Late Night Show со Миленко Неделковски

  • Креатор на темата Креатор на темата ***freak***
  • Време на започнување Време на започнување
Почнувам да го менувам мислењето за типов после емисијата сношти.

Мислам, тој многу многу не кажа, остави на Мирка да зборува, но, сепак, добра емисија...


И јас ја гледав, Мирка е ЛУДИЛО..Ко рече дека ако сме го сменеле името во Африка ќе заминела:vozbud:
 
Мирка од времето беше, така да кажам, од на Бранко страна, па се преметна, кога почна превише да и заудара. Сега тачно знае прљавиот веш на сите политичари. Се што кажа и верувам. Ако и овде кикснат, треба да се избесат буквално сите политичари. Се гледа дека ниту Нато ниту ЕУ сакат да дават пари, а ние мислиме дека ако влезиме, одма дупло плати ќе почниме да земаме. И тука ни е мамката. Да не се лажиме, србите пред нас ќе ги примат за да ги смират за Косово, а нас како Македонија никогаш, и буквално НИКОГАШ нема да не примат. Не е само во Грција работата. И другите земји се испосрале за македонското прашање во минатото, а никоја дипломатија не сака да признае грешки, макар и стари 100 години.
 
Моментално го има говорот на Тони Михајловски од протестот, веројатно вечерашната емисија ќе биде посветена на протестот.
 
Професоркава ме импресионира.. го кажува тоа што повеќето го мислиме.
 
Типката беше одлична!!!:pos2:
Си кажа се точно како што е било.....
 
Се губам во ваквите трансформации од еден збор до некој друг кој не личи ни малку на првиот.. не можам да разберам, веројатно затоа што стварно има такви правила, кои се за мене непознати.

Има некој лингвист што ја гледа емисијава? Ако ништо друго, барем да даде потврда дали такви трансформации се возможни.. сакам да верувам дека е навистина така како што вели професорката, ама не без потврда.. така сум научен, да не верувам слепо на се`.

А стварно има логика.. Македонија = остров/земја на Ма, божицата-мајка. Тесно поврзана со лавот како симбол. И Фригите, и Хитите ја имале истата божица, додека Римјаните и Грците имале соодветни имиња за истата..
 
Лошото е тоа што на крај вика: И светот тоа го знае...како може светот да го знае, кога ние(македонците) не го знаеме. : )

Треба да се поткенат инициативи...да се шири тоа, па тек после светот да го знае.
 
Научниот свет.. знаат тие и многу повеќе, само никој не се осмелува да проговори јавно..
 
Се губам во ваквите трансформации од еден збор до некој друг кој не личи ни малку на првиот.. не можам да разберам, веројатно затоа што стварно има такви правила, кои се за мене непознати.

Има некој лингвист што ја гледа емисијава? Ако ништо друго, барем да даде потврда дали такви трансформации се возможни.. сакам да верувам дека е навистина така како што вели професорката, ама не без потврда.. така сум научен, да не верувам слепо на се`.

А стварно има логика.. Македонија = остров/земја на Ма, божицата-мајка. Тесно поврзана со лавот како симбол. И Фригите, и Хитите ја имале истата божица, додека Римјаните и Грците имале соодветни имиња за истата..

Јас имам учено и лингвистика и споредбена граматика и можам да ти кажам дека постојат вакви работи (палатализации), ама ништо поконкретно не знам за тие јазици за кои што зборуваше професорката (етрурски и кои други беа не ми текнува). А плус па и не ја слушав баш добро.
 
Миленко секогаш блеска, но вечерва беше посебен. Браво за неговото шоу.
 
Секоја чест за емисијата Миленко вечерва што ја приреди, браво за човекот, секогаш знае вистински луѓе да одбере за во емисија.
 
Прво, не разбрав од таа картата шо беше трикот. Во 1911 п.н.е. Прилеп бил остров?

Првата Троја била во Македонија?

Некако многу работи ми нафрли таа професорката, скоро и ништо да не ја разбрав. А тоа трансформациите на зборовите беа лудница, по 20000 табели. :)

Инаку ние сме потомци од Феникијците, т.е. Пелазите кои потекнуваат од Феникија. А Грците ја зеле азбуката од нив т.е. од нас. :P
 
Картата е направена 1911 година, а се однесува на тоа како изгледала територијата на Македонија во Неогенот. Просторот Прилеп, Мариово до Битола бил остров. Проблемот е што тоа било пред.. неколку милиони, а не илјади години.

И да, тоа ми е единствената забелешка.. Миленко ја прекинуваше цело време, и неа и сите претходни гости. Нека ја направи емисијата 3 саати, и така кани гости што имаат што да кажат..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom