Убаво е да си убав

  • Креатор на темата Креатор на темата filmadzijka
  • Време на започнување Време на започнување
Иако е убавината минлива, внатрешната убавина counts, подобро паметен место убав, бла бла..

..би дал бубрег за надпросечна убавина. Еднаш се живее. :)
 
Навлезе во тотално непотребни муабети, и зошто, о зошто таа реченица “дефинирај убавина“. :nesum:
Мислам дека е многу јасно за што зборуваме тука, прво тоа е физичката привлечност и не се противам на твоите широки објаснувања за неа. Да, во различни делови е различно доживена, во различни историски периоди била различно препознаена, но, без разлика на сето тоа, убавиот човек во средината каде важи за убав, има привилегии. И заради нив, важат правилата од претходниот мој пост.

Твојата реченица “ просечност за некого е премија“ ја прифаќам, ама за некого и очајот е доволен, индивидуализмот во размислувањето е невозможно да се побие, и на муабетот “секој си има свое мислење“ никој не може да се противи. Јас сведочам, дека убавите луѓе по дифолт имаат негативна страна, интелектуална, емотивна, кој ги знае, а грдите луѓе сведочат сами за себе, наше е само да имаме сила и трпение да ја откриеме нивната убава страна која несомнено ја имаат.

Мене лично, просечноста не ме задоволува, мирна е, рамна е, веројатно како мене. Ми треба некој да ме бранува, кога ќе се разбуди на сплавот да скокне на едната страна и да направи хаос. :)


Оооо навлегов во битни муабети зашто очигледно јас и ти зборуваме за различни нешта. Ти зборуваш за чистиот физички изглед, јас зборувам дека убавината всушност е нешто многу покомплексно.
Настрана тоа, заклучокот е дека за тебе рамнотежата меѓу физичкото и психичкото е просечност, за мене е спротивно. Дека поседувањето на еден квалитет од овие два е просек кој секојдневно го гледам.

Во претходниот пост напиша дека човек за да биде убав одвнатре треба да помине и сито и решето. Да точно е, се сложувам, меѓутоа тие ситуации во животот не бираат кого ќе погодат, дали некој со убав или неубав лик. Убавите луѓе како и ти, забораваат дека она што природата го подарила од самото раѓање треба да се одржува. А како што самиот кажа, бидејќи од мали нозе се научени да ги добиваат нештата полесно, нормално е дека нема да се трудат да вложуваат, макар и само во физичкото, за подоцна истото да пропадне. Затоа едни луѓе еден период ни се допаѓаат како изгледаат, за покасно да се чудиме што сме виделе убаво во нив. Други со текот на годините се разубавуваат итн итн. Кога сме кај грдите искрено не сум нашла човек меѓу нив, без разлика на пол, а да не е исполнет со комплекси. Реткост е меѓу нив да го најдеш обратното, зашто околината е сурова.
 
И покрај сите вицеви за русокосите, споредби на убавината интелигенцијата сo форма и содржина, денеска се погласно се промовира паролата дека Убавината не е површна и површинска.

Убавината оди подлабоко од тоа затоа што прави да се чувствуваме убаво.
Нашата убавината ни дава чувство на самодоверба која е неопходна за да се опстане во овој свет.

Сепак, не е секој роден убав, нели?

да,ама убавината е индивидуална работа.има луѓе што на некои им се убави,на некои не.тоа е прашање на вкус.а има луѓе што општо земено,физички не се убави ама имаат прекрасна личност во себе,се харизматични и опкружени со луѓе.
мојот најдобар другар со девојки баш и нема среќа,очигледно не им се допаѓа физички.а мене ако ме прашате на пример,не би можела да кажам дали е убав или не.има прекрасни длабоки плави очи и искрен поглед.и ако не би оствариле таков однос како другари,јас би посакала личност како него да ми биде момче,секогаш е полн со разбирање,секогаш се разбира.доста е начитан,може да праи муабет на најразлични теми,има добар речник.
а има некои фраери што може да се каже дека физички изгледаат добро ама нивното однесување и себичен карактер ми се најодбивни и отсекогаш сум презирала такви глупаци што мислат дека имаат се.никогаш не би ми се засвиѓал некој таков.
значи,според мене убавината е индивидуална,зависи од кој аспект ја гледате.
 
Зависи што се подразбира под убавина. Секој човек си е убав на свој уникатен начин. Поентата е во тоа колку тој е свесен за својата убавина:)
 
Убаво е да си убав. Ама не само од надвор, туку и од внатре. Сепак кога на крајот од вечерта или рано на сабајле ќе се видиш во огледало, ти нема да го видиш само лицето (кожата) туку ќе видиш и подлабоко. Дури тогаш ќе знаеш дали си убав или не.
Убавината е пролазна работа. Денеска си лепотан, утре може ќе се случи несреќа/болест и ќе завршиш како Фреди Кругер. Дали тоа значи дека си помалку убав. Не би се согласил.
 
Убаво е се додека луѓето те ценат како личност, а не да те перцепираат како особа која би ја легнале оти е јака пичка...
Убаво е се додека не почнат да те гледаат како секс симбол...после веке станува одвратно тоа и смета...многу често убавите посакуваат да бидат грди, да не бидат забележани оти сите ја гледаат нивната надворешна убавина, никој не обрнува внимание на тоа што е внатре...
Ама држи вода и тоа дека убавината и паметот не одат заедно, со чест на исклучоците(како мене на пример:pipi:)
 
Да си убав е убаво и на сите им годи, да не зборуваме на колку места може да помогне.
Сепак, ова лице, ова тело е само еден вид пакетче душа. Некаде е секогаш вкусна, некаде е расипана и скисната.
 
Иако е убавината минлива, внатрешната убавина counts, подобро паметен место убав, бла бла..

..би дал бубрег за надпросечна убавина. Еднаш се живее. :)
Точно.
Само што јас не давам ништо за повеќе убавина, доволна ми е таа што си ја имам.
 
Да убаво е да си убав иако понекогаш привлекуваш пажња и кога не треба плус сите очекуваат да си подобар од сите во многу работи а тоа понекад фрустрира. Лесно те приметуваат и те памтат одма а тоа не е секогаш од полза особено со професорите на факс!
 
И покрај сите ставови дека „внатрешната убавина“ била најважна, а физичката е само минлива предност, мислам дека „внатрешноста“, во едно вака динамично и многу површно живеење е преценета.
Она што е убаво и на Господ му е мило. Првиот контакт меѓу две лица во најголема мера се темели врз надворешниот изглед. Потоа, ако нивниот контакт прерасне во нешто посериозно, тие ќе бараат нешто повеќе од убаво лице и тело. И ако не најдат, наредниот избор повторно ќе зависи од нечија надворешност( добро и парите и општествениот статус и сл. се исто така многу битни за некого).
Грдите не се повластени, ниту грдотијата е гарант за интелигенција. Приказната за убавицата и ѕверот, кој сепак живее во некаков замок и всушност е маѓепсан принц (значи сепак не е класична грдосија) има утешна функција, нешто како плацебо ефект. Длабоко во себе, сите ние сакаме да бидеме опкружени со убави работи и пред се` со убави луѓе. Никој неќе да живее со Квазимодо ако не мора. И тој самиот се затрескал во згодна припадничка на ромската националност.
Оттаму, убаво е да се биде убав. Тоа не е гаранција за среќен живот, но во секој случај убавината лесно отвора врати за кои некој со просечен изглед треба многу да се намачи. За грдите да не правиме муабет.
 
Едина внатрешна убавина што ја поштувам повеќе од надворешна е таа на прасињата и пилињата...посебно стекот и бутовите:vozbud:
 
Па ако е свесна дека си е убава зошто тоа да го прикрива и негира?

Зошто може да е во делузијааа nananan...
Нарцисизам, необјективност & stuff.

Замисли, сите грозни се во дом за сирачиња.
Без мајки, кој ќе ги лаже по дома дека се убави?
 
Back
На врв Bottom