Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.585
ова де згрешив измени. ПОЗДРАВ
Ахам...
А што ми згрешило на Бог,да речеме,некое бебе од Африка,кое уште од рагање е осудено да изгладне до смрт?
Зошто Бог му одредува таква судбина?
Тоа сакам да ти го кажам.Бог не одредува таква судбина!!! Кај Бог нема одредување судбина!!!
Пак се навраќаме на тоа дека луѓето си го прават своето...
Луѓето се криви за тоа дете кое ќе огладне таму во Африка... Зашто?!
Кажи ми, на кој му е грижа денес за тој другиот до нас дали страда, дали има или нема за јадење и за други работи?! а?!
Еееее, за тоа јас зборам, дека луѓето си го праат лошото на своја глава... Да се грижевме еден за друг повеќе немаше да дојде до глад и такви работи!!!
Кажи ми, ете, има и циганчиња на улица кои умираат за ронка леб, па ги гледа некој, им помага?! Се грижи некој за нив?! Толку сме хумани, што дури кога ќе ги погледнеме се гадиме од нив... неразмислувајки оти може ние да сме такви во иднина...
Значи луѓето си го праат тоа на своја глава!!!
Сеа ќе ми кажеш има такви луѓе кои што помагаат. Да, има, но кажи ми колкумина се?!
Од мене толку за денес, се читаме утре! Имајте прекрасен остаток од денот
Јас сум го прифатил Бога за мој личен СПАСИТЕЛ, и ТОЈ мене ми го смени мојот живот, ми даде благодат и многу благослови, сторил големи работи за мене, се' што ми се чинело оти е невозможно за мене, за Бога е ВОЗМОЖНО!!!
Зашто бараш од Бога зли работи?! Бога не дава зли работи, туку човекот, човекот ги ствара тие војни, бомби и незнам што уште не!!! Барај од Бога да ти го смени животот, така само ќе дознаеш дека Тој, Севишниот постои!!!
А, Apokalipto Исус и Бог се едно исто тело, значи Исус е Бог, а Бог е Бог. Ако навлезеш подлабоко во Светото Тројство, ќе осознаеш дека Бог, Синот (Исус Христос) и Светиот Дух се едно тело!!!
Милиони луге го прифатиле како личен спасител,па сеуште гладуваат.
Каде е Бог за нив?
Каде е Бог за некои малечки деца,кои си ги оставаат животите,копајки дијаманти,за некој друг да се богати на нивна сметка?
Каде беше Бог,кога милиони Евреи умирале во концентрациони логори?
Па нели Евреите се негов народ?
Секојдневно лугето бараат од Бог мир,срека,здравје....колку од нив го добиваат тоа/
ха ха ти фрли го првиот камен[/b]
А колку луѓето ги исполнуваат 10-те божји заповеди и ги почитуваат?
колку заслужиле за тоа?
ха ха ти фрли го првиот камен
И јас !!!! и секој нормален (барем кој води нормален живот).кога реков луѓето во тоа се вбројувам и јас! Никој не е безгрешен сите правиме грешки прекршувајќи ги неговите правила така поради тоа не може да ни биде се розево и супер во животот! Тоа е!:smir: а ТОЈ сепак ни опростува!
Зборот ми беше дека луѓето го прават она лошото, за кое ние го обвинуваме Бога! Тоа сосема е неточно, зашто Бога го обвинуваш кога Тој тоа не ти го направил?!Тоа сакам да ти го кажам.
Лугето прават се.
Не постои некоја виша сила која ги прави работите и настаните.
Постои само енергија која е движена од текот на настаните,а кога не би постоеле настани,би се движела рамномерно,праволиниски,според општиот закон на физиката.
Свати едно,лугето ги прават злите работи,лугето и ги поправаат.
Ако некој им помогне на циганчињата што ги спомна,тоа ке бидат други луге,хумани луге.Бог нема да игра никаква улога во тоа.
Ти си го средил својот живот.Тоа е единствено заслуга на тебе и на твојата интелигенција.Зошто му ја придаваш на нешто имагинарно,за кое,секоја хипотеза која го подржува неговото постоење,виси на конец?
Сами си ја моделираме судбината,а не Бог.Имаме една малечка планета,па би требало да живееме во симбиоза со неа.Со природата.Тоа е вистинскиот Бог.
1.Не постои совршенствоЗборот ми беше дека луѓето го прават она лошото, за кое ние го обвинуваме Бога! Тоа сосема е неточно, зашто Бога го обвинуваш кога Тој тоа не ти го направил?!
И едно да расчистиме, Бог не одговара за твоите постапки!!! Туку ТИ одговараш за нив!!!
Ти (зборам глобално, читај луѓето) го правиш она лошото во светот, зашто?! зашто ти не си совршен! На земјава нема совршено суштество!!! Земи го тоа во предвид!!!
А, Бог, Бог е совршениот... ако не е така, те молам најди му барем една грешка каде што Тој згрешил, можеш?!
Има Бог кој го создал светов, кој те создал тебе, кој го држи целиот свет!!! Тоа што науката го кажува, сето тоа само мене ми изгледа барем дека наоѓа начин да го прикрие она вистинското, да го прикрие БОГА!!!
Сфати човек, нема СУДБИНА, судбината не постои, тоа е само еден израз кој народот го наушил и често го спомнува!!!
Се' е во Бога, истражувај го подлабоко и ќе видиш дека за секое твое прашање Бог има одговор!!!
Не го игнорирај Бога, Тој те создал тебе, зарем така треба да му вратиш?!
Добра ноќ на сите, се читаме утре... одам да полнам батерии, па утре пак на трошење хехехе :smir:
Не со согласувам со БоЖиЦа. Единствениот и вистински Бог не е променлива категорија. Тоа Господ и самиот го наведува на крајот од Стариот Завет, каде вели “...јас не сум се променил..„. Она во што веруваат другите вероисповести, тоа се, јристијански кажано, ИДОЛИ, кои втората Божја заповест јасно ги забранува. Другите богови се само обична фантазма од оној или оние кои го имаат СОЗДАДЕНО својот бог, а вистинска претстава за ВИСТИНСКИОТ Бог, Кој самиот им се открива на верните во мера во која ТОЈ смета дека треба да им се открие. А што се однесува до Божјото постоење, и тоа може да се докаже, но за верниците е повеќе од доволно да ВЕРУВААТ во вистинскиот Бог, а не да го докажуваат Неговото посотење.
Добро ако е Исус самиот Бог зошто на крај тој го завршува со зботовите:„Господе прости ИМ тие не знаат што прават"Има СВЕТА ТРОИЦА. Да, начелно е точно: Отец, СИн и Свет Дух. А кој е Христос? Па тоа е Синот Божји, кој се овоплотува во ЧОВЕКОТ Исус, роден од девојка, преку осенувањето од Светиот Дух. Значи, не по природен, биолошки пат, како е тоа случај кај човечкиот род, туку преку надприроден. Синот Божји, кој како битите е Дух, има само еден начин да дојде во овој, материјален свет, и да биде ВИДЕН и ПРИФАТЕН од родот човечки, а тоа е она кое веќе го напишав: воплотувањето во Исуса Христа. А за тоа дека дојде да ги откупи гревовите-тоа е повеќе од сигурно, иако има уште “материјал“ да се додаде за Неговото прво пришествие.Значи, Христос, колку е Бог, толку е и Човек па затоа и велиме дека “Бог стана Човек, за да може Човекот да стане Бог“. Бог по благодат, разбира се, а не по природа.