Не сум се препознал, навраќајки се на претходните твои постови, Христо кој беше баниран од форумов.
Од кој до кој период за тебе е Античка Македонија?
Границиве на Грчкава мапа од која година се според тебе?
П.С. Гробот на Гркот Зорба знаеш каде е?
Нишчо јунаци, се премисливте или се договарате....
Него јас ќе ве поздравам со песната која поначесто ќе ви ја постирам, за сите да ја научите напамет.
Македонска народна песна од пред нецели 3 века, меѓутоа совршено се вклопува во денешниве (не)прилики.
1762 лето...
Илјада и седемстотин шездесет и второ лето
в Охрида од Цариграда дошел Солаор.
Еј! Дошел Солаор.Се претставил пред Арсенија
наша патрика честнаго
и му рек'л слово горко, слово жалосно.
Еј! Слово жалосно.
Царска волја е да тргнеш
денеска за Цариграда
на тебе од врли Грци, голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.
Собрал патрик свое стадо
в црква свјати Климентова
благослов им дал последен, р'це заплетил.
Еј! Р'це заплетил.
Д'лго време липал старец
в молчење в'сенародно
и по бела брада ронел с'лзи горешти.
Еј! С'лзи горешти.
Слушајте ме мили чеда
јас ќе идам в Цариграда
на мене од врли Грци голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.
Грцки патрик ќе ни строши
славна Охридска Столица
и мене до смрт ќе држи в заточение
Еј! В заточение.
Ќе прати владици Грци
лицем светци срцем в'лци
ќе ве дават, ќе ве стрижат,
ќе ве м’лзат до крв.
Еј! Ќе ве м'лзат до крв.
Меѓу народа ќе сејат несогласје и омраза,
да се мразат син со татка и со брата брат.
Еј, и со брата брат.
И ќе викнете до Бога и крило не ќе најдете,
смирени ќе наведете глави доземи.
Ќе ми бидете сираци; така било написано...