21.12.2012 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Зошто се крева толку големе прашина со она што ќе се случи во 2012 год? За каква катаклизма зборувате? Тоа не го знаат ни ангелите но само небесниот отец. Едно е точно според преданијата и евангелието ќе има многу природни катастрофи 1/3 од луѓето ќе загинат токму во тие природни катастрофи, 1/3 во војни, а останатите во големи страданија и маки, за катаклизми се усте е рано. Пак ќе се повикам на евангелието најнапред треба да биде светцка војна, потоа да дојдат Св.пророк Илија и Енокс и да пострадаат на замјата потоа ќе се зацари проклетиот антихрист па после триипол години да настане катаклизма но кога ќе биде тоа како што реков никој не го знае само Отецот небесен.... Не се вознимирувајте толку окол у сето ова.
Аман бе ти секој пост ти е Господ,Отец и сл.И кој те лажеше со овие бабини деветини?

п.с.Енокс?!Кој е тој???
 
V

vlako088

Гостин

А што Ви пречи тао на Вас?!!! Прочитајтего внимателно Светото Евангелије и апокалитсата на Св. Јован Богослов па ќе ви стане јасно. И не се никакви бабини деветини тао е вистината.
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
А што Ви пречи тао на Вас?!!! Прочитајтего внимателно Светото Евангелије и апокалитсата на Св. Јован Богослов па ќе ви стане јасно. И не се никакви бабини деветини тао е вистината.
Го имам прочитано Откровението.Од кај си сигурен дека е вистина тоа ќе зацарел Антихрист па ќе имало катаклизма?Што е Антихрист според тебе?
 
V

vlako088

Гостин
Го имам прочитано Откровението.Од кај си сигурен дека е вистина тоа ќе зацарел Антихрист па ќе имало катаклизма?Што е Антихрист според тебе?[/QUOTE

Според ова што го пишувате сте го прочитале површно но не сте го разбрале, ако сето ова го сметате за бабини деветини зошто тогаш ме прашувате мене???
Сепак кратко ќе Ви одговорам, не дај Боже да го дочекаме ниту ние ниту нашите поколенија зацарувањето на антихристот т.е. ѓаволот да му тресни името кој на почетокот ќе се јавува како голем добротвор за да ги излаже ако е можно и изабраните а потоа вистински пакосник.
Од мене толку, не сме на иста линија и од тука не би коментирал со вас повеќе на оваа тема.

Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
А што Ви пречи тао на Вас?!!! Прочитајтего внимателно Светото Евангелије и апокалитсата на Св. Јован Богослов па ќе ви стане јасно. И не се никакви бабини деветини тао е вистината.
Ако е вистина немало да биде откровение.
Сите откровенија се можни вистини(веројатности).
Животот ти е веројатност(судбина) се до моментот кога ќе сватиш дека е тоа така.
Од тогаш натака ти си бог(со мало б :)), ти ги кроиш хороскопите и откровенијата.
 
V

vlako088

Гостин
Го имам прочитано Откровението.Од кај си сигурен дека е вистина тоа ќе зацарел Антихрист па ќе имало катаклизма?Што е Антихрист според тебе?

Според ова што го пишувате сте го прочитале површно но не сте го разбрале, ако сето ова го сметате за бабини деветини зошто тогаш ме прашувате мене???
Сепак кратко ќе Ви одговорам, не дај Боже да го дочекаме ниту ние ниту нашите поколенија зацарувањето на антихристот т.е. ѓаволот да му тресни името кој на почетокот ќе се јавува како голем добротвор за да ги излаже ако е можно и изабраните а потоа вистински пакосник.
Од мене толку, не сме на иста линија и од тука не би коментирал со вас повеќе на оваа тема

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Според ова што го пишувате сте го прочитале површно но не сте го разбрале, ако сето ова го сметате за бабини деветини зошто тогаш ме прашувате мене???
Сепак кратко ќе Ви одговорам, не дај Боже да го дочекаме ниту ние ниту нашите поколенија зацарувањето на антихристот т.е. ѓаволот да му тресни името кој на почетокот ќе се јавува како голем добротвор за да ги излаже ако е можно и изабраните а потоа вистински пакосник.
Од мене толку, не сме на иста линија и од тука не би коментирал со вас повеќе на оваа тема

А што е со другите религии и нивните ’’откровенија’’.Тие имаат поинакви претскажувања и антихристи,некои нити пак ниту имаат вакви апокалиптични сценарија.Дали според тебе тие се лажни (ѓаволски дела) и треба да веруваме само во Јовановото откровение и според тебе тоа е единствена и точна Вистина (Аксиом)?
 
|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.572
Поени од реакции
6.701
Значи таман кога ке барам кај ке славам нова година (2013) ке изгинеме сите... абе ај не заебавај.Оваа пропаганда ја шират веке со години и години, маите, библијата ,баба ванга и што уште не.Јас како верник сметам дека ова е голема глупост и ве уверувам дека на 21 декември ке пијам кафе во мојот омилен кафич и со мојте најблиски пријатели.А за оние што веруваат во 2012 не ми е јасно што бараат пред компјутер,, па идете на некој остров или кај било да уживате во последните 2 години.Глупости..
 
V

vlako088

Гостин
А што е со другите религии и нивните ’’откровенија’’.Тие имаат поинакви претскажувања и антихристи,некои нити пак ниту имаат вакви апокалиптични сценарија.Дали според тебе тие се лажни (ѓаволски дела) и треба да веруваме само во Јовановото откровение и според тебе тоа е единствена и точна Вистина (Аксиом)?
Веке Ви одговорив, оваа теме помеѓу нас е завршена!!! Што и да кажам Вам тоа нема да ви преставува ништо, впрочем секој си има свое мислене затоа е и форумов отворен.

--- надополнето ---

Значи таман кога ке барам кај ке славам нова година (2013) ке изгинеме сите... абе ај не заебавај.Оваа пропаганда ја шират веке со години и години, маите, библијата ,баба ванга и што уште не.Јас како верник сметам дека ова е голема глупост и ве уверувам дека на 21 декември ке пијам кафе во мојот омилен кафич и со мојте најблиски пријатели.А за оние што веруваат во 2012 не ми е јасно што бараат пред компјутер,, па идете на некој остров или кај било да уживате во последните 2 години.Глупости..
Само здравје ќе славиме и многу години, ако напишаново се однесува на мене ќе ви одговорам се повикав на библијата токму затоа што во неа никаде не ја споменува 2012 год. А и јас не веруван на таа баба Ванѓа...
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЦРНАТА 2012!

Пророштвата велат: оваа 2011 година ќе биде мирна без некои катастрофални настани, но затоа 2012 година ќе биде „спасувај се кој може“.

Иако секоја година се појавува некое ново претскажување на судниот ден, човештвото во 2011 ќе може мирно да спие, но за 2012 година Маите и семејството Тарабиќ предвидуваат катаклизма.

Заговорниците на катаклизма своето верување го темелат на верувањето на Маите, кои благодарение на доброто познавање на астрономијата создале соларен календар, чија употреба според некои верувања истекува на 21 декември 2012 година.

Според нивниот календар, на тој кобен ден ќе се случи ретка астрономска појава која се случува еднаш во 230 милиони години. Со порамнување на Сончевиот систем, линијата на Млечниот пат и на уште две галаксии, ќе настане шесто доба, кое е празно и зависи само од креаторите на новата цивилизација.

Директорот на Институтот за физика во Земун Александар Белиќ изјави за Танјуг дека проблемот со истекот на календарот на Маите е ист како и со секој друг календар кој може да се купи во продавница, а кој престанува да се употребува на 31 декември.

- Мора да се има одредена доза на ирационалност, страв и комплекс за да се зборува за катаклизма, а широките народни маси често се склони на тоа, бидејќи секоја година се појавува таа тема или се појавува некоја нова „опасност“ за човечкиот род, рече Белиќ.

Дека во 2012 година ќе настапи судниот ден најавуваат и некои толкувања од пророштвото на Милош и Митар Тарабиќ од Кремна, село во подножјето на Тара, кои зборуваат дека поради човековото напуштање на Господ, лажен Христос ќе се симне на Земјата и ќе донесе пекол.

Научниците најчесто не сакаат да зборуваат за ирационални теории како што се голема летечка риба од вселената која ја голта Земјата или истекувањето на календарот на Маите, но од сите можни сценарија, најреално им звучи тоа кое предвидува судир на некој голем астероид со Земјата или избувнување на Трета светска војна.

Во идните сто години нема опасност од судир со вселенски тела, но проблем се хаотичното и променливо патување на небеските тела кои не дозволуваат сигурни и далечни предвидувања, рече директорот на Астрономската опсерваторија во Белград Зоран Кнежевиќ.

- Се проценува дека има околу илјада објекти поголеми од километар кои се приближуваат на Земјата. До сега се откриени 800, но постојат и такви кои не се откриени и постои сомневање дека меѓу преостанатите 200 се наоѓа и опасен астероид, објаснува Кнежевиќ.

Тој претпоставува дека до сличен удар дошло пред 65 милиони години кога астероид во пречник со големина од 10 километри удрил во подрачјето на денешниот Мексикански Залив, формирал кратер од 180 километри и уништил 70 отсто од живиот свет на Земјата.

- Благодарение на тоа цицачите го пополниле биолошкиот вид кој исчезнал, бидејќи диносаурусите владееле со земјата 300 милиони години. Се верува дека таа појава е причина за настанокот на човекот, но ако во иднина дојде до слична појава, луѓето би ја доживеале судбината на диносаурусите, рече Кнежевиќ.

Според него, постојат разни шпекулации што довело до изумирање на диносаурусите и останатиот животински свет, но сите се согласни дека причината за изумирање на тој вид е удар од астероид.

- Земјата има пречник од 12.000 километри, но поради големата брзина со која астероидите влегуваат во атмосферата се ослободува огромно количество на енергија, која повеќе пати го надминува вкупниот нуклеарен потенцијал на Земјата. Кога сите атомски бомби би експлодирале во ист момент, таа енергија не би била ни приближно иста со енергијата која би ја ослободил астероид со поголем пречник при судар со планетата, објаснува Кнежевиќ.

При судир на голем астероид со Земјата, ударниот бран се шири и создава кратер, а целиот материјал од тлото и распаднатиот проектил се дига во атмосферата и прави густ непроѕирен облак од прашина околу целата земја, изјави астрофизичарот и предавач во Астрономското друштво „Руѓер Бошковиќ“, Александар Оташевиќ.

- Тие честички бавно се разградуваат и талогот може да стои стотици, па и илјада години, што го намалува количеството на сончевата енергија и настанува ледено доба, кое верижно доведува до изумирање на видовите, рече Оташевиќ.

Според него, тела со големина од 10 километри удираат еднаш во 100 милиони години, а следниот удар би требало да се случи за 30-40 милиони години.

- Во овој момент човечкиот род нема технолошки можности да спречи сличен удар, но среќа е што тие удари се ретки. Досега не е забележано тело со големина од 10 километри, а од регистрираните астероиди најопасни се астероидите од групите Амор, Аполо и Атен, бидејќи нивното патување го пресекуваат движењето на Земјата, рече Оташевиќ.

Мишел Де Нотр Дам (1503-1566), алијас Нострадамус прв ја предвидел вселенската појава која ќе доведе до промена на магнетниот поларитет на Земјата, а како последица од тоа ќе настанат многу природни катастрофи, ерупција на сите вулкани на Земјата, како и појава на цунами, торнада и земјотреси.

Со промената на половите Земјината топка ќе застане, а потоа ќе почне да се врти на другата страна околу својата оска, а поради тоа Сонцето ќе изгрева на запад, а ќе заоѓа на исток, предвидувал Нострадамус.

Од пророштвата кои предвидувале катастрофи од светски размери го издвојуваме пророштвото на познатата исцелителка Вангелија Гуштерова (1911-1996), позната како Баба Ванѓа, која предвидела настани се до 3793 година, вклучувајќи и Трета светска војна.

Според Баба Ванѓа, обичен вооружен судир во оваа година, треба да прерасне во нуклеарна-хемиска војна, а последиците од војната ќе доведат до изумирање на животинските и растителните видови на северната полутопка до 2014 година.

Белиот маг Лав Гершман пред две години рече дека Третата светска војна веќе е почната и дека тоа е војна на пари, технологии и идеологии.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЦРНАТА 2012!

Пророштвата велат: оваа 2011 година ќе биде мирна без некои катастрофални настани, но затоа 2012 година ќе биде „спасувај се кој може“.

Иако секоја година се појавува некое ново претскажување на судниот ден, човештвото во 2011 ќе може мирно да спие, но за 2012 година Маите и семејството Тарабиќ предвидуваат катаклизма.

Заговорниците на катаклизма своето верување го темелат на верувањето на Маите, кои благодарение на доброто познавање на астрономијата создале соларен календар, чија употреба според некои верувања истекува на 21 декември 2012 година.

Според нивниот календар, на тој кобен ден ќе се случи ретка астрономска појава која се случува еднаш во 230 милиони години. Со порамнување на Сончевиот систем, линијата на Млечниот пат и на уште две галаксии, ќе настане шесто доба, кое е празно и зависи само од креаторите на новата цивилизација.

Директорот на Институтот за физика во Земун Александар Белиќ изјави за Танјуг дека проблемот со истекот на календарот на Маите е ист како и со секој друг календар кој може да се купи во продавница, а кој престанува да се употребува на 31 декември.

- Мора да се има одредена доза на ирационалност, страв и комплекс за да се зборува за катаклизма, а широките народни маси често се склони на тоа, бидејќи секоја година се појавува таа тема или се појавува некоја нова „опасност“ за човечкиот род, рече Белиќ.

Дека во 2012 година ќе настапи судниот ден најавуваат и некои толкувања од пророштвото на Милош и Митар Тарабиќ од Кремна, село во подножјето на Тара, кои зборуваат дека поради човековото напуштање на Господ, лажен Христос ќе се симне на Земјата и ќе донесе пекол.

Научниците најчесто не сакаат да зборуваат за ирационални теории како што се голема летечка риба од вселената која ја голта Земјата или истекувањето на календарот на Маите, но од сите можни сценарија, најреално им звучи тоа кое предвидува судир на некој голем астероид со Земјата или избувнување на Трета светска војна.

Во идните сто години нема опасност од судир со вселенски тела, но проблем се хаотичното и променливо патување на небеските тела кои не дозволуваат сигурни и далечни предвидувања, рече директорот на Астрономската опсерваторија во Белград Зоран Кнежевиќ.

- Се проценува дека има околу илјада објекти поголеми од километар кои се приближуваат на Земјата. До сега се откриени 800, но постојат и такви кои не се откриени и постои сомневање дека меѓу преостанатите 200 се наоѓа и опасен астероид, објаснува Кнежевиќ.

Тој претпоставува дека до сличен удар дошло пред 65 милиони години кога астероид во пречник со големина од 10 километри удрил во подрачјето на денешниот Мексикански Залив, формирал кратер од 180 километри и уништил 70 отсто од живиот свет на Земјата.

- Благодарение на тоа цицачите го пополниле биолошкиот вид кој исчезнал, бидејќи диносаурусите владееле со земјата 300 милиони години. Се верува дека таа појава е причина за настанокот на човекот, но ако во иднина дојде до слична појава, луѓето би ја доживеале судбината на диносаурусите, рече Кнежевиќ.

Според него, постојат разни шпекулации што довело до изумирање на диносаурусите и останатиот животински свет, но сите се согласни дека причината за изумирање на тој вид е удар од астероид.

- Земјата има пречник од 12.000 километри, но поради големата брзина со која астероидите влегуваат во атмосферата се ослободува огромно количество на енергија, која повеќе пати го надминува вкупниот нуклеарен потенцијал на Земјата. Кога сите атомски бомби би експлодирале во ист момент, таа енергија не би била ни приближно иста со енергијата која би ја ослободил астероид со поголем пречник при судар со планетата, објаснува Кнежевиќ.

При судир на голем астероид со Земјата, ударниот бран се шири и создава кратер, а целиот материјал од тлото и распаднатиот проектил се дига во атмосферата и прави густ непроѕирен облак од прашина околу целата земја, изјави астрофизичарот и предавач во Астрономското друштво „Руѓер Бошковиќ“, Александар Оташевиќ.

- Тие честички бавно се разградуваат и талогот може да стои стотици, па и илјада години, што го намалува количеството на сончевата енергија и настанува ледено доба, кое верижно доведува до изумирање на видовите, рече Оташевиќ.

Според него, тела со големина од 10 километри удираат еднаш во 100 милиони години, а следниот удар би требало да се случи за 30-40 милиони години.

- Во овој момент човечкиот род нема технолошки можности да спречи сличен удар, но среќа е што тие удари се ретки. Досега не е забележано тело со големина од 10 километри, а од регистрираните астероиди најопасни се астероидите од групите Амор, Аполо и Атен, бидејќи нивното патување го пресекуваат движењето на Земјата, рече Оташевиќ.
Србите врска си немаат од наука, подобро да си ископирал текст од некој светски научник отколку од некои си „познати“ српски „научници“. Во 2012 ништо нема да се случи освен можноста за соларна бура што има големи шанси да ја прекине телекомуникацијата.
 
T

Tetro

What? Кај прочита такво нешто?
 
T

Tetro

Гостин
Има на форумов во темите од мистерија а и на некои портали имаа објавено (Идивиди, Интересно, ЗаЗабава итн.).
еве најдов: http://365.com.mk/statii/46-nauka/6379-vo-2012-zemjata-kje-bide-pogodena-od-masivna-solarna-bura-video
Се тоа убаво. Само не знам како и на кој начин "ако има" соларна бура, како таа би влијаела на телекомуникациите? Претпоставки се се тоа, кои водат кон нечија контрола, да веруваме во "нешто што доаѓа". Или јас сум тежок за убедување по вакви прашања. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom