golem humanist isto kako sto e taa.Jas veke prativ pismo.
 
Таа Опра мислам дека им е нешто ко Јанко овде кај нас...ја гледаат само пензионери и мрднати..
Да не го мкнеме сега човекот по белосветски телевизии што има Америчката јавност со Тоше Проески? Што нив тоа ги интересира.Кој таму го знае него??Мене да ми пуштат емисија за некој несреќно загинат пеач од ''Тунгузија'' ке сменам канал ко 2 и 2
Љубов и тага нека не ви матат здрав разум луѓе
 
Е зашто да не бе.. јас испратив..
Нема врска тоа што го збори итар_пејо.. Како и јас гледам Опра ? Пензионер не сум... Мрдната ?
Нема ништо лошо у тоа да дознае светот каков човек беше Тоше...
 
Е зашто да не бе.. јас испратив..
Нема врска тоа што го збори итар_пејо.. Како и јас гледам Опра ? Пензионер не сум... Мрдната ?
Нема ништо лошо у тоа да дознае светот каков човек беше Тоше...
Ти гледаш Опра затоа што е нешто прилично ново а исто така нема ништо по програмиве наши....така да не спаѓаш во тие:)
 
Свашта, шо нема да им текне на луѓево, прво ќе го прогласуваме Тоше за светец, сега и во Опра Винфри ќе се збори за него, се убаво за покојниот, ама толкава злоупотреба на ништо не личи.
 
Каква злоупотреба, какви бакрачи? Па дај мислете бар малку што пишувате... Опра Винфри рејтинг на Тоше да не си дига?

И јас сум за да ги оставиме мртвите на мира... Но, М.Л.Кинг, Ганди, Мајка Тереза, Дијана...и ред други - секогаш ќе бидат "вознемирувани" поради она што биле, претставувале и правеле во општеството во кое живееле.

Идејата, мисијата на Тоше, она поради кое сите го сакаме толку - заслужува да биде промовирана насекаде низ светот. Ако има некој кого ваквиот настан би го нервирал, слободно нека ја прескокне темава.
 
Абе ова ќе донесе повеќе болка кај родителите и роднините според мене и мислам дека веќе се претерува за оваа работа.
 
1.Usni na usni
2.Gromovi na dusa
3.Slusas li
4.Volim osmeh tvoj
5.Ljubena
 
Серпико, а како ќе се чувствуваат блиските на Тоше кога ќе го споредуваат на шоуто со најпознатите светски ѕвезди, и кога ќе кажуваат дека му претстоела светска кариера и ќе го освоел светот?
 
Мислам дека нема баш ништо лошо ако Тоше се спомне во ова шоу, нема ништо негативно ни за фамилија, ни роднини бидејќи ќе бидат спомнати неговите добри дела и го подржувам ова. И шоуто на Опра не е Бисери па да се навредува ликот и делото Тоше.
 
Серпико, а како ќе се чувствуваат блиските на Тоше кога ќе го споредуваат на шоуто со најпознатите светски ѕвезди, и кога ќе кажуваат дека му претстоела светска кариера и ќе го освоел светот?

Горди зошто имале таков син. Уште погорди бидејќи енергијата, пораката која ја делел и ширел тој македонски син е препознаена, мисијата му е прифатена и продолжена. Значи, не умрел и бил заборавен....туку живеел, макар не физички,но влијаел.
 
И Фантом и Принц со се Тоше ќе ве отерам кај шо не треба. :)
 
Мхм, и Опра ќе го вметне меѓу две реклами, или прилози во кои им кажува на Американците што да читаат, или што треба да јадат, или што да прават со своите пари, или колку е далеку Африка, а колку е блиску Американскиот сон. И тоа би требало да е гордост за нас. Секако.
 
Горди зошто имале таков син. Уште погорди бидејќи енергијата, пораката која ја делел и ширел тој македонски син е препознаена, мисијата му е прифатена и продолжена. Значи, не умрел и бил заборавен....туку живеел, макар не физички,но влијаел.

Дали треба да ги потсеќаме дека ако не си заминеше, ќе го освоеше светот? Не мислиш ли дека тоа е малце болно?

Мисијата ќе продолжи и е прифатена, тука нема збор, но овој потег според мене е претеран.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom