Еве да пообјаснам за некој на кого сеуште не му беше јасно ...
1 Тогаш Бог ги изговори сите овие зборови:
2 „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството. ( Со зборовите јас сум Господ, твој Бог се наметнува идентитет на повисока вредност од таа на човечкото сучтество и притоа се користи за управување со сите прашања кои си ги има на УМ. Со тоа што самиот совршен Бог те потсеќа дека те извадил од Египетската земја-куќа на ропството те задолжува да му служиш само нему како негов вешен должник за твојата слобода од прангите на друг народ а не небесна сила )
3 Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене. ( Со овие зборови господ ти наложува тотална поданост кон него, и раѓа дуализам доколку пред тебе се исправи друго Его со друг религиозен идентитет...што подоцна низ примерите на историјата резултирало со војни и огромен број жртви. Со оваа реченица се раѓа подлога за бесконечни расправии меѓу верниците од разни религии.. или поточно..од разни збирки на раскази )
4 Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. ( Ова е одличен пример за избегнување на понатамошни расправии околу ликот на господ како субјект на кој ти целосно му го подаруваш твојот ум и разбирање на твоето постоење на овааа планета, и како што би се рекло...не прашувај многу-многу туку верувај во мене и терај си по патот! )
5 Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение, ( многу ме интересира на која основа го има разработено неговиот суд за да стигне до третото или четвртото колено на одредена неверничка фамилија. Како може тоа некој апстрактен грев и свето прекчување на некои правила да се пренесуваат генетски по законите на материјализмот )
6 а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди. ( Поделба на лоши и добри и уште еден пример за се повеќе страданија на човечкиот род кој нема да се согласи со христијанството )
7 Не ќе го изговараш напразно името на Господа, твојот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото име. ( ве молам запазете го моментов: Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото име. Изгледа демократијата е поголема религија од Христијанството.. )
8 Помни го саботниот ден, за да го осветуваш.
9 Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи.
10 А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти. ( како сума сумарум на 8,9 и 10 ќе кажам дека денот не е ништо посебно освен поделба според сваќањата на човекот за Мракот и греењето на Сонцето а ведоно и пресметка на времето како мерка дадена од човекот за да има ориентација. Јас ќе запрашам и дали ќе може јас да се молам на господ месец дена, и после да не се молам во наредните недели почто имам други планови?! Причината за ова е нормално, а тоа е да случајно ако не се молиш еднашка неделно ќе заборавиш на него.. )
11 Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и си што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден. ( Преку нашите астролошки опсервации и преку научните лабаратории може да се врши набљудување на веке започнатиот процес на правење планети и водата во нив. А воедно тој процес трае со милиони години а не 6 дена )
12 Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, за да ти се продолжат дните на земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог. ( Каква психологија пази молим те... Спој на Фамилија и живот на земјата а измеѓу како најзначаен фактор кој ти помага да го осознаеч тоа е тој, Господ... Воедно тука ке напоменам дека господ нели збори за задгробен живот..зошто да те држи подолго на земјата кога мање-више продолзжуваш ти и понатаму откога ке умреш? )
13 Не ќе убиваш!
14 Не ќе прељубодејствуваш!
15 Не ќе крадеш!
16 Не ќе сведочиш лажно против твојот ближен!
17 Не ќе го посакуваш домот на твојот ближен! Не ќе ги посакуваш: жената на твојот ближен, ни неговиот слуга, ниту неговата слугинка, ни неговиот вол, ниту неговото осле, ни што и да е што му припаѓа на твојот ближен!” ( како збир на 13,14,15,16 и 17 ќе кажам дека се сосема позитивни работи кои човекот со здрава свест и без ниски вредности воопшто и нема да ги направи, значи во краен случај пак зависи од свеста на човекот а не од наредбата на некој бог )