Невозможна љубов

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување
Џабе се карате ... и ти Пикасо и ти Тамарче до негде од моја гледна точка сте во право.. али секој си има право на свое мислење и на свое сваќање на работите.. па така и за љубовта.. според мене љубов не е две личности да се гледаат во очи туку тие две личности да гледаат во ист правец.. да гледаат на ист пат и да одат по него заедно без разлика на се :)... а тоа невозможна љубов... па има и мислам дека ми се случи.... иии не би сакал да ми се повтори.. зашто е болна.. се сакаш обострано а знаеш дека нема шанси да сме заедно :( ова ни на душманот не го пожелувам..
 
Дали сте имале некогаш во животот ваква љубов?
Да знаете дека се е против вас, но, шо да прајте, пак ненормално сакате..
Иако нема никакви шанси, ни ронка надеж, немате никаква иднина со таа личност, никаква перспектива..

Доколку сте доживеале порано таква љубов, дали сеуште сонувате за неа..дали сакате да ја имате..
Или пак, сте се одрекле од неа засекогаш, и не ја гибате, затоа што знаете дека ви е слаба точка, и рана шо ќе ве печи засекогаш.

Ви ги избришав последните мислења, претерувате ...

Туку на темава ... ај малку поопширно околу забраната. Тоа болдираното, низ примери ако може долови го ... каква забрана, кој забранува, како тоа да се нема перспектива итн.....
 
Баш то сакав да ви го допуштам вас, и сите да споделиме искуства од некаква забранета љубов.

Зато нејќам да поставам да речам, некој вид граници и да набројам такви видови на забранета љубов.

Сакам да го прочитам искуството ваше.

Иначе, досега, јас не сум почувствувала некој вид на невозможна љубов. Само ми имат раскажвано за то колку е тешка таа љубов, колку е болна и колку тешко се заборава таа личност, оти сакаш да ја имаш, а знајш дека нема никакви шанси, дека нема ни малце надеж, дека никогаш, никогаш нема да ја вкусиш љубовта на таа личност, а уште помалце некаков физички контакт.
 
Добро, во тој случај засега ќе одговорам општо.
Јас не верувам во поимот забранета љубов. Верувам само во храбри луѓе кои прават се` за вистинската љубов и слабичи кои се откажуваат од неа, поради некој помалку вреден проблем. :smir:
 
Браво.:)

Невозможна љубов ќе постои се додека не се најде начин да се оствари таа љубов, се додека не се совладат сите пречки на патот.Според ова пак, таа љубов штом може да се оставри, не ни била невозможна.
Значи...како што вели една изрека: Ако се сака се бара начин, ако не се сака се бара изговор.

И што читам таму горе муабети дека таквата љубов е многу болна, дека многу тешко е да сакаш некој а само да го гледаш и бла бла...Мразам да читам вакви работи зашто имаше период кога и јас самата кажував вакви слични фрази но помина тој период и сфатив дека нема да трае засекогаш иако тогаш мислев дека никогаш нема да ми помине.Тоа е период на слабост, на немоќност.Но не верувам дека на некого може да му бидат пријатни тие моменти и затоа треба да се избришат солзите зашто тие не помагаат и да се свртиш околу себе да видиш што е проблемот,пречката и кога ќе ја дознаеш да бараш начин да ја надминеш а не да мислиш дека е невозможно, дека нема начин, или да велиш дека е тешко.
Кога се сака, се' се може.
 
Која е таа невозможна љубов....таа што е невозвратена? Да сум имал мислам дека секој имал,но не сум се откажал,читам овде има што дигнале раце од неа? Зошто...ако навистина сакаш нешто ќе се бориш за тоа се разбира доколку е возвратена зашто ако не е сам со себе треба да се бориш...мислам дека секој треба да се бори за тоа што го сака се додека постои надеж дека сепак еден ден тоа може и да се случи
 
Imashe edna shpanska serija so ova ime M? ili ne?
Nvm, a bre nevozmozna moze da e: dechkoto/devojkata e srekno vo brak i ima dechinja i ni na kraj pamet ne mu/i teknuva da gi rastura no sepak i se shtraknuva neshto na strana. E za neshtoto toa ke bide nevozmozna ljubov, za koja: http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=1057965&postcount=26
Ako so devojkata se razlikuvame vo poim i nemame ama bash nitu edna zaednichaka tochka niti nachin na zivot no ete taka ispadnal moment da se 'shtraknime' ednash...
Ako sme se zapoznale u diskoteka, sme bile u hotel i utroto sum go izgubil telefonot....
aj ke napsiham edit moram da odam ega!
 
Добро, во тој случај засега ќе одговорам општо.
Јас не верувам во поимот забранета љубов. Верувам само во храбри луѓе кои прават се` за вистинската љубов и слабичи кои се откажуваат од неа, поради некој помалку вреден проблем. :smir:

А на пример, како шо кажа Џингис..Тој/таа да е во брак, со дечиња малечки..
И тогаш треба да бидиш храбар и да направиш се за вистинската љубов?
Или..?
Или пак, ако таа има 17 години, а тој 45, а да се сакаат вистински.
И тогаш треба да бидиш храбар и да направиш се за да бидиш со него?
 
Сум била сведок на таква љубов, зато прашвам.

Се извинувам тогаш.:)

Само, сигурна си дека и тој чувствувал нешто кон девојката?

И мислам дека не е невозможно тие да се сакаат и да започнат врска, туку невозможно е да останат заедно и да ја одржат врската.:)
 
Прекрасна приказна.

Ако можи да знам зошто била таа љубов невозможна?
Или не е за пред јавноста?

Приказната е скратена, прекрасна трагедија, да. Со многу требаше да се бориме, многу да трпам, судбини многу се испреплетеа и секој по својот пат а пак бевме тука заедно на некој начин. Преголема љубов и глупост во исто време и од моја и од негова страна. Битно ми беше што другите ќе кажат и како ќе реагираат. Глупости. Времето ја излечи таа рана ама не како што мислев.
Невозможна љубов е и да бидеш со него ама пак не е твој на некој начин, колку и да се сакате. Неможам да пишувам детали Тамрче, само ќе кажам дека треба да се бориш за она што мислиш дека го заслужуваш, трнлив е патот до саканото, но потоа се се заборава. Јас се изгубив некаде во трњето.

Која е таа невозможна љубов....таа што е невозвратена? Да сум имал мислам дека секој имал,но не сум се откажал,читам овде има што дигнале раце од неа? Зошто...ако навистина сакаш нешто ќе се бориш за тоа се разбира доколку е возвратена зашто ако не е сам со себе треба да се бориш...мислам дека секој треба да се бори за тоа што го сака се додека постои надеж дека сепак еден ден тоа може и да се случи

Значи невозможна не значи невозвратена, има разлика и сличности. Невозвратена може да биде невозможна, но невозможна може да биде и возвратена како и невозвратена. Треба да се бориш да, ама кога ќе си сигурен дека таа е таа. Ама неможеш ни да живееш во надеж цел живот нели?:toe:
 
А на пример, како шо кажа Џингис..Тој/таа да е во брак, со дечиња малечки..
И тогаш треба да бидиш храбар и да направиш се за вистинската љубов?
Или..?
Или пак, ако таа има 17 години, а тој 45, а да се сакаат вистински.
И тогаш треба да бидиш храбар и да направиш се за да бидиш со него?

Што има овде невозможно?
Тој/таа ако не го сака својот брачен другар тогаш нека се разведе.Децата нека не ги зема како изговор.Се' зависи од волјата.Ако е силна, тогаш се' ќе се среди.

Само во нешто треба да се поправам.Невозможна љубов може да биде само невозвратената, како што спомна некој погоре.
А инаку, ако е возвратена, прашање е само колку ќе се храбри и двајцата за да се соочат со проблемот.

Примерот за таа со 17 а тој 45...не разбрав и овде што е проблемот.Едно е јасно-против природата не можат да одат.Можат да и се спротивстават на околината ако таа е против нивната врска но со текот на времето мајката природа ќе си го направи своето.:toe:
 
Само, сигурна си дека и тој чувствувал нешто кон девојката?
Jas sum siguren deka toj chuvstvuval mnogu poveke nego devojkata, i logichno e: maz vo poodminati godini da saka i da gori od zelba po 'svezo meso'. Samo ne sum siguren kolku devojkata chuvtvuva neshto vo ovaa situacija koga taa ima 17 a toj 45? Ima neshto drugo, a? Trevata mrda a vetar nema....:majmun7:
 
~*~

Дали сте имале некогаш во животот ваква љубов?
Да знаете дека се е против вас, но, шо да прајте, пак ненормално сакате..
Иако нема никакви шанси, ни ронка надеж, немате никаква иднина со таа личност, никаква перспектива..

Доколку сте доживеале порано таква љубов, дали сеуште сонувате за неа..дали сакате да ја имате..
Или пак, сте се одрекле од неа засекогаш, и не ја гибате, затоа што знаете дека ви е слаба точка, и рана шо ќе ве печи засекогаш.

Не постои потешка ситуација од таа во која сте навистина свесни дека немате друга солуција освен да се откажете, да го изгубите тој што го љубите, да изгубите моменти полни среќа и љубов, бидејќи длабоко во себе знаете дека ... вие немате апсолутно никаква иднина заедно.
Такви ситуации во животот сум имала неколку, бидејќи секогаш навистина се заљубувам во личности кои што се потполно различни од мене, а една врска опстојува само ако се наоѓате на иста бранова должина.
Дека сите тројца ми останаа како слаба точка, тоа е вистина, посебно затоа што им имам посветено многу време и емоции, не би ги нарекла рана, затоа што сепак ми дадоа како искуство, така и љубов и среќа.
Битното е да се знае како да се продолжи понатаму, среќна затоа што се случило, не да плачам затоа што завршило.
Дел од мене и од моето минато. :zajubena:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom