Докажете дека Господ (не) постои

Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Баш за тоа те прашав .. значи ние ( атеистите ) не гледаме добро или ?

Инаку зашо ти веруваш во Него , ако може да знам ?
И темата е ако можеш да пробаш да ми докажеш ...
Темата е докажете... Не се докажува... треба да слушаш зошто некој верник постанал верник... вака ништо.

Не ми придавај страна дека сум верник...

Не мора да веруваш ако не сакаш. Прочитај ја Библјата, разбери ја темелно колку што можеш сам, она што не можеш побарај помош....Бог гледај го како сите добри страни да се во едно нешто собрани. Обиди се да го следиш, да одиш по тие постапки, да повторам не гледај на тоа како религија... гледај како обичен човек на кој треба да се огледаш. Библијата не ја гледај како света книга ако не сакаш. Гледај ја како книга на неисцрплива мудрост, впрочем тоа и претставува.

Имам другари на кои им се променил животот од религијата на подобро. Знам како им било пред и како по осознавањето на она што пишува... Тоа е доволно кога некој близок ќе ти посведочи.... натаму е твое дали ќе веруваш...

За она дали Вие атеистите сте слепите... хммм спомнав и стар човек со перде на очите (онаа болест обично кај старите лица) ... и тие се слепи (не 100 % ама се ...). бтв воа последново и не е толку важно.
 
TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97

па и не е нешто посебно Библијата .. морални норми , закани , приказни итн..

Се на се , се се сведува на љубовта .. а за тоа и баш не ти е потребна верба во Бог или некоја света книга .. Интересно е тоа што колку и да сакаш да го гледаш како добар , не можеш .. Ете на пр. денес , еден ја тресна дека оние од Кина загинаа во земјотресот како дела на Бог , тука има добрина ?

Религијата не го гради моралниот живот , самиот човек си го гради .Не треба религија да ти кажува што е добро , а што лошо .Тоа можеш и сам да го разликуваш .. Јас знам па луѓе кои после ќитањето на Библијата ( без моралните поенти ) се газат од смеење ..И пак тоа нишро не ти докажува .. Веќе пишав дека ни Бог ни еволуцијата засега не можат да се докажат .. Само шо можеме е да се убедуваме и да дискутираме околу тоа ...
 
НЕ го мешај Бог секаде... Не постои само Бог, имаш и друга Страна... Ако биле праведни, тогаш не изгубиле ништо, според напишаното ќе живеат. А сите тие работи за земјотреси, војни се проречени....

Ако знаеш дека пушењето е лошо, зошто пушиш ?
Ако знаеш дека неверството е неморално, никакво, неетички, зошто изневеруваш ?
Ако знаеш дека кафето е штетно зошто по навика го пиеш ? (на идивиди имаше нешто за рак на бубрезите, состојка која ја има во кафето, колку да си кажам...)
..... има многу работи.. не знаеме што е лошо а што не, барем не во целост. Во Билбијата имаш такво нешто. Човечките особини се изгубени... треба да се црпат од некаде. Прочитај ми го потписот (ако ти дава прашалници не се секирај и мене ми дава ... оти не знам....)

Не се мешај во Неговата волја.. Не знаеш зошто е тоа така. Секој со својот памет и план....

Во Библијата ти е дадено нешто, не докажано, но барем е засега со целосно решение (зборувам за настанокот ...)
Науката нема решение, има претпоставки, тероии.... кои се побиваат сами меѓу себе....

Па добро има луѓе и на хорор филм што се смеат, не ме чуди...
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
На минатата страна последниот пост не знам дали го прочитавте...има одговор на оваа дебата.

А во поглед на тоа дека науката нема докази за настанокот на човекот, ќе кажам дека со следење на формата на скелетите и потеклото на одредени манифестации на нивните коски кои се пронајдени во слоевите на почвата е изградена една слика за еволуцијате која се учи и во основно училиште.

Патем..еволуцијата и обликот на човекот е паралелна појава со еволуцијата на неговата свест како субјект над Умот (и неговите потреби и разбирања ) и Телото.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Соодветстува со насловот на темата...

Како на слеп ќе му покажеш нешто... никако треба да ти верува... исто и со далтонист.... (атеистите)

Како на стар човек ќе му го тргнеш пердето пред очите ? И тоа не можеш, ќе ти умре на операција... ќе го оставиш така да живее. (верниците)
1. ќе му дадеш бел стап, ќе му набавиш куче, ќе слушне, ќе допре
2.пердето е старечка појава (болест) успешно се отстранува, за два дена си ко нов (во очите)
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
1. ќе му дадеш бел стап, ќе му набавиш куче, ќе слушне, ќе допре
2.пердето е старечка појава (болест) успешно се отстранува, за два дена си ко нов (во очите)
за 2, на стари луѓе не сакаат мн да им прават некаква операција... слабо срце ова она.. на тоа целев...
за 1 -> кучето и стапот замени ги со Пастир, ќе отидеме во она што се вели во Библијата.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
На минатата страна последниот пост не знам дали го прочитавте...има одговор на оваа дебата.

А во поглед на тоа дека науката нема докази за настанокот на човекот, ќе кажам дека со следење на формата на скелетите и потеклото на одредени манифестации на нивните коски кои се пронајдени во слоевите на почвата е изградена една слика за еволуцијате која се учи и во основно училиште.

Патем..еволуцијата и обликот на човекот е паралелна појава со еволуцијата на неговата свест како субјект над Умот (и неговите потреби и разбирања ) и Телото.
Сонцето зрачи, има радиоактивност. Земјата има своја радиоактивност...
Кога се гледа старост на некој предмет, коска ова не се зема во предвид, а се знае дека зрачењето доведува до побрзо стареење. така да тие фамозни цифри за милијарди години, или на земјата за милиони години се во воздух.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
за 2, на стари луѓе не сакаат мн да им прават некаква операција... слабо срце ова она.. на тоа целев...
за 1 -> кучето и стапот замени ги со Пастир, ќе отидеме во она што се вели во Библијата.
Кој збореше за библијата....ја пишував за физичките недостатоци и болестите.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Кој збореше за библијата....ја пишував за физичките недостатоци и болестите.
Она што јас напишав е спој помеѓу физичките недостаоци и религијата.
Ама ако и решенијата може да се протолкуваат на ист начин на кој мислев и со кои целев на индиректен начин да кажам нешто...
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
На минатата страна последниот пост не знам дали го прочитавте...има одговор на оваа дебата.
Ако дебатата е околу контрадикторноста на ставовите во библијата, тогаш, забелешките ти се на место, а патоказ за одговорот се, повторно, твоите зборови:

еволуцијата и обликот на човекот е паралелна појава со еволуцијата на неговата свест
Еволуцијата на религиозната свест се огледува во библиските противречности. Десетте заповести кои ги дискутираш потекнуваат од времето кога Јахве сеуште бил племенско божество на Јудејците, и како таков, имало потреба да се докажува неговата надмоќ над боговите на околните народи. Оттука потекнуваат и приказните за стапот на Мојсеј кој Јехова го претворил во змија и за сличните чудеса со кои се потврдува супериорноста на еврејскиот народ и, следователно на нивниот Бог.

Идејата за Бог не како личност со мани и слабости слични на човековите (љубомора, осветољубивост, суета, лутина итн), туку како дух, душа на светот, прва причина за постоење на сите нешта, потекнува не од Израел, туку од нашите простори. Поточно, од филозофијата на Платон, Аристотел и Зенон. На Блискиот Исток овие идеи пристигнале со освојувањата на Александар; дури по овој настан биле вградени во јудејската религија и отприлика тоа е времето кога Јахве прераснал во универзален Бог (други богови може да постојат само ако тој не е тоа, нели?)

Религиозното учење на Исус е суштински различно од учењето на Стариот Завет. Веројатно тоа е причината што евреите не го признаваат Исус како вистинскиот Месија за кој зборуваат пророштвата од Стариот Завет, а кои, од друга страна, самиот Исус обилно ги користи во прилог на своето учење.

Најголемиот проблем на христијанството е - како да ги измири овие противречности. Доста енергија е потрошена на тоа, не би сакал да навлегувам во детали. Муслиманите го имаат разрешено истиот проблем на многу поедноставен начин. Макар да се признаваат сите поранешни пророштва, Мухамед го има последниот збор, и, таму кадешто постои недоумица, треба да се слуша што вели тој.
 
K

kat.<3

Гостин
па и не е нешто посебно Библијата .. морални норми , закани , приказни итн..

Се на се , се се сведува на љубовта .. а за тоа и баш не ти е потребна верба во Бог или некоја света книга .. Интересно е тоа што колку и да сакаш да го гледаш како добар , не можеш .. Ете на пр. денес , еден ја тресна дека оние од Кина загинаа во земјотресот како дела на Бог , тука има добрина ?

Религијата не го гради моралниот живот , самиот човек си го гради .Не треба религија да ти кажува што е добро , а што лошо .Тоа можеш и сам да го разликуваш .. Јас знам па луѓе кои после ќитањето на Библијата ( без моралните поенти ) се газат од смеење ..И пак тоа нишро не ти докажува .. Веќе пишав дека ни Бог ни еволуцијата засега не можат да се докажат .. Само шо можеме е да се убедуваме и да дискутираме околу тоа ...
Како ли можеш да имаш љубов немајќи вера во Бога, и љубовта и милоста произлегуваат од верата во Бога, и ниту еден вистински верник не би си позволил да се однесува кон Светото Писмо на начин на кој луѓето што ги познаваш тоа го прават. Бог секогаш нештата ги прави за нас со благослов, на нас останува кој колку може да види на вистински начин.

Секое ти добро.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Сонцето зрачи, има радиоактивност. Земјата има своја радиоактивност...
Кога се гледа старост на некој предмет, коска ова не се зема во предвид, а се знае дека зрачењето доведува до побрзо стареење. така да тие фамозни цифри за милијарди години, или на земјата за милиони години се во воздух.
Еволуцијата ја негира само дел од религиозните групи. Убедени дека не постои (и дека Господ го создал светот пред 6 илјади години) читаат само статии за интелегентен дизајн и презентираат извртени аргументи како докази.

За конкретната измислица од цитатот. Откако ќе се провери староста на некој предмет според повеќе методи, истата се калибрира за да се стави во контекст на датумите. При калибрацијата се земаат во предвид фактори како варијации во вселенските зрачења, климатски промени, индустријализација па дури и атомски тестови.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако дебатата е околу контрадикторноста на ставовите во библијата, тогаш, забелешките ти се на место, а патоказ за одговорот се, повторно, твоите зборови:

Еволуцијата на религиозната свест се огледува во библиските противречности. Десетте заповести кои ги дискутираш потекнуваат од времето кога Јахве сеуште бил племенско божество на Јудејците, и како таков, имало потреба да се докажува неговата надмоќ над боговите на околните народи. Оттука потекнуваат и приказните за стапот на Мојсеј кој Јехова го претворил во змија и за сличните чудеса со кои се потврдува супериорноста на еврејскиот народ и, следователно на нивниот Бог.

Идејата за Бог не како личност со мани и слабости слични на човековите (љубомора, осветољубивост, суета, лутина итн), туку како дух, душа на светот, прва причина за постоење на сите нешта, потекнува не од Израел, туку од нашите простори. Поточно, од филозофијата на Платон, Аристотел и Зенон. На Блискиот Исток овие идеи пристигнале со освојувањата на Александар; дури по овој настан биле вградени во јудејската религија и отприлика тоа е времето кога Јахве прераснал во универзален Бог (други богови може да постојат само ако тој не е тоа, нели?)

Религиозното учење на Исус е суштински различно од учењето на Стариот Завет. Веројатно тоа е причината што евреите не го признаваат Исус како вистинскиот Месија за кој зборуваат пророштвата од Стариот Завет, а кои, од друга страна, самиот Исус обилно ги користи во прилог на своето учење.

Најголемиот проблем на христијанството е - како да ги измири овие противречности. Доста енергија е потрошена на тоа, не би сакал да навлегувам во детали. Муслиманите го имаат разрешено истиот проблем на многу поедноставен начин. Макар да се признаваат сите поранешни пророштва, Мухамед го има последниот збор, и, таму кадешто постои недоумица, треба да се слуша што вели тој.
Каде ги гледаш противречносртите? Па повеќе е од јасно дека Стариот и Новиот Завет имаат разлика, но Бог е истиот и во Стартиот и во Новиот Завет. Затоа и вели: „...Зашто Јас, Господ, не се менувам... (МАлахија, 3:6). На тајната вечера,на Велики Четврток, Христос го воведе Новиот Завет и со тоа престана важноста на одредбите од Стариот Завет.
А тоа дека Исламот нешто решил, тоа е најблаго речено-дискутабилно. Со тој став, Ван Хелсинг сигурно би те поддржал. Од пристојност, нема да кажам некој потежок израз околу „поедноставниот начин„.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Трикстер не се ограничувам на една книга...немам едностран поглед на светот..туку го изградувам со читање..не само на Библијата..сепак колку повеќе читам толку повеќе сум сигурен во што верувам..и незнам од каде ти идеата дека незнам да ги објаснам цитатите..не би ги ни користел ако незнам што значат..нели?
На крај не ни очекувам да ме разбереш....барем што се однесува до верата...иако и јас не те разбирам тебе..
Доказите кои ги барате неможете да ги најдете..затоа што пробате да споите две сосема различни работи...Ако сакаш да го докажеш постоењето на Господ треба да го бараш Господ..оти тогаш тој ќе те најде тебе.. а не да бараш факти.
Само би додал дека Бог веќе не најде, сега останува ние Него да го најдеме. Тогаш ќе се исполни двостраната релација „Бог-човек„. Средбата со Бога е во умот и во срцето а не на улица и во лабораторија.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Мики поентата беше ако направиш чекор кон него и тој ќе се приближи..барај го неговото лице, додека може да се најде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom