Вредноста на Дитас

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Само едно не ми е јасно..... Зошто сите вие што сметате дека ДИТАС нема никанва вредност незнае да пишува и уште милион чуда за него ИМАТЕ ПРОЧИТАНО по 2-3 дела од него.... за да видите далу во другово дела се оправил и науцил да пишува????
или ве интересираше закоја друга реалност ке пишува????

За да можеш да оцениш некого дали е добар или не, мораш да ја видиш неговата работа. На пример, јас за тебе не можам да кажам дека си идиот додека не те запознаам. Ако кажам дека си, пред да седнеме на муабет значи дека само глупам тропости. :)
 
Полемиката околу вредноста на овој автор се наметна за отварање на оваа тема.

Значи Димко Тасевски - Дитас е македонски... автор, кој според мене не вреди да се чита бидејќи неговите дела во себе не носат квалитет. Некои делата му ги нарекуваат паралитература, тинејџерите кои завлегуваат во тие води го обожаваат, пред се` заради неговата отвореност и доловувањето на општеството без цензура. Што е секако нормално, бидејќи особено за младите, забранетото е најслатко... Повелете, изјаснете се...
Се придружувам кон мислењето. Беа интересни на времето кога ги копиравме и ги делевме меѓу себе по 5-10 страни, таква литература каде се спомиња некој функционер, љубовница, дрога... беше лепак за читателите. Дотогаш тоа не смееше ниту да се помисли, затоа сметам дека попрво би било резултат на сензационалистичка реклама.

Хм, и она споредбата со нинџите на Гарфилд држи, да...катана је прошла низ кључну кост и грудни кош као да цепа папир, он није био свестан да је веч био мртав...стајао је и зурио у Леслија, држечи своју утробу..... :)

Сепак книгата треба да содржи некоја уметност во себе, а не само нафрлени зборови.
Да, оние што ги имам прочитано, темите се интересни, но премногу сувопарно некако...
 
Хахахха абе дечки немојте вака бе, го умревте и погребавте човекот жив, прав, здрав, нова книга искочи пред некој ден... Каков мртов што зборите, го убиле :pos2:
Човекот си е жив, си пишува уште книги. Во врска со книгите, факт е дека немаат никаква литературна вредност, мислам дека тој не се ни стреми кон тоа книгите да имаат литературна вредност туку едноставно сака да си раскажува приказни кои ги собрал и слушнал во текот на животот. Контроверзни, интересни, банални, уникатни за кого-какви ама се читаат. Прашање на вкус јбг
 
Само едно не ми е јасно..... Зошто сите вие што сметате дека ДИТАС нема никанва вредност незнае да пишува и уште милион чуда за него ИМАТЕ ПРОЧИТАНО по 2-3 дела од него.... за да видите далу во другово дела се оправил и науцил да пишува????
или ве интересираше закоја друга реалност ке пишува????

А како би знаеле каков автор е, ако ги немаме прочитано неговите дела?
Дитас и јас не го сметам за писател.
Некаде при крајот на дваесеттиот веко прочитав „Крив правец“ кога беше уште во форма на скрипта и за никаде е!

Какви поуки, какив бакрачи! ПОучна книга е „Зоки Поки“, а не Дитас. Ама беше читан зато што се појави во годините кога секој еден почна да пишува свои приказни без цензура, а неговите пишуванки беа скандалзни. Ние немавме видено проститутка во живо, а то зборуваше за проституција во вискоите кругови.
Ете, на тоа се должи негоата популарност, а тоа што е популарен денес, не ме чуди. Ако за некој едниствена едукација се дневните весници каде дури на насловната страна, има наслов од типот „Нивес се натрти“ или „Северина му седна“, тогаш Дитас е класика.
 
Во секој случај неговите дела се далеку подобри од `Автостоперски водич низ галаксијата` :icon_mrgr:
 
Не, ме зезаш...Бране шмркал кока и се курвал? You're saying the Oscars are also political, OH FUCK OFF.
--- надополнето: Sep 26, 2011 6:43 PM ---
Во секој случај неговите дела се далеку подобри од `Автостоперски водич низ галаксијата` :icon_mrgr:
:tapp:
 
Во секој случај неговите дела се далеку подобри од `Автостоперски водич низ галаксијата` :icon_mrgr:
Бидејки шундот на Дитас можеш да го разбереш?
 
Бидејки шундот на Дитас можеш да го разбереш?
До сите што ме цитираа погоре..

За да прочитам книга мора да ми се допадне насловот, она `автостоперски тра ла ла ` ич не ми се допадна, Дитас не е класа четивата му се лесни и брзо читливи без содржинска вредност како некој од улица да раскажувал, според мене Дитас е за пубертетлии.
 
Да не ја листам темава, кај может да се најдет книгиве? По интернет мојт или тешко? И колку чинат ако ги имат негде на продажба..
 
Да не ја листам темава, кај может да се најдет книгиве? По интернет мојт или тешко? И колку чинат ако ги имат негде на продажба..
Buvljak, ako imas sreka nekoj ds nengi upotrebil za potpala dosega, oti greota bese da se papat vesnici koi koristea za lupenje piperki za ajvar.
Ako najdes kazi. Oti drugar mi se gree na drva, pa da mu zemam sedum-osum za potpala.
 
Секој има свој стил и на пишување и на читање и на мислење. А колку ќе влијае содржината од некоја книга врз читателот не зависи од стилот, тежината и не знам што на делото или на авторот туку од самиот читател. Јас имам прочитно се’ од ДИТАС и токму тоа што на повеќето не им се допаѓа мене ми ги прави и нтересни книги. Во ред, метафората некогаш му дава тежина на делото но и голата вистина може да има таков ефект. ДИТАС кажува директно, без размислување и зборува за теми за кои не сакаме да мислиме но ги има тука, околу нас. И да, бидејќи некој рече дека се штетни за тинејџери, една книга прочитав кога бев тинејџерка, а другите подоцна, но ниту се занесував со некои кунг-фу зафати, ниту се трудев да екпсериментирам по примерот на проститутките, чистачите и сличните луѓе во делата, во превод си останав таква каква што сум. А за крај - најјакото и најтажното во секоја книга е што секогаш главниот и најпозитивниот лик, кој не може да не го засакате без разлика што работи, на крај умира :place:
--- надополнето: 30 мај 2013 во 23:40 ---
Да не ја листам темава, кај может да се најдет книгиве? По интернет мојт или тешко? И колку чинат ако ги имат негде на продажба..

На интернет потешко. Јас ги најдов во Градската библиотека во Битола. Скоро од сите има по еден-два примерока, но си велам ќе може да ги најдеш. А ги има и во продажба, јас купив 2-3 од Скопје (во една од книжарите на Рекорд - наспроти театарот за деца), но беа на попуст, некаде 170 ден. мислам, не памтам.
 
Секој може да си го искаже својот став на форум.
Wow, не заебавај.
За шија сте ги фатиле тие што мислат поинаку, т.е што рекле дека уствари им се допаѓаат книгите на дотичниов според некои, неписател.
Почитувајте поразлично мислење од вашето.

Јас ги имам прочитано Крив правец 1 и 2.
Првата пред 4-5 години, вторава пред две. За уметничка вредност, немаат. Али се интересни за читање, барем мене ми беше првава во средно, за разлика од сите барок -романтизам - Годо - срања со милион епитети, ентериери, екстериери, да се изгубиш во простор - што не тераа во средно да ги читаме. Бар ова не ми го тупеше мозокот со глупости, читав без да се проѕевам.
И многу сте грешка дека не треба младиве да ги читаат книгиве. Баш треба, колку да ја сфатат малце реалноста, да видат како некои животи завршуваат, да видат до каде води тој крив правец ако го фатат некогаш.
Јазикот на кој пишува бил вулгарен. Ма дај, пола од младинава веќе на 13-4 години вака се изразува.

Мене ми се допаднаа овие две, ако најдам и некои други книги од него ќе ги прочитам.
 
Имам прочитано по нешто од Дитас, ,,Крив правец,, 1 и 2, ,,Децата на ѓаволот,,.
Тоа што го пишува нема уметничка вредност, нема никаков стил, само пренесување на информации.
Е сега, поентата е што информациите пренесени од Дитас, бар во ,,Крив правец,, се вистинити, секако најверојатно се хиперболизирани за да остават поголем впечаток, но во голема мера се вистинити.
Значи не би ги отфрлила неговите дела само поради информациите кои ги пренесува, литературната вредност е веќе друга работа.

може некој да каже што се работи во книгава?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom