Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Само би додал дека Бог веќе не најде, сега останува ние Него да го најдеме. Тогаш ќе се исполни двостраната релација „Бог-човек„. Средбата со Бога е во умот и во срцето а не на улица и во лабораторија.
Мики поентата беше ако направиш чекор кон него и тој ќе се приближи..барај го неговото лице, додека може да се најде.
Трикстер, не е тоа контрадикција..тоа е НЕЧИЕ незнаење...се надевам дека ќе ти текне ЧИЕ е тоа незнаење.
Еволуцијата ја негира само дел од религиозните групи. Убедени дека не постои (и дека Господ го создал светот пред 6 илјади години) читаат само статии за интелегентен дизајн и презентираат извртени аргументи како докази.
За конкретната измислица од цитатот. Откако ќе се провери староста на некој предмет според повеќе методи, истата се калибрира за да се стави во контекст на датумите. При калибрацијата се земаат во предвид фактори како варијации во вселенските зрачења, климатски промени, индустријализација па дури и атомски тестови.
Трикстер зависи на која страна стоиш...неможеш да зборуваш дека некој животот го посветил на измислици, без разлика дали некој е либерален или конзервативен во своите ставови тоа е личен избор..оти секогаш другата страна е онаа која е во заблуда и живее погрешен живот..по тоа прашање може само да чекаме еден животен век па да видиме кој е во право..
Се е релативно па така и тојот реален поглед на светот.
Ако некј тврди дека има Бог..не значи дека не е во право само затоа што ти имаш спротивно мислење...најмалу што ниеден човек(барем за мене) не е стандард спрема кој треба да го живееме својот живот.
Каде ги гледаш противречносртите? Па повеќе е од јасно дека Стариот и Новиот Завет имаат разлика, но Бог е истиот и во Стартиот и во Новиот Завет. Затоа и вели: „...Зашто Јас, Господ, не се менувам... (МАлахија, 3:6). На тајната вечера,на Велики Четврток, Христос го воведе Новиот Завет и со тоа престана важноста на одредбите од Стариот Завет.
А тоа дека Исламот нешто решил, тоа е најблаго речено-дискутабилно. Со тој став, Ван Хелсинг сигурно би те поддржал. Од пристојност, нема да кажам некој потежок израз околу „поедноставниот начин„.
Според објаснувањето на мики(став на верник)се не е релативно барем не во религијата во истата релативно не постои.Тоа беше она што го објаснував дека секој ја има иѕмодифицирано религијата спрема своите потреби и дека и помегу верниците има конфликт во начинот на гледање кон истата...
Како ли можеш да имаш љубов немајќи вера во Бога, и љубовта и милоста произлегуваат од верата во Бога, и ниту еден вистински верник не би си позволил да се однесува кон Светото Писмо на начин на кој луѓето што ги познаваш тоа го прават. Бог секогаш нештата ги прави за нас со благослов, на нас останува кој колку може да види на вистински начин.
Секое ти добро.
Според објаснувањето на мики(став на верник)се не е релативно барем не во религијата во истата релативно не постои.Тоа беше она што го објаснував дека секој ја има иѕмодифицирано религијата спрема своите потреби и дека и помегу верниците има конфликт во начинот на гледање кон истата...
Не престанала важноста на Стариот Завет. Стариот Завет бил исполнет, а не поништен.
Мене нема што да ми текне ама затоа тебе секакви работи ти текнуваат а кога некој ке те праша или ке побара да објасниш што си кажал пишуваш одговори што ни на дете од две години не би можел да му ги продадеш или вадиш некој цитат пошо својот став оддамна си го изгубил.Чие е незнаењето нека одлучат другите на некој што кажува реални работи или на некој кој има ограничени погледи кон работите и го посветува животот на измислици....
Марцус фала за објаснувањето и фала што ме удостои со твој личен став а не со цитат..
Да, и заборави да дополниш дека климата денес е иста како онаа порано.
Абе шо да ти кажам ,чудо сум..ем атеист , ем знам што е тоа љубов ...уште да знаеше од каде произлегуваат и што се човечките емоции ..