Само би додал дека Бог веќе не најде, сега останува ние Него да го најдеме. Тогаш ќе се исполни двостраната релација „Бог-човек„. Средбата со Бога е во умот и во срцето а не на улица и во лабораторија.
Прво до сеа не убедуваше мики дека господ не треба да се бара, затоа сега организира потрага по него леле ова веке не е ни контрадикторност ова е благо кажано е глупост....Мики поентата беше ако направиш чекор кон него и тој ќе се приближи..барај го неговото лице, додека може да се најде.
Мене нема што да ми текне ама затоа тебе секакви работи ти текнуваат а кога некој ке те праша или ке побара да објасниш што си кажал пишуваш одговори што ни на дете од две години не би можел да му ги продадеш или вадиш некој цитат пошо својот став оддамна си го изгубил.Чие е незнаењето нека одлучат другите на некој што кажува реални работи или на некој кој има ограничени погледи кон работите и го посветува животот на измислици....Трикстер, не е тоа контрадикција..тоа е НЕЧИЕ незнаење...се надевам дека ќе ти текне ЧИЕ е тоа незнаење.
Да, и заборави да дополниш дека климата денес е иста како онаа порано. Па 500 клими се промениле од тогаш до сега. Сонцето не е со ист сјај, зголемени турбуленции, се' има... Озонот...... не се измислици, факти се....Еволуцијата ја негира само дел од религиозните групи. Убедени дека не постои (и дека Господ го создал светот пред 6 илјади години) читаат само статии за интелегентен дизајн и презентираат извртени аргументи како докази.
За конкретната измислица од цитатот. Откако ќе се провери староста на некој предмет според повеќе методи, истата се калибрира за да се стави во контекст на датумите. При калибрацијата се земаат во предвид фактори како варијации во вселенските зрачења, климатски промени, индустријализација па дури и атомски тестови.
Според објаснувањето на мики(став на верник)се не е релативно барем не во религијата во истата релативно не постои.Тоа беше она што го објаснував дека секој ја има иѕмодифицирано религијата спрема своите потреби и дека и помегу верниците има конфликт во начинот на гледање кон истата...Трикстер зависи на која страна стоиш...неможеш да зборуваш дека некој животот го посветил на измислици, без разлика дали некој е либерален или конзервативен во своите ставови тоа е личен избор..оти секогаш другата страна е онаа која е во заблуда и живее погрешен живот..по тоа прашање може само да чекаме еден животен век па да видиме кој е во право..
Се е релативно па така и тојот реален поглед на светот.
Ако некј тврди дека има Бог..не значи дека не е во право само затоа што ти имаш спротивно мислење...најмалу што ниеден човек(барем за мене) не е стандард спрема кој треба да го живееме својот живот.
Не престанала важноста на Стариот Завет. Стариот Завет бил исполнет, а не поништен.Каде ги гледаш противречносртите? Па повеќе е од јасно дека Стариот и Новиот Завет имаат разлика, но Бог е истиот и во Стартиот и во Новиот Завет. Затоа и вели: „...Зашто Јас, Господ, не се менувам... (МАлахија, 3:6). На тајната вечера,на Велики Четврток, Христос го воведе Новиот Завет и со тоа престана важноста на одредбите од Стариот Завет.
А тоа дека Исламот нешто решил, тоа е најблаго речено-дискутабилно. Со тој став, Ван Хелсинг сигурно би те поддржал. Од пристојност, нема да кажам некој потежок израз околу „поедноставниот начин„.
Точно така! Секој си ја приспособува кон тоа каква реалност индивидуата си има во перцепцијата за својот живот, и притоа целосно и се препушта не религијата како одговор на сите негови проблеми од највисок степен.. е сега ако му треба операција на срце иде кај Жан Митрев..али тоа нема везе... Муабетот е дека во науката се што е докажано е прифатено од сите, и доколку се најде некој „неверник“ во науката и ДоКаЖе дека физички тоа е грешно веднаш се прифаќа неговиот издржан став! И науката се надградува за една скала погоре. Затоа и религијата не мрднала за + еден збор од пред 2000 години .. за разлика од науката која со брзина на светлината секојдневно се надградува од страна на целото човештво како краен метод за нивниот опстанок на планетава и воопшто како човешка раса.Според објаснувањето на мики(став на верник)се не е релативно барем не во религијата во истата релативно не постои.Тоа беше она што го објаснував дека секој ја има иѕмодифицирано религијата спрема своите потреби и дека и помегу верниците има конфликт во начинот на гледање кон истата...
Абе шо да ти кажам ,чудо сум..ем атеист , ем знам што е тоа љубов ...уште да знаеше од каде произлегуваат и што се човечките емоции ..Како ли можеш да имаш љубов немајќи вера во Бога, и љубовта и милоста произлегуваат од верата во Бога, и ниту еден вистински верник не би си позволил да се однесува кон Светото Писмо на начин на кој луѓето што ги познаваш тоа го прават. Бог секогаш нештата ги прави за нас со благослов, на нас останува кој колку може да види на вистински начин.
Секое ти добро.
-Да, во христијанската религија важи апсолутноста: Бог е апсолутен а не подложен на промени и влијанија. А тоа што некој со некого не се согласуава, тоа е помал дел од проблемот. Ни јас, како православен, не секогаш се согласувам со моите православни браќа и сестри, но ете, по милоста Божја, и тие и јас сеуште сме живи, фала и слава Богу.Според објаснувањето на мики(став на верник)се не е релативно барем не во религијата во истата релативно не постои.Тоа беше она што го објаснував дека секој ја има иѕмодифицирано религијата спрема своите потреби и дека и помегу верниците има конфликт во начинот на гледање кон истата...
Не напишав дека е поништен. Стариот Завет е исполнет во делот со пророштвата (Христос беше првиот пат) а пошто Стариот Завет е збирка од повеќе завети меѓу Бога и Израилот, кој (Израилот) повеќе пати, да не кажам, редовно ги има прекршувано, во тој дел, Стариот Завет не е исполнет. Затоа „на сила„ го имаме Новиот. А штом го имаме Новиот, одредбите од Стариот престануваат да важат. Тоа Апостолот Павле самиот го објаснува.Не престанала важноста на Стариот Завет. Стариот Завет бил исполнет, а не поништен.
-Се надевам дека на форумов не дискутирам со деца од две години.Мене нема што да ми текне ама затоа тебе секакви работи ти текнуваат а кога некој ке те праша или ке побара да објасниш што си кажал пишуваш одговори што ни на дете од две години не би можел да му ги продадеш или вадиш некој цитат пошо својот став оддамна си го изгубил.Чие е незнаењето нека одлучат другите на некој што кажува реални работи или на некој кој има ограничени погледи кон работите и го посветува животот на измислици....
Марцус фала за објаснувањето и фала што ме удостои со твој личен став а не со цитат..
Не баш заборавив... мислам дека КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ значи дека имало една клима, па се сменила во друга, трета итн. односно различна клима во различен период.Да, и заборави да дополниш дека климата денес е иста како онаа порано.
Знам што се човечките емоции и од каде произлегуваат,и знам дека љубовта не може да стои сама, без верата.Абе шо да ти кажам ,чудо сум..ем атеист , ем знам што е тоа љубов ...уште да знаеше од каде произлегуваат и што се човечките емоции ..