Докажете дека Господ (не) постои

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
...О.К...Затоа и реков дека релацијата е двострана.
 

trickster

Remember the name …
Член од
19 август 2007
Мислења
452
Поени од реакции
14
Само би додал дека Бог веќе не најде, сега останува ние Него да го најдеме. Тогаш ќе се исполни двостраната релација „Бог-човек„. Средбата со Бога е во умот и во срцето а не на улица и во лабораторија.
Мики поентата беше ако направиш чекор кон него и тој ќе се приближи..барај го неговото лице, додека може да се најде.
Прво до сеа не убедуваше мики дека господ не треба да се бара, затоа сега организира потрага по него леле ова веке не е ни контрадикторност ова е благо кажано е глупост....

Марцус што е поентата на ова додека може да се најде... дека лугето ке се освестат и ке прекинат да веруваат во нешто што непостои или... пообјасни.....
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Трикстер, не е тоа контрадикција..тоа е НЕЧИЕ незнаење...се надевам дека ќе ти текне ЧИЕ е тоа незнаење.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Без цитати..едноставно ќе дојде време кога луѓето ќе го бараат Господ ама ќе биде залудно.Вратата на милоста еден ден ќе биде затворена...
 

trickster

Remember the name …
Член од
19 август 2007
Мислења
452
Поени од реакции
14
Трикстер, не е тоа контрадикција..тоа е НЕЧИЕ незнаење...се надевам дека ќе ти текне ЧИЕ е тоа незнаење.
Мене нема што да ми текне ама затоа тебе секакви работи ти текнуваат а кога некој ке те праша или ке побара да објасниш што си кажал пишуваш одговори што ни на дете од две години не би можел да му ги продадеш или вадиш некој цитат пошо својот став оддамна си го изгубил.Чие е незнаењето нека одлучат другите на некој што кажува реални работи или на некој кој има ограничени погледи кон работите и го посветува животот на измислици....

Марцус фала за објаснувањето и фала што ме удостои со твој личен став а не со цитат..
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Трикстер зависи на која страна стоиш...неможеш да зборуваш дека некој животот го посветил на измислици, без разлика дали некој е либерален или конзервативен во своите ставови тоа е личен избор..оти секогаш другата страна е онаа која е во заблуда и живее погрешен живот..по тоа прашање може само да чекаме еден животен век па да видиме кој е во право..
Се е релативно па така и тојот реален поглед на светот.
Ако некј тврди дека има Бог..не значи дека не е во право само затоа што ти имаш спротивно мислење...најмалу што ниеден човек(барем за мене) не е стандард спрема кој треба да го живееме својот живот.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Еволуцијата ја негира само дел од религиозните групи. Убедени дека не постои (и дека Господ го создал светот пред 6 илјади години) читаат само статии за интелегентен дизајн и презентираат извртени аргументи како докази.

За конкретната измислица од цитатот. Откако ќе се провери староста на некој предмет според повеќе методи, истата се калибрира за да се стави во контекст на датумите. При калибрацијата се земаат во предвид фактори како варијации во вселенските зрачења, климатски промени, индустријализација па дури и атомски тестови.
Да, и заборави да дополниш дека климата денес е иста како онаа порано. Па 500 клими се промениле од тогаш до сега. Сонцето не е со ист сјај, зголемени турбуленции, се' има... Озонот...... не се измислици, факти се....
Кога ќе ми донесат една книга со тематика сличнаа на ова ќе пастирам текст....
 

trickster

Remember the name …
Член од
19 август 2007
Мислења
452
Поени од реакции
14
Трикстер зависи на која страна стоиш...неможеш да зборуваш дека некој животот го посветил на измислици, без разлика дали некој е либерален или конзервативен во своите ставови тоа е личен избор..оти секогаш другата страна е онаа која е во заблуда и живее погрешен живот..по тоа прашање може само да чекаме еден животен век па да видиме кој е во право..
Се е релативно па така и тојот реален поглед на светот.
Ако некј тврди дека има Бог..не значи дека не е во право само затоа што ти имаш спротивно мислење...најмалу што ниеден човек(барем за мене) не е стандард спрема кој треба да го живееме својот живот.
Според објаснувањето на мики(став на верник)се не е релативно барем не во религијата во истата релативно не постои.Тоа беше она што го објаснував дека секој ја има иѕмодифицирано религијата спрема своите потреби и дека и помегу верниците има конфликт во начинот на гледање кон истата...
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Каде ги гледаш противречносртите? Па повеќе е од јасно дека Стариот и Новиот Завет имаат разлика, но Бог е истиот и во Стартиот и во Новиот Завет. Затоа и вели: „...Зашто Јас, Господ, не се менувам... (МАлахија, 3:6). На тајната вечера,на Велики Четврток, Христос го воведе Новиот Завет и со тоа престана важноста на одредбите од Стариот Завет.
А тоа дека Исламот нешто решил, тоа е најблаго речено-дискутабилно. Со тој став, Ван Хелсинг сигурно би те поддржал. Од пристојност, нема да кажам некој потежок израз околу „поедноставниот начин„.
Не престанала важноста на Стариот Завет. Стариот Завет бил исполнет, а не поништен.
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
Според објаснувањето на мики(став на верник)се не е релативно барем не во религијата во истата релативно не постои.Тоа беше она што го објаснував дека секој ја има иѕмодифицирано религијата спрема своите потреби и дека и помегу верниците има конфликт во начинот на гледање кон истата...
Точно така! Секој си ја приспособува кон тоа каква реалност индивидуата си има во перцепцијата за својот живот, и притоа целосно и се препушта не религијата како одговор на сите негови проблеми од највисок степен.. е сега ако му треба операција на срце иде кај Жан Митрев..али тоа нема везе... Муабетот е дека во науката се што е докажано е прифатено од сите, и доколку се најде некој „неверник“ во науката и ДоКаЖе дека физички тоа е грешно веднаш се прифаќа неговиот издржан став! И науката се надградува за една скала погоре. Затоа и религијата не мрднала за + еден збор од пред 2000 години .. за разлика од науката која со брзина на светлината секојдневно се надградува од страна на целото човештво како краен метод за нивниот опстанок на планетава и воопшто како човешка раса.
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Како ли можеш да имаш љубов немајќи вера во Бога, и љубовта и милоста произлегуваат од верата во Бога, и ниту еден вистински верник не би си позволил да се однесува кон Светото Писмо на начин на кој луѓето што ги познаваш тоа го прават. Бог секогаш нештата ги прави за нас со благослов, на нас останува кој колку може да види на вистински начин.

Секое ти добро.
Абе шо да ти кажам ,чудо сум..ем атеист , ем знам што е тоа љубов ...уште да знаеше од каде произлегуваат и што се човечките емоции ..
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Според објаснувањето на мики(став на верник)се не е релативно барем не во религијата во истата релативно не постои.Тоа беше она што го објаснував дека секој ја има иѕмодифицирано религијата спрема своите потреби и дека и помегу верниците има конфликт во начинот на гледање кон истата...
-Да, во христијанската религија важи апсолутноста: Бог е апсолутен а не подложен на промени и влијанија. А тоа што некој со некого не се согласуава, тоа е помал дел од проблемот. Ни јас, како православен, не секогаш се согласувам со моите православни браќа и сестри, но ете, по милоста Божја, и тие и јас сеуште сме живи, фала и слава Богу.

Не престанала важноста на Стариот Завет. Стариот Завет бил исполнет, а не поништен.
Не напишав дека е поништен. Стариот Завет е исполнет во делот со пророштвата (Христос беше првиот пат) а пошто Стариот Завет е збирка од повеќе завети меѓу Бога и Израилот, кој (Израилот) повеќе пати, да не кажам, редовно ги има прекршувано, во тој дел, Стариот Завет не е исполнет. Затоа „на сила„ го имаме Новиот. А штом го имаме Новиот, одредбите од Стариот престануваат да важат. Тоа Апостолот Павле самиот го објаснува.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мене нема што да ми текне ама затоа тебе секакви работи ти текнуваат а кога некој ке те праша или ке побара да објасниш што си кажал пишуваш одговори што ни на дете од две години не би можел да му ги продадеш или вадиш некој цитат пошо својот став оддамна си го изгубил.Чие е незнаењето нека одлучат другите на некој што кажува реални работи или на некој кој има ограничени погледи кон работите и го посветува животот на измислици....

Марцус фала за објаснувањето и фала што ме удостои со твој личен став а не со цитат..
-Се надевам дека на форумов не дискутирам со деца од две години.
- На форумов изложувам православни ставови а не мои измислици. Тоа што поедницните кои не веруваат не го разбираат, тоа не е мој проблем. Религијата (во најлош случај, било која) е учење за кое законитостите на рационалното размислување НЕ ВАЖАТ. Важат законитостите на ДУХОТ. Така, кој не верува, нема ни да го разбере ни да го прифати религиозното толкување на нештата.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Да, и заборави да дополниш дека климата денес е иста како онаа порано.
Не баш заборавив... мислам дека КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ значи дека имало една клима, па се сменила во друга, трета итн. односно различна клима во различен период.

Во науката постои нешто што се вика Научен метод.
За да нешто се потврди како точно, мора да се измери на различни начини (различни експерименти) и да се добијат истите резултати.
Целта е да се зголеми прецизноста, да се избегнат потенцијалните грешки и да се избегне пристрасното толкување на резултатите.

Не мора да чекаш книга. Еве ти линк до цел куп на погрешно толкување на информации на оваа тема:
http://www.allaboutarchaeology.org/carbon-dating.htm
 
K

kat.<3

Гостин
Абе шо да ти кажам ,чудо сум..ем атеист , ем знам што е тоа љубов ...уште да знаеше од каде произлегуваат и што се човечките емоции ..
Знам што се човечките емоции и од каде произлегуваат,и знам дека љубовта не може да стои сама, без верата.
Убаво за тебе што знаеш што е тоа љубов, без вера:clap:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom