За вредноста на Дитас... Од овој екстремно "талентиран" писател ги имам прочитано делата "Крив Правец" 1 и 2, и "Децата на Ѓаволот". За неговиот стил на пишување (еве, го удостојувам со тоа што реков дека тој ИМА стил на пишување) мислам дека е за нигде!
Раскажува катастрофално, на повисоко ниво од него раскажува локалната фЛизерка/продавачка или комшиката кога пренесува некој маалски жежок трач. Како едно од најврвните уметнички дострели во поглед на стилските фигури кај Дитас се издвојува компарацијата "градите на 15-годишната Соња беа како прекрасни сочни дињи". Алооо, каде бе со тој простачки јазик???

После, темите што ги обработува. Дитас преку неговите дела алудира на тоа дека работите што тој ги пишува ги има во нашето општество. Демек, во општеството постојат многу моќници што ги сметаме за добри луѓе а тие уствари се корумпирани, заплеткани во мафијата, итн. Добро, ќе речеме дека тоа е стварно така. Ама сега дека тие истите моќници се оргијаат со малолетни девојчиња и МОМЧИЊА(!), па тоа детално да се опишува на многу страници од книгата е глупост! Или на пример... Крив Правец 1 или 2: Младо сиромашно девојче почнува да се курва/млад сиромашен дечко станува рекетар за да се обезбедат материјално себе и семејството и влегуваат во матни бизниси со дрога, секс, шверц итн. каде се вмешани луѓе на високи функции. Стануваат богати, моќни и посакувани што им било сон од секогаш. И на крајот од делото, поради тие матни бизниси девојката ја убиваат/дечкото или го убија истотака, или му убија некој близок, не се сеќавам точно. И??? Што ќе научи 15-годишно девојче чие мото е "Живеј го секој ден да ти е последен" (што е хит-мото како што гледам, посебно за 15-годишни)? Ќе научи дека образованието не води кон успех туку единствено ако стане курва може добро да заработува, ако стане курва ќе има многу пари и ќе стане почитувана, јебига ќе умре млада ама додека е жива ќе и биде топ! Ете, тоа е поуката на овие популарни книги... Деца што се љубопитни за сексот се палат, читаат и добиваат погрешни впечатоци како одат работите во светот на возрасните, т.е не на возрасните туку на нивните искусни врснички. Или бтњ во сите три дела или барем две од нив имаше некои одвратни инцести: ќерката имала односи со татко и; мајка, татко и ќерка имале групен... На што личи ова? Па и уште кога ќе го видам тоа така простачки напишано...
Блаааах! Сега дури жал ми е што посветив волку многу текст на еден ваков таканаречен писател...